За други значења на поимот и изведени придавки од истиот видете ја страницата за појаснување.
Ацтеки или Ацтеци — народи централно Мексико, односно оние групи кои зборуваат ацтечки јазик (наватл). Од XII век, долината на Мексико претставувало јадро на Ацтечката цивилизација. Таму се наоѓала и престолнината на Ацтеките, Теночтитлан. Денешниот град, Мексико, се наоѓа врз некогашниот Теночтитлан.
Ацтеките се староседелски американски народ кој претежно живее во Мексико. Голем број од денешните Ацтеки се со католичка вероисповед, но има и такви кои го сочувале своето традиционално верување во повеќе богови. Вкупниот број на Ацтеки во светот е 1.652.000.
Во својот врвен расцут, ацтечката култура била богата со митолошки и религиозни традиции, како и со забележителни архитектурни градби и уметнички дела. Особено традиционален елемент од ацтечката култура е принесувањето на човечки жртви. Во 1521 година, со шпанската колонизација на Америка, Ернан Кортес, заедно со голем број на локални сојузници го освоиле Тенохтитлан и ја поразиле Ацтечката Империја која тогаш била под раководство на Монтезума II.
Историја Рана историја
Многу години пред Ацтеките да ја достигнат својата моќ, мексиканската долина претставувала центар на голема цивилизација, пред сè поради својата плодност и надморска височина. Во центарот на долината се наоѓаат пет езера, кои се поврзани меѓу себе. Во периодот од 100 до 650 година, територијата на долината била под Толтеките и нивниот град држава Теотвикан. По неговото паѓање, Толтеките мигрирале во централниот дел на денешно Мексико, каде основале нова држава.
Нивната цивилизација процутела во периодот од X век до XI век. Во XIII век, долината била заземена од народ, кој го говорел ацтечкиот јазик (наватл), и многу често биле нарекувани чичимек. Тие ги презеле градовите на Толтеките, и основале нови, како на пример Текскоко. Така, чичимек ја измешале својата култура со Толтеките, и на тој начин ја создале ацтечката цивилизација. Нејзината економска, политичка, социјална и културна моќ постепено станала една од најразвиените во тогашно време.
Борбата на трите алијанси thumb|Карта на Мексиканската долина Вистинското потекло на Мексиканците не е позната. Тие се сметаат за основачи на Ацтечката Империја. Според нивните легенди, мексиканското племе произлегува од Астлан. Се смета дека Астлан се наоѓал некаде северно од мексиканската долина. Некои сметаат дека тој се наоѓал во југозападниот дел на денешните САД. Други пак сметаат дека градот Астлан е само митско место бидејќи Астлан би можело да се преведе и како “место на потеклото“.
Врз основа на овие мислења, се смета дека Мексиканците пристигнале во Капултепек во или околу 1248 година.Smith, (1984) p. 173. Во моментот на нивното пристигнување, по долината на Мексико постоеле неколку град-држави од кој најмоќниот бил Кулхакан на југ и Ацкапотцалко на запад. Главно занимање на ова племе било лов и риболов. Во времето на нивното населување, долината била веќе населена, па тие биле принудени да побараат дом на два острови кои се наоѓале блиску до западниот брег на езерото Тексоко. Според легендата се смета дека тие ќе основаат голема империја која би била во близина на местото каде што тие биле населени во моментот. И бидејќи местото околу крајбрежјето на езерото Текскоко е било многу слично на преданието, тие сметале дека тоа било знак. Истиот регион се покажал како еден од најплодните места во идната империја. Постепено, основното занимање им станало земјоделството. Во 1299 година, императорот на Кулхакан им дал дозвола за населување во Тизапан, каде била создадена и културата на Кулхакан. Во 1325 година, Мексиканците го основале градот Теночтитлан. Но и покрај тоа, тие плаќале даноци на посилните од нив племиња, т.е. градот-држава Атскапотсалко. Мексиканците служеле како наемни работници. Но со текот на времето, Мехиканците создале силна воена и државна организација.
