Сан Марино (италијански: San Marino) или официјално Најспокојна Република Сан Марино () е држава на Апенинскиот Полуостров во јужниот дел на Европа. Сан Марино е држава без излез на море и е енклава во Италија, односно целосно е опколена со италијанска територија. Вкупната површина на Сан Марино изнесува 61 километар квадратен и има население од околу 30.000 жители. Главениот град на државата го носи истото име, односно град Сан Марино. Сан Марино е една од најмалите независни држави во Европа и има најмалку жители од сите членки на Советот на Европа.
Сан Марино тврди дека е најстара документирана независна уставна република во светот. Независноста на Сан Марино започнала со основање на манастирска заедница предводена од Свети Марин на 3 септември 301 година. Марин го напуштил Раб, тогашна римска покраина на Арба, во 257 година кога тогашниот иден император Диоклецијан издал декрет за реконструкција на градските ѕидини на Римини кои претходно биле уништени од лубурниските пирати.
Уставот на Сан Марино е усвоен во 1600 година и е најстар устав кој е сè уште на сила. Економијата на државата претежно зависи од туризмот. Поради малобројноста на населението, Сан Марино е една од најбогатите држави во светот според БНП по глава на жител. Економскиот статус на Сан Марино се смета за доста стабилен, без национални задолжувања и буџетски недостатоци.
Потекло на поимот
Името на државата доаѓа од името на основачот на Сан Марино, Свети Марин или на италијански San Marino.
Историја
thumb|left|Планинска кула на планината Титано. Според традиционалното верување, Свети Марин го напуштил островот Раб во Хрватска и со неговиот пријател Лео тргнале за Римини како масони. Поради неговите христијански верувања тој претрпел силни прогонувања и пребегнал во близина на планината Титано, каде изградил мала црква и го основал денешниот град и држава Сан Марино. Официјалното основање на градот и државата е на 3 септември 301 година.
До средината на 5 век се создала мала заедница која поради недостапноста на местото и неговата сиромаштија, успеала да ја зачува независноста на територијата на денешната Република Сан Марино. Во 1631 година независноста на Сан Марино била призната и од Папството.
За време на раната фаза на италијанското обединување во 19 век, Сан Марино служел како место за бегалци кои биле протерувани поради нивните залагања за обединување на Италија. Така, Џузепе Гарибалди ја прифатил желбата на Сан Марино да не биде дел од обединета Италија. Исто така, Наполеон Бонапарт одбил да го преземе Сан Марино и кога го прашале зошти не го окупирал Сан Марино, тоа тој одговарал: „Зошто? Затоа што тоа е модел на република.“
Владата го прогласила американскиот претседател Абрахам Линколн за почесен граѓанин на Сан МариноIrving Wallace, The Book of Lists 3.
За време на Првата светска војна, кога Италија ѝ објавила војна на Австроунгарија, и Сан Марино го направил тоа на 3 јуни 1915 годинаFirst World War.com - Feature Articles - Who Declared War and When.
За време на Втората светска војна, Сан Марино најпрво објавил војна на Британија. Подоцна кога Италија го опколила Сан Марино, Сан Марино прогласил неутралност, а на 21 септември 1944 Сан Марино објавил војна на Германија .
Сè до 1968 кога Науру прогласи независност Сан Марино била најмалата држава во светот. Сан Марино е член на Советот на Европа, но не е член на Европската Унија.
Географија и клима
thumb|десно|200px|Планината Титано. Сан Марино се наоѓа во централниот дел од Апенинскиот Полуостров, во јужниот дел од Европа. Државата е енклава во Италија бидејќи од сите страни е опколена со италијанска територија. Сан Марино има површина од 60,57 квадратни километри и со тоа оваа република е трета најмала држава во Европа, веднаш пред Ватикан и Монако. Главен град на државата е Сан Марино, додека најголем град е градот Догана. Оддалеченоста помеѓу најсеверната и најјужната граница на Сан Марино изнесува 12 километри. Највисок врв е Титано (видео ) чија височина изнесува 739 метри. Климата е влажна суптропска, но е поблага од онаа во приморјето поради надморската височина. Во лето температурата варира од 20°С до 30°С, а во зима од -2°С до 10°С . Просечните врнежи изнесуваат 550 mm годишно.
