Инари (, севернолапонски Anárjávri, инарсколапонски Aanaarjävri, сколтсколапонски Aanarjäuˊrr, , новешки Enaresjøen) е трето по големина езеро во Финска. Сместено е во северниот дел на провинцијата Лапонија, северно од Северниот Поларник. Езерото е на околу 117–119 метри над морското ниво. Во зимскиотпериод е замрзнато од ноември па до почетокот на јуни.
Најпознат остров е Хатумасаари (Hautuumaasaari) („Остров-гробје“), кој на древните Лапонци им служел како гробишта. Езерото има вкупно 3.000 острови и е доста богато со риба.
Наводи
лево|200п|thumb|Местоположба на езерото
Категорија:Езера во Финска