Маслинките (науч. Oleaceae) се фамилија на растенија со 24 рецентни родови и околу 600 видови на мезофитни грмушки, дрвја и ретко трнови.

Опис Листови

Фамилијата се одликува со наспрамни листови кои може да се прости или сложени (или пинатни или тернатни), без прилисници. Најизменичниот (спирален) распоред на листовите е редок, но највоочлив е кај јасминот (Jasminum sp.). Лиската е со пинатна венација и може да е рассечена или со целокрајни рабови. Кај одредени таксони се среќаваат домации, односно комори во кои се заробуваат различни членконоги. Листовите може двегодишни или зимзелени, при што зимзелените видови се најчести во топлите умерени и тропски региони, додека видовите со двегодишни листови се предоминантни во поладните региони.

Цветови

Цветовите се најчесто хермафродитни и актиноморфни, заземаат форма на метличка или грозд, и обично се фрагрантни. Чашката може, но и не мора да е присутна, додека венчето е синсепално и четириделно. Андрецеумот има два прашника вметнати во перигинската зона и алтернираат со деловите на венчето.

Во Македонија Од фамилијата Oleaceae како култивирани растенија на територијата на Македонија, најчесто како парковски украсни растенија се одгледуваат Jasminum nudiflorum, Jasminum officinale, Forsythia europaea, Forsythia suspensa, различни видови од родот Ligustrum за жива ограда, и други.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 24 издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Во јужните делови на Македонија: јужно од Демир Капија, Гевгелија, околината на Дојран, особено во последно време, се одгледува култивирана маслинка (Olea europaea). За нејзиното одгледување на посочените локалитети постојат и постари податоци од 1923 и 1928 година.

Наводи

Категорија:Усноцветовидни