Словачка Република (словачки: Slovenská republika), неофицијално Словачка (Slovensko) или многу ретко СловакијаПравопис на македонскиот јазик, стр. 167, Просветно Дело, Скопје, 2007 — независна држава во Средна Европа. Има население од околу пет милиони луѓе, а зафаќа површина од . Словачка нема излез на море и се граничи со Чешка и Австрија на запад, Полска на север, Украина на исток и Унгарија на југ. Главниот и најголемиот град на државата е Братислава, по што следи Кошице. Словачка е земја членка на Европската Унија, НАТО, ООН, ОЕСР, Светската трговска организација и други.
Словените пристигнале и се населиле на територијата на денешна Словачка во 5 и 6 век за време на големата преселба на народите. За време на историјата, различни делови од денешна Словачка припаѓале на Кралството на Само (првата позната политичка единица на словените), Кнежевството Нитра (како независно, како дел од Голема Моравија и како дел од Кралството Унгарија), Австроунгарија или Хабсбуршкото Царство и Чехословачка. Самостојна Словачка држава кратко постоела и за време на Втората светска војна, во периодот од 1939-1944, со што подоцна Словачка станала независна од нацистичка Германија. Од 1945 година, Словачка повторно станала дел од Чехословачка. Денешната Словачка станала независна на 1 јануари 1993 со мирен распад на Чехословачка.
Денeска Словачка е високо развиена земја со силна економија,Bank Country Classification, 2007Advanced economies - IMF со една од најрастечките во ЕУ и ОЕСР. Земјата и се приклучи на Европската Унија во 2004 и на Еврозоната на 1 јануари 2009. Словачка заедно со Словенија се единствените поранешни комунистички земји, кои денеска се дел од Европската Унија, Еврозоната, Шенген зоната и НАТО.
Потекло на поимот Првото споменување во пишаните извори на името Slovakia потекнува од 1586 (). Потекнува од чешкиот збор Slováky; претходните германски форми биле Windischen landen и Windenland (15 век). Месното име Slovensko (1791) потекнува од постарото име на Словаците, Sloven, што може да укажува на неговото потекло уште пред 15 век. Првобитното значење било географско (а не политичко), бидејќи Словачка била дел од мултиетничкото Кралство УнгаријаСловаците прават разлика помеѓу Uhorsko (историската држава) и Maďarsko (современата држава) иако на англиски јазик имаат тенденција да бидат искажани како „Унгарија“. и не претставувала посебна административна единица во овој период.
Историја
Праисторија мини|лево|Римски натпис на тврдина во Тренчин (178-179).
Територијата на денешна Република Словачка била населена уште за време на палеолитот. Во 5 век п.н.е., Словачка ја населиле Келтите, а потоа и Дако-Гетите, Јазигите и Квадите. Германското кралство кое ги обединило Квадите и Маркоманите, но исто така и Осините и Котините под власта на кралот Ваниус постоело од 8 г. п.н.е. до 179 г. Во 1 век доаѓа до продор на Римјаните, кои на реката Дунав создале неколку војни постави од кои најсилни биле Карнунт и Бригетио. Лаугарици (денешен Тренчин) бил зимски камп каде втората римска легија се борела во Маркоманските војни против Германите. Римјаните успеале да ги протераат Гепидите и Готите во 3 век, како и Хуните и Лангобардите во 5 век. Во 6 век Словените се населуваат на територијата на државата и набргу стануваат најголемиот по број етнички корпус и ја одредуваат подоцнежната судбина на словачките простори.
Доаѓање на Словените
thumb|upright|left|Споменик на Свети Кирил и Методиј во Жилина. Во 863 година, тие го вовеле христијанството во денешна Словачка.
Териториите на денешна Словачка, во 5 век биле населени од страна на словените. Во предсловенското населување, на оваа територија постоело кнежевството Нитра, кое заедно со Моравија ја сочинувале т.н. Велика Моравија. Таа држава во текот на 9 век го достигнал својот Златен век, во времето на Ростислав I.
