Џон Роналд Руел Толкин (; — ) — англиски писател, филолог, поет, универзитетски професор и книжевен критичар. Толкин е познат во светската книжевна јавност по неговите епски дела „Хобитот“, „Господарот на прстените“ и „Силмарилион“.

Толкин предавал староанглиски јазик на колеџот Сент Џон во Оксфорд и на колеџот Пембрук во Оксфорд од 1925 до 1945 година. Тој исто така предавал англиски јазик и книжевност на колеџот Мертон во Оксфорд од 1945 до 1959 година.Biography, pp. 111, 200, 266. Толкин своевремено бил близок пријател со К. С. Луис, со кој заедно членувале во книжевното друштво познато како Инклингс. На 28 март 1972 година Толкин бил одликуван со Редот на Британската Империја од страна на кралицата Елизабета II.

По смртта на Толкин, неговиот син Кристофер Толкин објавил серијал дела кои се всушност необјавени ракописи на самиот Толкин, меѓу кои и познатото дело „Силмарилион“. Овие, заедно со „Хобитот“ и „Господарот на прстените“, создаваат поврзано тело на раскази, поеми, измислени историски настани, измислени јазици и книжевни критики и есеи за измислениот свет наречен „Арда“ и „Средна земја“Раскази и настани кои се делумно засновани на нордиската митологија.. Помеѓу 1951 и 1955, Толкин го вовел поимот „Толкинов легендариум“, сеопфатен поим за најголемиот дел од овие дела.Letters, nos. 131, 153, 154, 163.

Иако голем број писатели објавиле дека од сферата на фантастиката пред времето на Толкин, големиот успех на „Хобитот“ и „Господарот на прстените“ довеле до широко распространување и популарност на епската фантастика како жанр. Така, ова довело до општото јавно мислење и поистоветување на Толкин како „татко на современата книжевна фантастика“The Oxford companion to English Literature calls him "the greatest influence within the fantasy genre. (Sixth edition, 2000, page 352. Ed. Margaret Drabble.)— или поточно епската фантастика. Во 2008 година, весникот „The Times“ го рангирал Толкин на шестото место на списокот на „50 најголеми британски автори од 1945 година“. Од друга страна пак, „Форбс“ го рангирал на 5. место од најпрофитабилни „починати познати личности“ во 2009.

Животопис Потекло

Предците на таткото на Толкин се по потекло од средната англиска класа, занаетчии, кои произведувале и продавале часовници, рачни часовници и пијана во Лондон и Бирмингем. Семејството емигрирало од Германија во 18 век.Letters, no. 165. Според семејната традиција, Толкинови пристигнале во Англија во 1756 година, како бегалци по инвазијата на Изборното Кнежевство Саксонија за време на Седумгодишната војна.Biography, pages 18–19. Неколку семејства со презиме „Толкин“ живеат во северозападна Германија, претежно во Долна Саксонија и Хамбург.

Толкин верувал дека неговото презиме потекнува од германскиот збор tollkühn, што значи „избезумен“. Како и да е, потеклото на името не е потврдено. Германски писател претпоставил дека ова презиме потекнува од германското село Толкинен во близина на Растенбург, а денес тоа село се наоѓа во Полска и се вика Толкини. Името на селото потекнува од старопрускиот јазик.

Детство

Џон Роналд Руел Толкин е роден на 3 јануари 1892 година во Блумфонтејн во Слободната држава Орање, денес покраина Фри Стејт во Јужноафриканската Република. Таткото на Толкин бил Артур Руел Толкин (1857–1896), англиски банкарски управител, а неговата мајка била Мабел Сафилд Толкин (1870–1904). Тие ја напуштиле Англија кога Артур бил унапреден како управител на канцеларијата на Британската банка во Блумфонтејн. Толкин имал еден помлад брат, Хилари Артур Руел Толкин, кој е роден на 17 февруари 1894 година.Biography, p. 14.

Како дете, Толкин бил каснат од голем пајак, една врста тарантула, во неговата градина, настан за кој многумина веруваат дека влијаел врз неговите раскази, иако тој признал дека не се сеќава на таквиот настан и немал некоја омраза кон пајаците. За време на еден друг настан, млад семеен слуга, за кој Толкин сметал дека е убаво дете, го зел бебето и го однел да посетат африкански трла, наречени крал, и го вратил детето следното утро.Biography, p. 13. Both the spider incident and the visit to a kraal are covered here.

