Катерина Трајкова Нурџиева — македонски национален деец, борец во НОВ, секретар на Методија Андонов-Ченто и внука на Гоце Делчев. Катерина Нурџиева е почесен граѓанин на Делчево.

Животопис

Катерина Нурџева е родена во Горна Џумаја (денес „Благоевград“) во 1922. Нејзините родители биле приморани да се преселат од Егејска Македонија во Пиринска Македонија во 1915 година. Таа е внука на познатиот македонски револуционер и национален деец Гоце Делчев. Дедото на Катерина е брат на Султана, мајката на Гоце Делчев. Таткото на Катерина и Гоце Делчев се први братучеди и соборци во македонското револуционерно движење.

Катерина Трајкова Нурџиева завршила учителска школа во 1943 година и била испратена да работи како учител по бугарски јазикСпас Тошев - „Спекулиране с паметта на Гоце“ (в-к „Македония“, брой 8, 25 февруари 1998 г.) во Штип. Поради тоа што не се согласувала со бугарската окупација на Македонија и бугарската политика кон Македонците, таа била притворена во штипскиот затвор, а потоа депортирана на егејскиот остров Тасос.

Во 1944 година, Катерина Нурџиева со Дванаесеттата македонска бригада „Гоце Делчев“ учествувала во борбите за ослободување на Македонија. По ослободувањето на Штип, Катерина работела повторно како учител, а подоцна била префрлена во Генералниот Штаб во Скопје. По некое време Катерина станала секретар на Методија Андонов- Ченто, по лична препорака на Павел Шатев. По смртта на Методија Андонов- Ченто започнала и агонијата на Катерина и била приморана да се пресели во Горна Џумаја. За нејзиното работење со Ченто и Шатев таа вели:

Во Горна Џумаја таа нашла работа и се омажила. Со нејзиниот сопруг имаат две ќерки. Сопругот на Катерина починал во 1972 година, а додека нејзините ќерки се отселиле, едната во Русе (Бугарија), а другата во Разлошко (Пиринска Македонија, Бугарија).

Денес, Катерина Нурџиева живее сама во Горна Џумаја. Македонија ѝ има доделено месечна пензија со која преживува и ги преблодува проблемите. Поради здравствените проблеми се лечи во Македонија каде ги посетува македонските болници и купува лекови во пограничните градови.Внуката на Делчев на лекување во Охрид 86-годишната внука на Гоце Делчев се поклони пред споменикот на великанот

На 24 јануари 1997, со прашање бр. 1064 до премиерот Бранко Црвенковски, Катерина Нурџиева побарала да биде рехабилитирана, затоа што била отпуштена од српската власт од првата скопска детска градинка, бидејќи „ги учела децата на бугарски“ и „како Бугарка ја загрозува безбедноста на Македонија“. На 17 јануари 1997, со препорачано писмо бр. 306 го побарала истото и од претседателот Киро Глигоров, со зборовите „Дојдов во Македонија 1943/1944 како просветител, не окупатор... Жални суштества, кои не дале ништо за Македонија, ме отпуштија од должноста директор на првата скопска градинка како Бугарка по српските закони... Залудно чекав сето време да добијам решение за рехабилитирање, кое го побарав од болничкиот кревет. Повторно Македонија ме понижи и за мене стана маќеа. Дали се тоа човековите права во македонската држава?!“

На 25 февруари 1998 уредништвото на бугарскиот весник „Македонија“ започнува иницијатива за собирање на доброволни средства за лечењето на Катерина Нурџиева.

Катерина Нурџиева на градот Делчево му подарила книги за Гоце Делчев, неговата мајка и семејство, лично слики на Гоце Делчев и останати работи поврзани со македонскиот револуционер.

Поврзано Гоце Делчев Методија Андонов - Ченто

Надворешни врски Спас Ташев - „Спекулиране с паметта на Гоце“ (в-к „Македония“, брой 8, 25 февруари 1998 г.) Интервју со Катерина Нурџиева Тоше Проески и Катерина Нурџиева

Наводи

Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Делчеви Категорија:Луѓе од Горна Џумаја Категорија:Починати во 2018 година Категорија:Починати во Горна Џумаја Категорија:Луѓе со потекло од Егејска Македонија