Александар Белов (роден на 7 февруари 1987 година во Неготино) ― македонски пејачhttp://www.a1.com.mk/operacija-triumf/kandidati/belov.asp, познат по учеството во академијата на Операција Триумф. Тој бил главен фаворит во академијата и тоа од 13 гала вечери, тој 13 пати бил изгласан за фаворит на публиката, меѓутоа на крајот завршил на третото место. Александар Белов во февруари учествувал на македонскиот избор за песна на Евровизија.
Животопис Завршил основно музичко училиште, отсек виолина. Неговото образование го продолжил и во средното музичко училиште. Белов свири на виолина и флејта. Во 2003 година на 16 годишна возраст учествува на тинејџерскиот фестивал „Мегабит“ во Битола со песната „Солзи и тага“. Во својата тинејџерска кариера, тој има повеќе песни како што се: „Рана“, „Седумнаесет“ и др. Иако доста надарен и музикален, Александар не успевал баш најдобро во музиката па се посветувал и на други работи. Во 2008 година, тој решил да го промени сето тоа и се пријавил во шоуто Операција Триумф. Во шоуто учествувале претставници од 5 бивши југословенски земји (сите освен Словенија) и еден од нив бил Александар.
Операција Триумф
Александар се пријавил во Операција Триумф и на негова среќа тој бил еден од избраните кандидати. Тој успеал да влезе во потесниот круг од 16 кандидати на нултата гала вечер, а за тоа доста му помага и неговата брилијантна изведба со Каролина Гочева хитот се „Се лажам себе“. Во следните гали тој исто така има голема чест и пее со доста големи музички имиња од Балканот. Тој успеал многу брзо да го грабне срцето на публиката, а доказ за тоа е тоа што од 13 гали, публиката го избра Александар 13 пати за миленик. Меѓутоа на крајот тој не победил, а завршил на третото место. Можеби една од причините за непобедување е скандалот којшто го направила хрватската Нова ТВ. Имено, на рекламата за гласањето за финалистите на Операција Триумф, наместо бројот на Александар е ставен бројот на Црногорката Нина Петковиќ, со што гласовите дадени за Александар оделе за Нина.
Настапи на Операција Триумф Гала Изведувач/и Песна Датум Вистински изведувачГала 1Александар Белов и Каролина ГочеваСе лажам себе29 септември 2008Каролина ГочеваГала 2Александар Белов и Милица МајсторовиќЧија си6 октомври 2008Тоше ПроескиГала 3Александар Белов и Аднан БабајиќТако ти је мала моја кад љуби Босанац13 октомври 2008Бијело дугмеГала 4Александар Белов и Жељко СамарџиќЉубавник20 октомври 2008Жељко СамарџиќГала 5Александар Белов и Борис НовковиќТамара27 октомври 2008Борис НовковиќГала 6Александар Белов и Марина ПеразиќВоли ме још ову ноќ3 ноември 2008Денис и ДенисГала 7Александар Белов и Дадо ТопиќМакедонија10 ноември 2008Дадо ТопиќГала 8Александар БеловПјесмо моја17 ноември 2008Здравко ЧолиќGala 9Александар БеловVertigo24 ноември 2008U2Gala 10Александар Белов и Емина ЈаховиќЈош ти се надам8 декември 2008Емина ЈаховиќГала 11Александар Белов и Аднан БабајиќИма нека тајна веза15 декември 2008Бијело дугмеГала 11Александар БеловТајно моја15 декември 2008Тоше ПроескиГала 12Александар Белов и Нина ПетковиќЏули/Karma Chameleon22 декември 2008Боговиќ/Culture ClubГала 12Александар Белов и Горан КаранОстани22 декември 2008Горан КаранГала 13Александар Белов и Аднан БабајиќСкопје29 декември 2008Леб и солГала 13Александар Белов и Сакис РувасShake it29 декември 2008Сакис РувасГала 14Александар БеловТи си ми у крви4 јануари 2009Здравко ЧолиќГала 14Александар Белов и ЈУ ГрупаКао Морнар4 јануари 2009ЈУ ГрупаГала 15Александар БеловКрасива5 јануари 2009Здравко ЧолиќГала 15Александар БеловТамара5 јануари 2009Борис Новковиќ
Избор на песна за Евровизија 2009 После крајот на Операција Триумф, се разбира не е крајот туку почетокот на кариерата на Александар. Тој се пријави на македонскиот избор за песна на Евровизија. Тој во февруари настапи со песната „Застани, солзи избриши“ чиј автор е Григор Копров. Александар заврши на осмото место.
Избор на песна за Евровизија 2010 После кратка пауза Александар се појавува повторно на музичката сцена и учествува на Македонскиот избор за песна на Евровизија. Тој настапил со песната „Остани“ чиј автор е Симон Трпчески. Александар завршил на третото место.
Ексклузивец на План Б продукција На 31 март 2010 Александар Белов официјално стана дел од План Б продукција. Својата работа, План Б продукција и Александар Белов, ја крунисале со промовирање на неговата најнова песна, со наслов "Една". Видео записот на песната, под режисерска палка на Дарио Јанковиќ, бил снимен на повеќе локации во Битола. Спотот бил премиерно и ексклузивно прикажан на Сител Телевизија во естрадниот магазин Бекстејџ. Песната станала огромен хит на сите радио и ТВ станици во Македонија. Поради големиот успех, после еден месец, била објавена екс-ју верзија на песната "Једна" за балканските земји.
Песни 2008: „Те барам пак“ (Песна снимено пред почетокот на Операција Триумф) 2008: „Замисли“ (Песна снимено пред почетокот на Операција Триумф) 2009: „Застани, солзи избриши“ 2009: „Звездо сјајна“ 2009: „Нема подобро нешто“ 2009: „Последња мисао моја“ 2010: „Остани“ 2010: „Една“ 2010: „Једна“ 2010: „Добар дан“ 2010: „Мојот ангел“ (Охрид-фест 2010) 2010: „Бум“ (Макфест 2010) 2010: „Оган под ѕвездите“ 2011: „Далеко“
Надворешни врски меѓународен обожавателски клуб и форум на Александар Белов
Наводи
Категорија:Луѓе од Неготино Категорија:Македонски поп-пејачи