Настани 1880 — започнала Првата бурска војна, која траела две години. 1881 — започнала Махдиската војна во Судан. 1882 — Британците го окупирале Египет. 1882 — Кнежевството Србија , благодарение на поддршката на Австроунгарија била подигната на ранг на кралство и станала Кралство Србија, а Милан Обреновиќ станал нејзин прв нововековен крал. 1883. — експлодирал Кракатау, вулкан во Индонезија, притоа усмртувајќи 36.000 лица, повеќето жители на околните острови кои настрадале од цунамито, кое го покренала ерупцијата. 1883 — на власт во Хрватска дошол банот Куен Хедервари, кој спроведувал политика на унгаризација. 1884 — на Берлинската конференција била договорена колонијална поделба на Африка. 1884 — започнала Кинеско-француската војна која довела до формирање на Француска Индокина. 1884 — во Франција биле легализирани синдикатите. 1884 — Гриничкиот меридијан бил востановен како универзален, нулти меридијан, од кој се сметаат географските должини и часовните појаси на Земјата. 1885 — започнала Српско-бугарската војна. 1886 — основан Скореновац. 1886 — основан Јоханесбург. 1886 — Руско-черкеската војна завршила со пораз и протерување на многу Черкези. 1888 — во Бразил било укинато ропството. 1888 — Србија добила нов устав. 1889 — срушено Бразилското Царство и била прогрласена Република Бразил. 1889 — завршила Махдиската војна во Судан.
Личности
...
Откритија
...
Категорија:19 век Категорија:1880-ти