Административна поделба
мини|десно|280п|Карта на општините во Сан Марино
Сан Марино е поделен на девет општини, кои локално се познати како Castelli - „замоци“. Општините на Сан Марино се:
Аквавива Борго Маџоре Домањано Кјезануова Монтеџардино Сан Марино (главен град) Серавале Фаетано' Фјорентино
Најголем град во Сан Марино е градот Догана кој не е посебна општина, туку припаѓа на општината Серавале. Секоја општина има главен град локално познат како „каполуого“ (capoluogo).
Политички систем
thumb|right|Карта на Сан Марино.
Сан Марино е демократска република каде капетанот-регент е на чело на државата. Сан Марино е со повеќепартиски систем. Извршната власт е во рацете на владата, законодавната власт е во рацете на владата и на Големиот и општ совет на Сан Марино. Судството е независно и одделно од останатите органи во државата.
Сан Марино бил предводен од институцијата Аренго. Во 13 век, управувањето со државата го презело Советот. Во 1243 се номинирале првите два капетани регенти од страна на Советот, начин на номинација кој и денес се користи.
Законодавната власт во државатапретежно е во рацете на Големиот и Општ Совет. Советот се состои од околу 60 членови и се избираат на секои 5 години преку директни избори. Граѓаните со над 18 години имаат право на глас во државата. Советот го одлучува буџетот и ги избира капетаните-регенти. Исто така, Советот има овластување да ратификува договори со други држави. Советот е поделен на пет различни советодавни комисии со по 15 членови. На секои шест месеци се избираат генералите-регенти и најчесто тие се избираат од редовите на опозициската партија. Капетаните ја преземаат функцијата на 1 април, а истата истекува на 1 октомври. Граѓаните имаат потоа рок од три дена да достават поплаки за капетаните и ако има некои нерегуларности, судска власт презема соодветни мерки.
Практиката на повеќе шефови на државата е директно наследена од Римското Царство. Советот е еднаков со римскиот Сенат а додека капетанот-регент со римскиот советник. Главните политички партии во Сан Марино се: Санмаринска Христијанска Демократска Партија (СХДП) и Партија на Социјалисти и Демократи (ПСД). Поради малиот број на население тешко е да се добие чисто мнозинство во Советот на Сан Марино.
Стопанство
right|thumb|Борго Маџоре
Иако Сан Марино не е членка на ЕУ, го користи еврото како своја валута и има право да става свои национални симболи на монетите на еврото. Пред да се воведе еврото, санмаринската лира се користела во рамките на државата заедно со италијанската лира.
Околу 50% од развојот на Сан Марино се заснова на туризмот. Сан Марино има доста странски туристички посети, така што само во 1997 година државата ја посетиле повеќе од 3.3 милиони туристи. Други клучни стопански сектори се банкарството и керамиката. Главните земјоделски производи се виното и сирењето.
Поштенските марки на Сан Марино се користат и се валидни само во рамките на државата. Според стандардот на живеење, Сан Марино е на исто ниво со Италија.
Сообраќај thumb|right|Жичарница до планината Титано.
Во Сан Марино има 220 км автопатна мрежа. Санмаринските власти ги регистрираат локалните автомобили со свои таблички. Табличките се во сина боја каде се наоѓа грбот на Сан Марино, додека потоа следат буква и четири бројки. Повеќето автомобили носат меѓународна патна ознака „РСМ“.
Во Сан Марино нема аеродром, но има меѓународен хелипорт кој се наоѓа во Борго Маџоре. Повеќето туристи кои доаѓаат во Сан Марино патуваат со автобус. Поради фактот што Сан Марино нема излез на море, нема ни воден сообраќај во земјата.
