Јуми Накаџима (јапонски: 中島由美, Yumi Nakajima) е познат македонист и дијалектолог. Професор по славистика и македонски јазик во Државниот Универзитет во Токио.http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=850&ArticleID=56404 Јуми е дијалектолог и професор по славистика. На специјализација била во Нови Сад како стипендист од Јапонија. Студирала во Скопје, македонски јазик и литература и упатена и раководена од професор Видоески. Јуми Накаџима учествувала на повеќе семинари за славистика. Таа со проучување на македонскиот јазик се занимава веќе 25 годиниИнтервју со Накаџима во Време.

Јуми Накаџима има издадено мал разговорник на македонски јазик а во подготовка е и речник и проширување на македонскиот разговорник. Исто така, Јуми досега има издадено и преводи на делата на Кочо Рацин, Блаже Конески и на браќата Миладиновци, објавени на јапонски јазик.

Цитати

„Македонскиот јазик е интересен особено поради примесите од народниот говор. Иако македонскиот литературен јазик е релативно нов, Македонија има богата народна култура, која е многу богата и интересна“.

Наводи

Надворешни врски Интервју со Јуми Накаџима „Духовен воин“ за Јуми Накаџима за афирмација на македонскиот јазик и култура во Јапонија

Категорија:Јапонски македонисти Категорија:Јапонски слависти Категорија:Јапонци