Оваа статија е за современиот народ. За раносредновековниот народ, видете Прабугари. За други намени, видете Бугари (појаснување).
Бугари () — јужнословенски народ чијшто мајчин јазик е бугарскиот. Конечното оформување на денешната бугарска нација се случува во век, а посебно значење имаат два настани: формирањето на Бугарската егзархија (1870) и Кнежевството Бугарија (1878). Голема улога во овој процес одиграла Русија, чие политичко и културно влијание биле од големо значење. Мнозинството Бугари денес живеат во Бугарија, иако постојат бугарски малцинства и имигрантски заедници во повеќе земји во светот. Нивниот број денес изнесува околу 9 милиони луѓе, од кои околу 6 милиони живеат во Бугарија.
Потекло 300px|left|thumb|Бугари празнуваат Водици. 300px|мини|лево|Слика од познати личности по потекло од Бугарија. Прв ред (од лево кон десно): Борис I, Христо Ботев, Васил Левски и Ваља Балканска. Втор ред (од лево кон десно): Васил Априлов, Христо Стамболивски, Димчо Дебељанов, Веселин Топалов. Од историска гледна точка денешните Бугари настанале со мешање на различни народи во Првото Бугарско Царство во периодот од VII до X век, од кои најважен удел имале Тракијците, старите Словени и делот од Прабугарите кои се населиле на Балканот.Ангелов Д., Образуване на българската народност, Наука и изкуство, София, 1971 г., стр. 136, 215 Во етногенезата на Бугарите има исто така келтски, римски, грчки, влашки, кумански и други елементи. Овој процес на мешање се одвивал во текот на повеќевековните историски процеси од кои бил зафатен Балканскиот Полуостров.
Од домородното тракиско население биле земени одредени културни и етнички елементи."Many Thracian survivals have been detected in the sphere of Bulgarian national costume and folk tradition." The Bulgarians: from pagan times to the Ottoman conquest, David Marshall Lang, Westview Press, 1976, ISBN 0-89158-530-3, p. 27. Тракискиот јазик сè уште се зборувал во VI век, веројатно станува изумрен потоа, но тоа што во подоцнежниот период Бугарите ги замениле долго воспоставените грчки/латински топоними со тракиски, може да сугерира дека тој не бил целосно уништен тогаш. Според археолошките докази од доцните периоди на римското владеење, Римјаните не го намалиле значително бројот на Тракијците во поголемите градови. До IV век, најголемиот град Сердика (денешна Софија) имала претежно тракиско население засновано врз епиграфски докази, што покажува преовладувачки латино-тракиски имиња, но потоа имињата биле целосно заменети со христијански.
Старите Словени се појавиле од нивната оригинална татковина на почетокот на VI век и се прошириле во поголемиот дел од источна Средна Европа, Источна Европа и Балканот, формирајќи три главни гранки: Западни Словени во источна Средна Европа, Источни Словени во Источна Европа и Јужни Словени во Југоисточна Европа (односно Балканскиот Полуостров). Повеќето научници прифаќаат дека тие започнале големо населување на Балканот во 580-тите години, врз основа на изјавата на историчарот од VI век Менандар Протектор, зборувајќи за 100.000 Словени во Тракија и последователни напади на Грција во 582 година.Fine, John Van Antwerp (1983), The Early Medieval Balkans, University of Michigan Press, , p. 31 Тие продолжиле да доаѓаат на Балканот во многу бранови, но и да заминуваат, најзначајно заминување е кога Јустинијан II (685-695) населил 30 000 Словени од Тракија во Мала Азија. Византијците ги групирале бројните словенски племиња во две групи: Склавини и Анти.Hupchick, Dennis P. The Balkans: From Constantinople to Communism. Palgrave Macmillan, 2004. ISBN 1-4039-6417-3 Некои бугарски научници сметаат дека Антите станале едни од предците на современите Бугари.