Кралство Унгарија
По распаѓањето на Велика Моравија во 10 век, териториите на денешна Словачка станале дел од Кралство Унгарија. Во текот на владеењето на унгарците, Словачка во првите два века ја зачувала својата автономија како кнежевство Нитра. Денешните територии на Словачка се формирале уште во тоа време.
Во 1241 година, Словачка попаднала под монголско владеење, но во текот на средниот век таа била ослободена и повторно вклучена во составот на Кралство Унгарија. Во времето кога Османлиското Царство навлегува во Унгарија, центарот на кралството преминало во Словачка. Денешната престолнина Братислава (тогаш позната како Pressburg, Pressporek, Posonium, Posony) за краток период станала престолнина на кралството во 1536 година. По повлекувањето на Османлиите од Унгарија, улогата на Словачка во кралството се намалило.
За време на револуцијата од 1848 - 1849 година, словаците застанале на страната на Австрија односно Хабсбуршката династија, надевајќи се за создавање на независна држава, но до тоа не дошло. Во времето на Австроунгарија, од 1868 до 1918 година, Словачка останала во склопот на империјата, соочувајќи се со унгаризација врз нејзините жители.
Чехословачка По војната, Словачка се обединила со чешките земји Бохемија и Моравија и заедно ја формирале Чехословачка. Во 1938 година, со Миненскиот договор, Словачка била разделена од Чешка. Новата држава поседувала само формална независност, бидејќи била под целосна контрола од страна на Нацистичка Германија. Ова доведува до избувнување на востание во 1944 година.
По крајот на војната, Словачка повторно се обединила со Чешка и попаднала под влијание на т.н. Источен блок раководен од страна на СССР. Таа била една од потписничките на Варшавскиот договор.
Советското влијание и владеењето на Комунистичката партија мини|лево|Инвазија на Чехословачка од Варшавскиот пакт во 1968 мини|денсо|Со Кадифената револуција бил ставен крај на 41-годишното авторитарно комунистичко владеење во Чехословачка во 1989. По Втората светска војна Чехословачка била реконституирана, а Јозеф Тисо погубен во 1947 поради соработка со нацистите. Повеќе од 80,000 Унгарци и 32,000 Германци биле принудени да ја напуштат Словачка, во серија на трансфери на населението иницирани од Сојузниците на Потсдамската конференција. Од околу 130,000 Карпатски Германци во 1938 во Словачка, до 1947 останале само 20,000.
Како резултат на конференцијата во Јалта, Чехословачка потпаднала под влијание, а подоцна и под директна окупација на Советскиот Сојуз и Варшавскиот пакт, после државниот удар во 1948. Земјата била окупирана од силите на Варшавскиот пакт (со исклучок на Романија и Албанија) во 1968, со што завршил периодот на либерализација под водство на Александар Дубчек. Во 1969 Чехословачка станала федерација составена од Чешката Социјалистичка Република и Словачката Социјалистичка Република. Чехословачка никогаш на станала дел од Советскиот Сојуз и до одреден степен останала независна.
Денешна Словачка мини|десно|Словачка стана членка на Европската Унија во 2004 и потписник на Лисабонскиот договор во 2007. Крајот на комунистичкото владеење во Чехословачка во 1989, за време на мирната Кадифена револуција, беше проследен со распад на земјата на две земји-наследнички. Зборот „социјалистичка“ беше изоставен од имињата на двете републики, т.е. Словачката Социјалистичка Република беше преименувана во Словачка Република. На 17 јули 1992, Словачка, предводена од премиерот Владимир Мечијар, прогласила суверена држава, што значи дека нејзините закони имаат предност пред оние на сојузната влада. Во текот на есента 1992, Мечијар и чешкиот премиер Вацлав Клаус преговараат за деталите за расформирање на федерацијата. Во ноември федералниот парламент гласаше официјалното расформирање на државата да се случи на 31 декември 1992.
Словачката и Чешка тргнаа по одделни патишта на 1 јануари 1993, настан кој некогаш е нарекуван кадифен развод. Словачка и понатаму останала близок партнер на Чешка. Двете земји ја продолжиле соработката со Унгарија и Полска во рамките на Вишеградската група. Словачка станала членка на НАТО на 29 март 2004 и на Европската Унија на 1 мај 2004. На 1 јануари 2009, Словачка го воведе еврото за сопствена валута.