Подоцна била создадена тројна алијанса која ја сочинувале Теночтитлан, Теотвикан и Тиакопан. Тие својата империја ја рашириле на целата мексиканска долина вклучувајќи ги и бреговите на Тихиот Океан. Во 1428 година, со заеднички сили биле победени тепанеките. Во времето на управување на императорот Итскоател, неговиот наследник Монтесума I и владетелот на Текскоко Несвалкојотил, тројниот сојуз преживеал големи успеси и освојувања. Така била создадена и империјата на Ацтеките, која се простирала на централниот дел од денешно Мексико до границата на денешна Гватемала. Во тоа време, постепено Теотвикан станал водечка сила во тројната алијанса.
Шпанско освојување thumb|300px|Територија на Ацтечката Империја Шпанското освојување на Мексико е еден од најзначајните моменти во историјата на Америка. Најзначаен конкистадор од тоа освојување бил Ернан Кортес. Империјата својот најголем подем го достигнала во времето на император Ахуцоти од 1486 до 1502 година. Неговиот наследник Монтезума II бил само на 17 години кога Ернан Кортес со својата војска пристигнал на Мексиканскиот Залив во 1519 година. Независно од некои претходни битки меѓу Шпанците и Ацтеките, Ернан Кортес пред вратите на Тенохтитлан пристигнал на 8 ноември 1519 година.
Монтезума II го подготвувал градот за пречек на Шпанците, сметајќи го Кортес за Богот Кецалкоатл. Кортес имал свои барања, кои ги добил заедно со многу количество злато. На паганските места каде се наоѓале крв или некои пагански идоли, Кортес поставувал христијански симболи. По ова, Кортес го заробил Монтезума II и го држел како заробеник како осигурување доколку би дошло до побуна од Ацтеките. За него тој барал откуп во злато. Огромни количества на злато му биле донесени на Кортес. Кортес добил вест дека гувернерот на Куба, Веласкес испратил голема војска под раководство на Панфилиј де Нарвез. Веласкес сакал да го уапси Кортес и да го осуди поради непослушност. Кортес бргу реагирал, водејќи борба со приврзаниците на Веласкес, и притоа заробувајќи ги. По ова, тој повторно се вратил во Тенохтитлан.
Ацтеките организирале побуна против шпанското освојување на градот и заробувањето на императорот. Тогаш биле убиени голем дел од ацтечката војска. Тогаш Ацтеките ја опседнале палатата каде се наоѓале Шпанците. Кортес барал од Монтезума II да му нареди на својот народ да се повлече, но народот не го послушал, па во еден од нападите, императорот бил повреден, и по неколку дена починал. Шпанците биле принудени да бегаат од градот, земајќи колку што можат од златото.
По ова, Шпанците успеале некако да се повлечат до Тлаксалите. Кортес им предложил да направат сојуз преку кој ќе го освојат Тенохтитлан. Од своја страна, Тлаксалите барале да не плаќаат даноци на Шпанците кога ќе го освојат градот. Но, кога Шпанците го освоиле градот, Кортес не го почитувал договорот.
Цивилизацијата на Ацтеките thumb|300px|right|Карта на Тројната Ацтечка Алијанса. Општеството на Ацтеките се одликувало со голем развој на земјоделието. Религијата го определувала секој дел од животот на народот во империјата. Низ градовите биле градени големи пирамиди, главно од камен, и на врвот од секоја пирамида се вршело жртвување во чест на боговите. Уметноста на Ацтеките најмногу се изразувала низ религијата и воените дела, со кои империјата добивала богатство и власт. Како жртвеници, најчесто биле користени затворениците.
Социјална структура Основна структурна единица на ацтечкото општество бил т.н. калпуј. Тој вклучувал група семејства, кои имаат општ главар. Секој калпуј имал сопствен совет, кој го одржувал општествениот ред, текот на војните, давал правни предрасуди, водел регистри итн. Исто така, секој калпуј имал свое сопствено училиште, каде мажите се обучувале за својот граѓански однос, воено дело, знаења и религија. Одделните калпуи имале свој сопствен храм, склад за оружје, склад за стоки. Земјата се распределувала меѓу главите на фамилиите според нивните потреби. Секое семејство имало право на обработка на земјата, но го поседувало само на она што ќе го произведе.
