Исус (арамејски: ישוע Јешуа; 7–2 година пред новaта ера до 26–36 од новата ера)Историчари кои ги сметаат овие години за години на раѓањето и смртта на Исус се: D. A. Carson, Douglas J. Moo и Leon Morris. An Introduction to the New Testament. Grand Rapids, MI: Zondervan Publishing House, 1992, 54, 56; Michael Grant, Jesus: An Historian's Review of the Gospels, Scribner's, 1977, стр. 71; John P. Meier, A Marginal Jew, Doubleday, 1991, изд. 1,214; E. P. Sanders, The Historical Figure of Jesus, Penguin Books, 1993, стр. 10–11, and Ben Witherington III, "Primary Sources," Christian History 17 (1998) No. 3,12–20. — пророк и учител од Назарет, кого многу Евреи го сметале за голем проповедник.Isus, Enciklopedija živih religija, Nolit, Beograd, 2004. По неговата смрт станал главна личност во христијанството, како и важна личност во другите религии. Муслиманите го сметаат за пророк, а христијаните за Месија и Син Божји, односно второто лице (ипостас) на Светото Тројство. Исто така се нарекува уште и Бог Слово (логос), кој поради спасувањето на човечкото општество од неговите гревови се „претворил“ и станал човек — Исус Христос."Enciklopedija živih religija"

Голем број од научниците од областа на историјата и богословието се согласуваат дека Исус бил Евреин од Галилеја, дека го сметале за учител и исцелител, дека бил крстен од страна на Јован Крстител и дека е распнат на крст во Ерусалим по наредба на римскиот управител Понтиј Пилат, под оптужба за клевета против Римското Царство. Главни извори околу животот на Исус се четирите Евангелија од Новиот завет од Матеј, Марко, Лука и Јован. Денес, само неколку современи научници веруваат дека сите древни списоци за животот на Исус се точни или неточни.Strobel, Lee. The Case for Christ: A Journalist's Personal Investigation of the Evidence for Jesus. Zondervan, 1998. ISBN 0-310-20930-7; Wright, N.T. The Challenge of Jesus: Rediscovering Who Jesus Was and Is. InterVarsity Press, 1999. ISBN 0-8308-2200-3; Dunn, James D.G. The Evidence for Jesus." Westminster John Knox Press, 1985. ISBN 0-664-24698-2

Христијаните веруваат дека Исус бил Месија, чие пришестие (доаѓање) е најавено во Стариот завет, кое е едно од основните гледишта околу разликите во погледот на Исус со јудаизмот. Христијаните веруваат дека Исус е Син Божји, кој дошол да го донесе спасот и помирувањето со Бога и кој воскреснал по неговото распнување. Повеќе христијански учења зборуваат дека Исус бил исцелител, правејќи големи чуда.

Во исламот, Исус (арапски: عيسى, Иса) се смета за еден од најважните божји пророци, чудотворец и Месија. Сепак, муслиманите не веруваат во Исусовото распнување и воскреснување, како и неговата божественост. Тие веруваат дека Исус не бил ниту убиен ниту пак распнат, туку дека жив воскреснал на небото. Голем број муслимани веруваат дека тој ќе се врати на земјата, заедно со Мехди, тогаш кога земјата ќе стане преполна со гревови и неправди во времето на доаѓање на исламскиот антихрист, каков што е Деџал.

Име мини|десно|150п|Јешуа Во македонскиот јазик, Исус е пренос од старогрчкото Ίησοῦς, кое е пренос на хебрејското име ישוע — на звук Јешуа. А Јешуа e скратена форма на името יְהוֹשׁוּעַ — Ј'хошуа или Јошуа, што значи Јахве, т. е. Бог спасува.

Хебрејското име Ј'хошуа или Јешуа било доста распространето. Ова име се давало во сеќавање на ученикот на Мојсеј и владетел на Земјата Израел Ј'хошуа бин Нун, кој живеел околу XV–XIV пред н.е., а кој во Библијата е именуван како Исус Навин.

Христос, од старогрчки Χριστός, всушност е титула која потекнува од хебрејскиот збор машија (מָשִׁיחַ), т. е. месија.

Месиите прво биле нарекувани „свештеници“, а зборот „месија“ започнал да се користи подоцна, во царството Израел, и тоа во односите со царот.

Соодветно на тоа, еврејските пророци сведочеле за појавувањето на цар од родот на Давид, наречен Месија, кој истовремено се јавува и како свештеник и како цар, тоа што Израел го очекува од вистинскиот цар на светот.

Хронологија мини|десно|180п|Јудеја и Галилеја во Исусово време Најдеталниот приказ околу раѓањето на Исус е даден во Евангелието по Матеј (напишано измеѓу 50 и 60 година н.е.) и Евангелието по Лука (напишано помеѓу 60 и 61 година н.е.). Научниците денес, сѐ уште расправаат околу деталите за Христовото раѓање, а некои од нив тврдат дека го знаат и точниот датум на неговото раѓање и смрт.

Евангелијата по Лука и Матеј не го споменуваат точниот датум на Исусовото раѓање и смрт. Во христијанството, неговото раѓање (Божиќ) се слави на 25 декември според грегоријанскиот календар и на 6 јануари според јулијанскиот календар. Најрани корени околу славењето на оваа дата, потекнуваат од околу 330 година. Пред тоа се славело на 6 јануари, како дел од Богојавлението, во спомен не само на неговото раѓање, туку и на денот кога тој бил покрстен од страна на Јован Крстител во реката Јордан.Erwin Fahlbusch and Geoffrey William Bromiley, The Encyclopedia of Christianity. Grand Rapids, Mich.; Leiden, Netherlands: Wm. B. Eerdmans; Brill, 1999–2003, 1,454–55 Според многу учени, Исусовото раѓање се случило на пролет или лето.Porterm J. R. Jesus Christ: The Jesus of History, the Christ of Faith. Oxford University Press, 1999. Pg. 70 ISBN 0-19-521429-3

Дионис Малиот (470 — 544) се обидел да го утврди точниот датум од неговото раѓање и дошол до заклучок дека тоа било 753 години по основањето на Рим. Како датум го одредил 25 декември 1 п.н.е., а следната година ја нарекол 1 по новата ера, со што започнал системот за мерење на времето од Исусовото раѓање. Системот бил направен во 532 година, а речиси два века подоцна бил прифатен како календар на христијанската цивилизација.