Географија и клима
thumb|257x257px|right|Топографска карта на Словачка. thumb|253x253px|right|Карта на Словачка.
Во словачкиот релјеф доминантни се планинските венци и природа со Карпатите кои се протегаат на северниот дел од државата. Како дел од тие планини е и планината Татра. Во близина на полската граница се наоѓаат Високите Татри кои се популарно одредиште за скијање. На Големите Татри има доста мали езера и тука се наоѓа највисоката точка на Словачка — Герлаховски Штит со висина од 2.655 метри и словачката симболично највисока планина Кривањ.
Поголеми словачки реки се: Дунав, Вах и Хрон. Тиса ја сочинува словачко-унгарската граница за 5 км.
Клима Климата во Словачка се движи помеѓу умерена и континентална, со релативно топли лета и ладни, облчни и влажни зими. Температурните екстреми се -41 до 40.3 °C, иако температури под -30 °C се ретки. Климата на северот каде доминираат планини се разликува од климата на рамничарскиот југ.
Политички систем thumb|right|261x261px|Претседателската палата. Словачка е парламентарна демократска република со повеќепартиски систем на владеење. Последните парламентарни избори биле јуни 2006 година и последните претседателски избори биле во 2004 година.
Претседателот на Словачка се избира на претседателски избори за мандат од пет години. Голем дел од власта е во рацете на премиерот на Словачка и кој најчесто е водач на победничката партија на парламентарните избори.
Највисоко законодавно тело на Словачка е Националниот Совет на Словачката Република со 150 пратенички места. Пратениците се избираат за мандат од четири години. Највисок суд во Словачка е уставниот суд на Словачка.
Од 2004 година Словачка е член на ЕУ и НАТО.
Административна поделба
Словачка од 1996 г. е поделена на осум краеви, кои од 2002 се нарекуваат „самоуправни краеви“ (samosprávne kraje). Име на македонски Име на словачки Административно седиште Население (2011) Братиславски Крај Bratislavský kraj Братислава 602,436 Трнавски Крај Trnavský kraj Трнава 554,741 Нитрански Крај Nitriansky kraj Нитра 689,867 Тренчински Крај Trenčiansky kraj Тренчин 594,328 Жилински Крај Žilinský kraj Жилина 688,851 Банскобистрички Крај Banskobystrický kraj Банска Бистрица 660,563 Прешовски Крај Prešovský kraj Прешов 814,527 Кошички Крај Košický kraj Кошице 791,723
Стопанство
thumb|right|269x269px|Централна банка на Словачка. Во 2019 година, БДП по глава на жител на Словачка изнесувал 19 548 долари, со што таа била рангирана на 25. место во однос на Европа и 45. во светот.http://statisticstimes.com/economy/european-countries-by-gdp-per-capita.php statisticstimes.com (пристапено на 12.06.2020) Во 2018 година, кефициентот Џини во Словачка изнесувал 26,1%.knoema.com (пристапено на 13.7.2020) Невработеноста во 1999 година била 19.2%, додека во 2008 година паднала на 7.51%.
Официјална валута во Словачка е еврото, заменувајќи ја словачката круна во 2008.
Население, јазик и религија
thumb|right|140px|Главната улица во Кошице. Поголемиот дел од населението на Словачка се етнички Словаци кои сочинуваат околу 85.8%. Унгарците се најголемо малцинство во Словачка со 9.7%. Покрај нив во Словачка живеат и Роми со 1.7%, Украинци со 1% и 1.8% се неодредени. Неофицијално бројот на Ромите е многу поголем, околу 9% од населението.
Јазици
Официјален јазик во Словачка е словачкиот, кој спаѓа во семејството на словенски јазици. Унгарскиот јазик се зборува во јужниот дел на земјата, а русинскиот се зборува во североисточните делови. Малцински јазик има статус на ко-официјален во општините каде што малцинството изнесува 15% во два последователни пописи.