Кога имал три години, тој заминал за Англија со неговата мајка и брат. Ова патување биле планирано како подолг престој меѓу поширокото семејство. Неговиот татко починал од ревматска треска пред да одат на патувањето.Biography, p. 24. Овој немил настан го оставило семејството без приходи, па така мајката на Толкин со децата се преселила кај нејзините родители во Кингс Хит,Biography, Ch I, "Bloemfontein". At 9 Ashfield Road, King's Heath. Бирмингем. Многу набрзо, во 1896, тие се преселиле во Сархол (денес Хол Грин), тогашно село во Вустершир, а денес предградие на Бирмингем.Biography, p. 27. Тој обожувал да ја истражува околината, особено воденицата во Сархол и мочуриштето во Морсли, како и ридовите Клент, Лики и Малверн. Овие места подоцна инспирирале сцени од неговите романи, заедно со околните населени места, како што се Бромсгроув, Алкестер и Алвчрч.Biography, p. 113.

Мабел Толкин ги учела своите деца дома. Роналд, како што бил познат во семејството, бил добар ученик.Biography, p. 29. Таа го учела ботаника и така кај него се родила желбата да биде опколен со растенија. Младиот Толкин сакал да црта пејзажи и дрвја, но неговите омилени часови биле јазиците. Неговата мајка го учела основен латински уште од мали нозе.

Толкин можел да чита на четиригодишна возраст, а течно да пишува многу набрзо. Неговата мајка му дозволила да чита голем број книги. Тој не ги сакал „Островот на богатството“ и „Пен Пајпер“ и сметал дека „Алиса во земјата на чудата“ била „забавна но вознемирувачка“. Тој сакал приказни за американските староседелци и делата на Џорџ Мекдоланд.Biography, p. 22. Дополнително на тоа, „Книгите со сказни“ на Ендру Ланг биле особено важни за него и нивното влијание врз неговите подоцнежни дела е очигледно.Biography, p. 30.

Мабел Толкин била примена во Римокатоличката црква во 1900 година, иако имало силни негодувања од нејзиното баптистичо семејство,Biography, p. 31. и со тоа престанале да ја финансираат. Во 1904 година, кога Толкин имал 12 години, неговата мајка починала поради акутен дијабетес во Реднал. Таа имала околу 34 години кога починала. Девет години по нејзината смрт, Толкин напишал „мојата мила мајка беше навистина маченик, и не на секој Бог му дарува полесен пат до неговите дарови, како што е со Хилари и со мене, давајќи ни мајка која се уби од работа и проблеми за да нѐ обезбеди да ја зачуваме вербата“.

Пред нејзината смрт, Мабел го потпишала старателството врз нејзините синови на еден близок пријател, кој прифатил да ги израсне децата како добри католици. Во писмо до неговиот син Мајкл од 1965 година, Толкин се потсетил на влијанието на овој човек кој пак Толкин секогаш го именувал како „татко Франсис“, и објаснил за добрината и вербата која Франсис ја влеал кај Толкин.Letters, no. 267.

По смртта на неговата мајка, Толкин пораснал во околината на Еџбастон во Бирмингем и учел во училиштето Кинг Едвард, а подоцна во Сент Филип. Во 1903 година, тој се стекнал со стипендија и се вратил во училиштето Кинг Едвард. Додека бил ученик таму, тој бил еден од кадетите на училиштето кои помогнале да се означи рутата за парадата за коронацијата на кралот Џорџ V.Letters, no. 306.

Младост

Првиот контакт или обид за вештачки јазик бил за време на неговите тинејџерски години кога заедно со неговите братучеди Мери и Марџори создале „животински јазик“. Во тоа време Толкин изучувал латински и старосаксонски. Нивниот интерес кон „животинскиот“ набрзо исчезнал, но Толкин и Мери создале нов посложен вештачки јазик т.н. невбош. Следниот вештачки јазик кој бил започнат од Толкин бил „нефаријански“ и овој е лично негова творба.