Во престолнината Танохтитлан, калпуите во почетокот ги исполнувале истите функции. Подоцна, со развивањето на градот и промена на неговата инфраструктура, калпуите не се основале врз семеен принцип, туку сочинувале еден вид градска администрација. Управните совети, школите, храмовите и земјата ја сочувале својата функција, а за нови членови на калпуите не морало повеќе да се има некоја роднинска врска. Во време на основањето на градот Танохтитлан во 1325 година, во градот имало 15 калпуи, а до XVI век - 80.
Во Тенохтитлан, најискусните калпуи формирале племенски совет, кој избирал четири виши чиновници. Подоцна, еден од нив бил избиран за владетел или тлатоани. Во времето кога Тенохтитлан станал центар на ацтечката цивилизација, владетелот станал император, каде чиновниците биле веќе обврзани да му плаќаат даноци. Тој бил сметан за бог, потомок на ацтечките богови и врховен военоначалник. Кон него чиновниците се обраќале со веј-тлатоани, што во превод значи голем господар.
Веднаш по императорот, на следното ниво во хиреархијата на Ацтеките била благородничката класа. По нив бил обичниот народ, трговците, занаетчиите, војниците итн. а на најниско рамниште биле работниците. Трговците од своја страна образувале класа наречена почтека. Тие имале некои привилегии во однос на империјата. Благородниците имале право на сопственост врз земјата. Земјата на обичниот народ била во сопственост на калпуите, кои ја распределувале меѓу своите членови. Сопствениците на земјата плаќале данок на империјата во вид на селскостопански производи.
Секој физички здрав жител на империјата имал задолжителна обврска кон воена служба.
И покрај строгото структуирање на ацтечкиот народ, социјалниот статус на секој жител можел да се смени според неговиот придонес за империјата. Обичниот народ исто така можел да го смени својот ранг во хиерархијата, посебно доколку се работело за добри војници. Младите Ацтеки имале можност да се образуваат без разлика на кој сталеж припаѓаат. Војниците кои успеале да го запленат во заробеништво својот непријател исто така добивале големи привилегии. Но, од друга страна, секој кој не ги почитувал законите, посебно за плаќање данок, бил преструктуиран во роб. И робовите можеле да станат слободни граѓани.
Раководство Ацтечката Империја е пример за империја, која била раководена од индиректни средства. Таа се одликувала со разновиден етнички состав. Главна одлика на империјата е тоа што таа не била официјално прогласена за империја која ги проширува своите територии, туку големо значење се одавало на земјите кои ги поседувала таа и за кои се плаќало различни даноци.Smith, Life in the Provinces of the Aztec empire, Scientific American, September 1997
Трговија и производство Во времето кога Ацтеките започнале да ја создаваат својата цивилизација, главна дејност со која се занимавале било земјоделството. Најплодни биле почвите околу крајбрежјето на езерата, но сепак биле недоволни за исхрана на целото население, кое постепено сè повеќе се зголемувало. Како најголем успех во оваа област им било рекултивирањето на почвите околу езерата, поради што биле изградени многу острови, наречени чинампасили.
Ацтеките не го користеле ралото, ниту пак животните ги користеле за орање на нивите. За засадување на земјоделските култури користиле заострени колци, кои многу лесно можат да навлезат во внатрешноста на земјата. Основно производство им била пченката, од која правеле брашно. Исто така произведувале и грав, тиква, авокадо, домат итн.
Некои стоки и производи биле специјално произведувани за императорот, на пример накит, кошници, облека и слично. Со скапи производи како сол, златни накити и облека се занимавале претежно трговците кои патувале до низините на Мексиканскиот Залив или на југ до денешна Гватемала. Биле разменувани и други скапи производи, како перја од птици, кожи од јагуар, памук, каучук и зрна од какао од кои се произведувал чоколаден напиток.