Јавен транспорт
Сан Марино има ограничен јавен транспорт. Во државата има редовни автобуски линии до Римини и Сан Марино, која популарна меѓу туристите и туристичките работници. Оваа автобуска линија допира на речиси 20 места во Римини и Сан Марино.
Ограничени лиценцирани такси превозници оперираат во државата. Во Сан Марино има седум регистрирани такси компанииGovernment tourism website . и исто така италијанските такси превозници оперираат во Сан Марино.
Покрај овие, има и 1.5 км жичарница во Сан Марино која ја поврзува планината Титано со Борго Маџоре, втор најголем град во државата. Таа дава добар поглед на Борго Маџоре. Од таа локација има и автобуска линија до најголемиот град во Сан Марино, Догана.
Железнички превоз
Денес во Сан Марино нема железница, но за време на Втората светска војна имало мала железница што ја поврзувала државата со Римини. Оваа железница била отворена на 12 јуни 1932. Таа добро функционирала, но била уништена за време на Втората светска војнаInternacia Fervojisto (International Railways), 2005.6, p85. In Esperanto.
Демографија
thumb|right|Базилика Сан Марино (лево) и Црква Свети Петар (десно) во Сан МАрино.
Сан Марино има население од околу 30.000 жители, од кои 1.000 се странци, најмногу со италијанско потекло. Околу 5.000 Санмаринци живеат надвор од Сан Марино, главно во Италија. Санмаринците уживаат во еден од најдобрите животни стандарди.
Службен јазик во Сан Марино е италијанскиот јазик кој е и најмногу зборуван јазик во државата.
Католицизмот е најдоминантна религија во Сан Марино. Околу 97% од вкупното населениа на државата се припадници на Римокатоличката црква. Сепак, и покрај овој голем процент на Католици, во државата има и останати мали религиски групи, како на пример Евреи кои живеат во државата уште од 600 година.
Година Население 1828 7.000 1948 12.000 1960 15.000 1970 18.000 Година Население 1978 21.000 1986 22.000 1992 25.000 2006 30.000
Војска
Сан Марино ја има една од најмалите воени сили во светот. Националната одбрана е должност на италијанската војска. Војската на Сан Марино има должност да изведува церемонијални должности, да патролира на границата, да ги чува владините објекти и да помага на полицијата во поголеми криминални случаи.
Стрелачки корпус
Иако некогаш стрелачкиот корпус бил срцето на санмаринската војска, денес овој корпус има церемонијална улога и има околу 80 волонтери. Од 1295 овој корпус изведува демонстративни пукања и стрелања на различни церемонии. Униформата е средновековна и иако се смета за дел од војската, овој корпус денес нема воена функција.
Гардата на Карпата thumb|десно|Тројца членови на Гардата на Карпата.
Гардата на Карпата или националната гарда е воена единица во Сан Марино. Таа ги патролира и обезбедува државните граници. Тие исто така го обезбедуваат Големиот и општ Совет во Сан Марино. Тие се најчесто присутни во Сан Марино и најчесто забележани од страна на туристите во Сан Марино, кои се препознатливи по нивната замена на смена. Покрај овие основни функции, тие се назначени и како полициски сили за криминал и помагаат на полицијата во истрагите. Униформата на овие сили е црвена и зелена.
Гарда на Големиот и општ Совет thumb|Гардата на Советот.
Гардата на Големиот и општ Совет или познат и како „Гардата на Советот“ е формирана во 1740. Таа е волонтерска единица со церемонијална должност. Униформата на гардата е со воочилива сина боја со бели и златни делаљи и е можеби најпознатата воена единица на Сан Марино која може да се види на безброј разгледници од Сан Марино. Оваа гарда има задача да го обезбедува капетанот-регент и да го обезбедува Советот за време на церемонии. Исто така извршуват задачи за безбедност на високи личности од општествениот живот на Сан Марино.
Армиска полиција