Љубисав Иванов - Ѕинго (, — , ) — македонски стопанственик, спортски работник и политичар, претседател на Социјалистичката партија на Македонија и пратеник во Собранието на Македонија. Бил пратеник во Собранието на Македонија во сите пратенички состави, од осамостојувањето на Република Македонија до 2011 година.„Ѕинго и Тито - вечни пратеници“, Дневник

Животопис Завршил Рударско-геолошки факултет и повеќе од 40 години бил генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ - Кратово.

За претседател на СПМ, тој бил избран на Вториот конгрес на СПМ кој се одржал во јули 1995 година и бил реизбран на Третиот, Четвртиот, Петтиот и Шестиот конгрес на СПМ.„Љубисав Иванов реизбран за водач на социјалистите по третпат“

Тој бил првиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија по осамостојувањето на Македонија и на должноста бил во периодот од 1993 до 1996 година.

Наводи

Категорија:Политичари од Кратово Категорија:Луѓе од Трновац Категорија:Пратенички состав 1991-1994 Категорија:Пратенички состав 1994-1998 Категорија:Пратенички состав 1998-2002 Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Пратенички состав 2008-2011 Категорија:Пратенички состав 2011-2014 Категорија:Политичари од СПМ