Денес, многу е тешко да се утврди точниот ден на раѓање на Исус, бидејќи од самото пишување на евангелијата поминале околу 1.900 години. Но според затемнувањето на Месечината, како што се ориентирале римските цареви, Исусовото раѓање било во 3 п.н.е.. Во Евангелието по Матеј и Евангелието по Лука се пишува за раѓањето на Исус во времето на Ирод Велики. Лука пишува дека раѓањето на Исус се случило во времето на римскиот гувернатор Квириниј. Датата на Исусовата смрт исто така не е јасна. Според Евангелието по Јован, распнувањето го поврзува пред Пасха, празник кој паѓа во петок, на четиринаесеттиот ден во месецот. Исто така, Евреите според месечево-сончевиот календар и според едно дело од Џон Маер, Исус најверојатно умрел на 7 април 30 година или на 3 април 33 година.Meier, стр. 1,402

мини|лево|175п|Светото раѓање, Ел Греко.

Животопис Раѓање и младост

Ангелот Гаврил и Марија Според Евангелието по Лука, архангел Гаврил ја посетил Марија за да ѝ пренесе дека таа е избраницата од Бог да го роди Синот Божји.Лука 1,26–38„Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!“ — Лк. 1,28Старогрчкиот глагол „харито — χαριτόω“, што тука е преведен како „благодатна“, значи „да се обдари со благодат; незаслужен дар; незаслужена благонаклонетост“. Овој термин е искористен и за сите верници во Еф. 1,6, каде што е преведен како „дарува“. Во случајот со Ев. по Лука, глаголот е партицип и е во пасивна форма (κεχαριτωμένη), што значи дека предметот (Марија) на дејствието (дарување благодат) што го врши подметот (Господ), е пасивниот примател на резултатот од тоа дејствие. Марија, како и сите други верници, е примател на божествена благодат.„Не плаши се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. Тој ќе биде голем и ќе биде наречен Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид; и ќе царува над домот Јаковов засекогаш, и царувањето Негово нема да има крај.“ — Лк. 1,30–33Кога Марија го видела ангелот, таа се вознемирила (Лк. 1,29). Во Библиските записи, кога некој ќе се соочел со божествена посета или моќно Божјо дело, стравот бил нормален и соодветен одговор (Суд. 6,22; 13,22; Мк. 16,5; Лк. 12,5; Отк. 1,17). Се чини дека Лука особено го забележувал тоа; тој често известува за стравот, што се јавува во присуство на Бога и Неговите дела (сп. Лк. 1,30,65; 2,9,10; 5,10,26; 7,16; 8,25,37,50; 9,34,45; 23,40). Старогрчкиот термин што Лука го користи за „Севишниот (хупсистос — ὕψιστος)“ е истиот оној што е употребен во Септуагинтата (старогрчкиот превод на Стариот завет) за превод на хебрејскиот термин „Севишниот (елиовн — עֶלְיוֹן)“ што се користи за Бог (1 Мој. 14,18). Со оглед на тоа што синот ги носи особините на својот татко, нарекувајќи ја личноста нечиј „син“ било начин да се означи еднаквост (Јвн. 5,18; види подолу кај насловот Имиња и титули). Овде ангелот ѝ рекол на Марија дека нејзиниот Син ќе биде еднаков на Севишниот Бог. Исус, исто така, бил Давидовиот физички потомок преку линијата на Марија, и во иднина ќе седне на Давидовиот престол, што бил симбол на месијанското царство (сп. 2 Сам. 7,13–16; Пс. 89,26–29). „Домот Јаковов“ го нагласува еврејскиот карактер на илјадагодишното царство, а зборовите „засекогаш“ и „царувањето Негово нема да има крај“ ја нагласуваат вечната трајност на Христовото владеење над сите (Иса. 9,5–7; Дан. 2,44).„Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе биде наречено Син Божји.“ — Лк. 1,35Марија разбрала дека ангелот зборува за непосредно зачнување, а таа и Јосиф сè уште биле во период на свршувачка (Мат. 1,18). Нејзиното прашање „Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“ (Лк. 1,34) било донесено од зачуденост, а не од сомнеж или неверување, па затоа ангелот не ја прекорил како што направил со Захарија (Лк. 1,20). Зачнувањето од Светиот Дух било создавачки чин, а не некаков вид на божествено-човечки односи што понекогаш се гледаат во паганската митологија.„Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неротка, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец; зашто кај Бога ниеден збор не останува невозможен.“ — Лк. 1,36–37На крајот, Марија одговорила „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ (Лк. 1,38), па ангелот си отишол. Таа била во крајно срамна и тешка положба. Свршена за Јосиф, таа се соочила со стигмата на невенчаното мајчинство. Јосиф очигледно би знаел дека детето не е негово, а таа знаела дека ќе биде обвинета за прељуба — прекршок казнив со каменување (5 Мој. 22,13–21; сп. Јвн. 8,3–5). Сепак, таа доброволно и љубезно ѝ се потчинила на волјата Божја.

Господовиот ангел и Јосиф