Прабугарите за првпат се споменуваат во IV век во околината на севернокавкаската степа. Научниците честопати сугерираат дека крајното потекло на Прабугарите е туркиско и тоа може да се следи до номадските конфедерации во Средна Азија, конкретно како дел од лабаво поврзани огурски племиња, кои се протегале од понтиската степа до Средна Азија. Сепак, секоја директна врска помеѓу Прабугарите и постулираните азиски колеги почива на нешто повеќе од шпекулативни и „искривени етимологии“.Reflections on the History and Historiography of the Nomad Empires of Central Eurasia. Acta Orientalia Academiae Scientiarum Hungaricae. 58 (1): 3–14. Во 670-тите години, некои прабугарски племиња предводени од ханот Аспарух, ја преминале реката Дунав и се населиле на Балканот со единствен миграциски бран, за кој Михаил Сириецот опишал дека изнесува 10.000 души. За Прабугарите честопати не се смета дека биле многубројни, станувајќи владејачка елита во областите што ги контролирале.
Генетски истражувања
По развојот на популационата генетика, во XXI век почнуваат истражувања за бугарскиот ДНК-профил. Меѓу праисториските настани наведени во набљудуваните халпогрупи, најголем е придонесот на земјоделците од неолитот. Бугарскиот генетски фонд носи исто така траги од постледникова реколонизација од различни палеолитски засолништа и експанзијата на неолитски земјоделци од Блискиот Исток. Според резултатите од анализата на Y-ДНК и мтДНК, Бугарите припаѓаат во групата на европските народи, но се наоѓаат малку настрана од главното јато. Генетски, денешните Бугари се потесно поврзани со соседните балкански народи (Македонци, Срби, Романци, Грци и Албанци), отколку со другите Европејци.Five polymorphisms of the apolipoprotein B gene in healthy Bulgarians.Department of Chemistry and Biochemistry, Medical University of Sofia, Bulgaria.PMID 12713147HLA polymorphism in Bulgarians defined by high-resolution typing methods in comparison with other populations. Според комбинирани ДНК истражуванија со различни варијанти тестови, конструирани на основа на автосомна ДНК, хаплоидна ДНК, Y-ДНК и мтДНК, кои даваат најдобра идеја за „потеклото" и „сличноста" меѓу населението, во балканскиот генетски кластер постојат неколку генетски субкластери, така во источниот спаѓаат Бугарите со Македонците и Романците. Иако Бугарите се дел од словенската група на народи, тие, како и повеќето други Јужни Словени се одликуваат со доминантен генетски супстрат кој е различен од оној на Западните и Источните Словени. Овој феномен се објаснува со јазичната асимилација на бројно домородно балканско население од средновековните словенски доселеници.Genetic Heritage of the Balto-Slavic Speaking Populations: A Synthesis of Autosomal, Mitochondrial and Y-Chromosomal Datap Alena Kushniarevich et al., September 2, 2015, Plos One, http://dx.doi.org/10.1371/journal.pone.0135820Standing at the Gateway to Europe - The Genetic Structure of Western Balkan Populations Based on Autosomal and Haploid Markers, Lejla Kovacevic et al, Plos One, August 22, 2014, http://dx.doi.org/10.1371/journal.pone.0105090Expansions: Competition and Conquest in Europe Since the Bronze Age, Reykjavíkur Akademían, 2010, ISBN 9979992212, p. 194. Според една генетска студија на бугарското население, објавена во 2025 година, словенското населување на Балканот формира 56% од нивниот ДНК профил.Sarno S, Piccini F, Abondio P, Cilli E, Kuyumdjian EM, Dimitrov NA, Dilov CD, De Fanti S, Ciani G, Gentilini D, Boattini A, Sazzini M, Pettener D, Luiselli D. The Genetic Variability of Present-Day Bulgarians Captures Ancient and Recent Ancestral Contributions. Am J Biol Anthropol. 2025 Apr;186(4):e70037. doi: 10.1002/ajpa.70037. PMID: 40202136; PMCID: PMC11980028.
Името Бугари Името Бугари останалo од Прабугарите, неговото потекло е нејасно, поради тоа за него постојат повеќе претпоставки. Една претпоставка е дека етнонимот Булгар, кој бил првобитниот назив за Прабугарите, е изведен од туркискиот збор булга кој значи меша, тресе, мрда, па оттаму и „мешан народ". Друга претпоставка e дека етнонимот е изведен од туркискиот збор булгак кој значи револт, безредие,Lebedynsky, Iaroslav. Les Nomades : Les peuples nomades de la steppe des origines aux invasions mongoles. Paris: Errance, 2003: p.178. што вообичаено се преведува како бунтовници. Според некои извори пак, етнонимот Булгар доаѓа од името на животното булга, коe веројатно било тотемот на Прабугарите.
Создавање на бугарската народност Борис I ги покрстил Бугарите во 864 година, а во 893 година старословенскиот јазик станал службен, заменувајќи го грчкиот. Покрстувањето и прифаќањето на словенскиот јазик за официјален, имале ефект на спречување на асимилацијата на Словените во византиската култура, кое го промовирало основањето на посебен бугарски идентитет.Who are the Macedonians? Hugh Poulton, C. Hurst & Co. Publishers, 2000, ISBN 1-85065-534-0, pp. 19-20.A short history of modern Bulgaria, R. J. Crampton, CUP Archive, 1987, ISBN 0521273234, p мај Тие го асимилирале византиското население, составено главно од хелинизирани и романизирани Тракијци, и други предсловенски народи.Византийците в България, Робърт Браунинг - Studia Slavico-Byzantina et Mediaevalia Europensia, vol. I, Ivan Dujčev Centre for Slavo-Byzantine Studies, Sofia, 1988, pp. 32-36. Прабугарите се претопиле и исчезнале во словенската етничка маса. Со освојувањето на Првата бугарска држава од Византија бугарската народност се лишила од држава. Но таа се стекнала со доволно внатрешна сила и одржливост, за да може да продолжи самостојното постоење и за време на речиси двовековната византиска власт дејствувала изградената „историска меморија" на Бугарите.Formation of the Bulgarian nation: its development in the Middle Ages (9th–14th c.) Academician Dimitŭr Simeonov Angelov, Summary, Sofia-Press, 1978, pp. 413–415.
Создавање на бугарската нација Со ликвидирањето на Втората бугарска држава на крајот на XIV век, Бугарија паднала под власта на Османлиското Царство. Покрај државата била ликвидирана и самостојната Бугарска патријаршија, како резултат на што дошло до големо духовно и етнорелигиозно опаѓање. За време на османлиското владеење на Балканот етноними не се користеле, населението било поделено на верски заедници: правоверни и неверници, вклучени во законски признаени религиозни општества (милети). Такви биле муслиманскиот милет и православниот — рум милет. Како дел од рум милетот, Бугарите без сомнение имале свест дека припаѓаат на посебна заедница, но таа не создавала толку силни чувства на приврзаност, каква имал рум милетот. Како резултат, народот почнал постепено да ја губи својата етничка припадност и во XVIII век бугарскиот дух останал зачуван главно во изолираните манастири.
Во султанскиот ферман, објавен во 1680 година, се наведени народностите во балканските земји на царството, а тие биле: Грците (Рум), Албанците (Арнаут), Србите (Сирф), Власите (Ефлак) и Бугарите (Булгар).История на българите. Късно средновековие и Възраждане, том 2, Георги Бакалов, TRUD Publishers, 2004, ISBN 9545284676, стр. 23. (Bg.) За прв значаен деец во преродбата на Бугарија се сметал Паисиј Хилендарски, Македонец по потекло и автор на „Историја словенобугарска", напишано во 1762 година. По Француска револуција од 1798 година, започнал пораст на национализмот во Европа, вклучително и во Османлиското Царство и почнало да распаѓања рум милетот.
Во Бугарија започнал процес на национална преродба, а првиот протест на национална основа против контролата на Цариградската патријаршија бил кренат во 1824 година. Дополнителна дејност давал почетокот на реформи познати во историографијата како епоха Танзимат и поточно програмата на султанот за промени Ѓулхански хатишериф од 1839 година, која содржела идеи за нови закони со гаранции за правата на сите поданици независно од нивната народност и вера. Како резултат на започнатите црковно-национални борби во 1861 година била признаена Бугарската унија, а во 1870 година и самостојна Бугарска егзархија и така де јуре бил признаен посебен булгар милет. Постепено, милетскиот систем се распаднал целосно во почетокот на XX век. Овој процес се совпаднал со создавањето во 1878 г. и зајакнувањето на Кнежевството Бугарија. Тој практично го формирал бугарскиот етнос и станал јадрото на новата бугарска нација.