Минчо Фотев (познат како Мина Фотев), ― македонски комунист и национален деец од Егејскиот дел на Македонија. Роден е во Рупишта, Костурско. Учесник во ЕЛАС од пролетта на 1943 година. Секретар е на НОМС за Егејска Македонија од 1945, а со обединувањето, тој станал член на Покраинскиот одбор на младинската организација ЕПОН за Егејска Македонија. На 20 мај 1947 година, тој бил суспендиран од оваа функција и повторно е активиран во мај 1949 година, како секретар на НОМС за Егејска Македонија.

Литература Егејска Македонија во НОБ 1947, Том IV, Скопје 1980.

Надворешни врски Михаило Миноски, „Минчо Фотев и национално-ослободителното движење на македонскиот народ во Егејскиот дел од Македонија (1941-1949)“

Категорија:Луѓе од Рупишта Категорија:Починати во Скопје Категорија:Родени во 1922 година Категорија:Починати во 1987 година Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонци во Грчката граѓанска војна