Во периодот околу 1909 година Толкин научил есперанто. На 10 јуни 1909 година тој ја напишал „Книгата на Фоксрук“, тетратка од шеснаесет страници, каде се појавуваат „најраните примери за измислена азбука“. See also: Book of the Foxrook Мали пасуси во книгата се напишани на есперанто. and Book of the Foxrook ; transcription on Tolkien i Esperanto ; the text begins with "PRIVATA KODO SKAŬTA" (Private Scout Code)

Во 1911 година Толкин заминал на летен одмор во Швајцарија. Ова патување убаво го опишува во едно писмо од 1968 година, забележувајќи дека патувањата на Билбо Бегинс преку Маглените Планини е директно засновано на патувањето на Толкин со група пријатели од Интерлакен до Лаутербрунен. Citing Letters, no. 306.

Истата таа година Толкин започнал школување на колеџот Ексетер во Оксфорд. Првично студирал класика, но го сменил неговиот предмет во 1913 година во англиски јазик и книжевност. Тој завршил во 1915 година со одлични резултати.

Брак

Толкин ја запознал неговата идна сопруга на негова 16-годишна возраст. Едит Мери Брет била постара три години. Тие се запознале кога Толкин и неговиот брат Хилари се преселиле во соседството на Едит. Кога Толкин наполнил 21 година, тој и напишал на Едит дека отсекогаш ја сакал и ја побарал за сопруга. Сепак, во тој момент Едит му изјавила на Толкин дека веќе таа прифатила да се омажи за одреден Џорџ Филд, брат не еден нејзин соученик. Едит, истовремено, изјавила дека таа прифатила бидејќи мислела дека е шанса „која е понудена на маса“ бидејќи претходно се двоумела дали Толкин воопшто ја сака.

На 8 јануари 1913 година, Толкин патувал со воз до Челтенхем и на платформата ја сретнал Едит. Двајцата се шетале низ околината и на крај на денот Едит ја донела својата последна одлука и се одлучила да се мажи за Толкин. Многу набрзо ја одбила понудата на Филд .Biography, pp. 67–69. По прифаќањето за брак со Толкин, Едит објавила дека го напушта Баптизмот и се посветува на католицизмот, најмногу поради инсистирањето на Толкин. Ова го растревожило целото нејзино семејство.Biography, p. 73.

Едит и Џон официјално се свршиле во јануари 1913 година во Бирмингем и се венчале во римокатоличката црква Сент Мери во Ворик на 22 март 1916 година.Biography, p. 86.

Воен период Прва светска војна

Во август 1914 година, Обединетото Кралство влегло во Првата светска војна. Првично тој не сакал и не избрал да волонтира во Британската армија, што било шок за неговото семејство. За ова во едно свое писмо испратено до Мајкл, Толкин напишал дека „во тоа време момци се приклучуваа, или беа примани јавно. Тоа е лошо место за младо момче кое има преголема фантазија и мала физичка храброст“.Letters, No. 43.

Сепак Толкин „не го издржал јавниот притисок“ и се приклучил на програмата, кога бил на списокот на волонтери но не се приклучил додека не го стекнал степенот. По завршувањето на студиите во 1915 година, тој бил назначен како привремен втор поручник во Ланкаширското мускетарство на 15 јули 1915 година.Biography, pp. 77–85.The London Gazette. 16 July 1915. p. 6968.</ref> Тој се обучувал со 13 баталјон цели 11 месеци.Tolkien and the Great War, p. 94. По нивната свадба, Толкин и сопругата се преселиле во куќа во близина на кампот. На 2 јуни 1916 година, Толкин примил телеграма со која тој се повикува да дојде во Фолкстон и да се префрли на должност во Франција. Тој со тешко срце ја прифатил оваа покана.Quoted in John Garth, Tolkien and the Great War, p. 138.

На 5 јуни 1916 година, Толкин заедно со останатите волонтери и борци се качиле на брод и се упатиле кон Кале, Франција. Како и останатите војници кои доаѓале за првпат, Толкин бил испратен до базата во Етапл на Британските истражувачки сили. На 7 јуни му било известено дека бил назначен како сигнален службеник на 11 баталјон на Ланкаширското мускетарство. Баталјонот бил дел од 74. бригада на 25. дивизија на Британската армија.