Прашања за современата шаховска теорија е шаховска книга, дело на советскиот шахист, шаховски автор и теоретичар Исак Липницки. Книгата е напишна во 1956, а во неа е содржано објазнување на многу елементи од отворањето и нивното поврзување со средишницата од играта преку анализа на корисни партии одиграни во периодот до првата половина на 20. век. Книгата е напишана на руски јазик.

За делото, самиот автор запишал:

Содржина Делото „Прашања за современата шаховска теорија“ е одличен пример за проучувањње на спојот пимеѓу отворањето и средишницата во шаховската игра. Авторот особено обрнал вниомание на центарот и крилата како протоци за развојот на играта и остварувањето на плановите на противниците за стекнување на иницијативата. Објаснета е и мобилизацијата на фигурите во отворањето, како и оценката на позициите и примената на новини во играта.

Делото е поделено на 2 дела и 3 глави:

Првиот дел е насловен Некои проблеми во теоријата на отворањето и средишницата, и во него подетално е објаснето значењето на цемнтарот и крилата и нивната меѓусебна поврзаност како основни компоненти на развојот на плановите на противниците. Преку поучни партии. авторот на одличен начин го извлекува и значењето на мобилизацијата на фигурите, преземањето на иницијативата, како и примената на новини аз време на партијата.

Во вториот дел, Рагозинова одбрана, дадено е кратко објаснување на Нимцовичовата одбрана и неколку варијанти кои може да настанат од ова отворање.

Првата глава, која е насловена Основни стратешки и позициони идеи на одбраната претставува дополување на објаснувањата дадено во првиот дел, додека втората и третата глава се претставени преку аналчиза на системи на отворања и поучни партии одиграни помеѓу најдобрите шахисти кон крајот на 19. и првата половина на 20. век.

Стил на пишување Делото „Прашања за современата шаховска теорија“ содржи невообичаена, но многу корисна поделба, на теоретското воопштување со анализата на системи и партии. Сите анализи и комантари се поткрепени со шаховски дијаграми, кои го олснуваат разбирањето и нудат поголема прегледност во предметот на анализирање

Надвиорешни врски Мрежно место на кое книгата може да се подигне во DJVU формат

Категорија:Шаховски книги Категорија:Шахот во 1956 година Категорија:Книги од 1956 година