Тито Петковски (роден 23 јануари 1945 во Псача, Кривопаланечко) — македонски политичар, претседател на Нова социјалдемократска партија. Пратеник е во Собранието на Република Македонија во сите пратенички состави од осамостојувањето на Република Македонија.„Ѕинго и Тито - вечни пратеници“, Дневник
Биографија Завршил Правен факултет со правосуден испит. Работел во Општинскиот суд во Крива Паланка, како правник во Републичкиот завод за урбанизам, во Извршниот совет на Собранието на Град Скопје, бил на функција во Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија - Скопје. Бил потпретседател на Македонското собрание во првиот парламентарен состав, пратеник во трите претходни парламентарни состави, а од 6 март 1996 до третите парламентарни избори во 1998 година и претседател на Собранието.
На претседателските избори 1999 година, тој бил кандидат за претседател на СДСМ и го освоил второто место зад кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Трајковски.
По долгогодишното членство во СДСМ, на 30 ноември 2005 година, Тито Петковски ја основал Нова социјалдемократска партија (НСДП)www.a1.com.mk. Во април 2022 година, тој изјавил дека се повлекува од претседателската позиција на партијата, односно и од политиката, и немал план да се кандидира за нов претседателски мандат во НСДП.„Тито се повлекува, треба да се знае кога е доста.“, Фокус, 13.04.2022, Скопје, Македонија
Наводи
Надворешни врски Интервју со Тито Петковски по повод отцепувањето од СДСМ и формирањето на НСДП
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Псача Категорија:Претседатели на Собранието на Македонија Категорија:Секретари на Претседателството на ЦК на СКМ Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Пратенички состав 2008-2011 Категорија:Пратенички состав 2011-2014 Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Политичари од НСДП Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје