Израел (хебрејски: מְדִינַת יִשְׂרָאֵל, Мединат Јисраел) — независна држава во Западна Азија, поточно на Блискиот Исток (површина 20.770 км2, 6.199.008 жители). Од некои историско-културни причини се смета за дел и од Европа. Се граничи со Либан и Сирија на север, Јордан на исток и Египет на југ. Излегува на Средоземно, Црвено и Мртво Море. Главен град е Ерусалим. Други градови: Тел Авив (тука се повеќето амбасади), Ако, Бершева, Еилат, Назарет, Тиберија и Хаифа.
Потекло на поимот Термионот Израел, низ историјата, се користел како заедничко име за Земјата на Израел и на еврејскиот народ. Денешниот назив на земјата е Ерец Јисраел или Мединат Јисраел (Земјата на Израел и Државата Израел), а со тоа се отфрлиле имињата Зион и Јудеја. Во раните години на својата независност, властите на Израел го избрале терминот Израелци за назив со кој ќе се нарекуваат граѓаните на државата.
Историја Среден век Во 634–641 година Праведниот Калифат го освоил Левантот. Во наредните шест векови контролата врз регионот ја преземале Омејадскиот, Абасидскиот, Фатимидскиот Калифат, а последователно и Селџуците и Ајубидите. Бројноста на населението драстично се намалила во текот на следните векови, и тоа според некои проценки од 1 милион за време на римскиот и византискиот период до околу 300,000 во раниот османлиски период. Заедно со падот на населението, имало и постојан процес на арабизација и исламизација предизвикан од немуслиманската емиграција, муслиманската имиграција и локалното преобратување во ислам. Кон крајот на 11ти век се одвивале и Крстоносните војни, папски одобрени упади на христијанските крстоносци со намера да го ослободат Ерусалим и Светата земја од муслиманската контрола и да основаат крстоносни држави. Ајубидите ги потиснале крстоносците пред целосно обновување на муслиманската власт од страна на Мамлучките султани од Египет во 1291 година.
Појава на ционизмот мини|лево|Првиот ционистички конгрес (1897) во Базел, Швајцарија Првиот бран на современата еврејска миграција во османлиска Палестина, познат како Прв алија, започнал во 1881, како што Евреите бегале од погромите во Источна Европа. Иако ционистичкото движење веќе постоело во пракса, австроунгарскиот новинар Теодор Херцл е заслужен за основањето на политичкиот ционизам, "How did Theodor Herzl, an assimilated German nationalist in the 1880s, suddenly in the 1890s become the founder of Zionism?" движење чија цел била создавање на еврејска држава во Израел, со што се нудело решение на т.н. еврејско прашање. Во 1896, Херцл ја објавил (Еврејската држава), нудејќи ја својата визија за идната еврејска држава; следната година тој претседавал со Првиот ционистички конгрес во Базел, Швајцарија. Вториот алија (1904–14) започнал после Кишињевскиот погром; околу 40,000 Евреи се населиле во Палестина, иако околу половината од нив на крајот ја напуштиле. И првиот и вториот бран на мигранти главно го сочинувале ортодоксни Евреи,. "As with the First Aliyah, most Second Aliyah migrants were non-Zionist orthodox Jews ..." иако при Вториот алија мигрирале и некои социјалистички групи кои го формирале движењето кибуц. Иако имигрантите при Вториот алија во голема мера се обидувале да создаваат земјоделски комуни, во овој период бил основан и Тел Авив како прв планиран еврејски град во 1909. Во овој период биле формирани и првите еврејски вооружени милиции, од кои првата Бар-Гиора, била основана во 1907. Две години подоцна како нејзина замена била формирана поголемата организација, Хашомер.
Британски мандат
По завршувањето на Првата светска војна Велика Британија го презема управувањето на Палестина од Османлиското Царство.
Историја по 1948 година мини|лево|Давид Бен-Гурион ја прогласува Израелската декларација за независност на 14 мај 1948
По одлуката на Обединетите Нации за поделба на Палестина на арапска и на еврејска држава (29 ноември 1947), Еврејскиот национален совет на 14 мај 1948 година го прогласува формирањето на Државата Израел, како држава на Евреите. Арапска Палестина никогаш не беше основана. На 15 мај Египет, Ирак, Јордан, Либан, Саудиска Арабија и Сирија го нападнаа Израел, со што почна периодот (сè уште во тек) на војни и немирни периоди меѓу нив. Како последица на Првата арапско-израелска војна, Израел е формиран на 78% од територијата на тогашната Британска мандатна територија Палестина.
По оваа војна Израел влегува во воени конфликти со соседните арапски држави уште пет пати: при Суецката криза од 1956, Шестдневната војна од 1967, Војната на исцрпување во 1969, Јомкипурската војна од 1973 и при инвазијата врз Либан во 1982 година. Во 1987 Палестинците ја започнуваат својата прва интифада, а во 2000 година својата втора интифада против Израел. Во 2006 година, по нападот на милитантната група Хизболах на израелска територија, Израел го нападна Либан со што започна Втората израелско-либанска војна.
По национализацијата на Суецкиот Канал од страна на Египет и забраната за пловидба на израелски бродови, Израел (во содејство со Велика Британија и Франција), во октомври 1956 година, го нападна Египет. Воената акција беше запрена под притисок на ОН и САД.
Во 1967 година Израел го нападна Египет, а истовремено, Јордан и Сирија го напаѓаат Израел. За шест денови, Израел ги окупираше Голанската Висорамнина (во Сирија), Западниот Брег (во Јордан) и Синајскиот Полуостров (во Египет) и ја блокираше пловидбата низ Суецкиот Канал. Израел ја зголеми својата територија 200%. thumb|240px|left|Ерусалим, поглед од Планината на маслинките Четвртата војна меѓу соседите избувна во 1973 година, кога египетските сили го ослободија Каналот и навлегоа на Синај, но почетните успеси не беа доволни и тие беа присилени на повлекување. Првпат Израел претрпе големи воени загуби. Драматичен пресврт се случи во 1977 година, кога египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин ги почнаа мировните преговори и се обидоа да внесат нова клима во регионот.
Израел се повлече (1982) од Синајскиот Полуостров, но набрзо завојува со Либан, каде што – наводно – биле базите на Палестинската ослободителна организација (ПЛО). Во 1987 година ПЛО ја почна низата напади, востанички дејства и безредија (познати како Интифада) низ Израел, на што израелските сили секогаш реагираа со вооружени акции. Во 1989 година водачот на ПЛО Јасер Арафат објави дека Палестинците му го признаваат правото на Израел да постои. Во 1994 година Јордан и Израел потпишаа мировен договор, а во 1996 година се одржаа избори за Палестинскиот совет (претседател: Јасер Арафат) што се сметаше за чекор кон создавање палестинска држава на 6.220 км2 – во Појасот Газа и на Западниот Брег. Преговорите меѓу Палестинците и Израел почнаа во 1997 година, но ниедна страна не им даде првокласно значење, можеби и поради сè позачестените самоубиствени бомбашки акции на членовите на радикалните палестински струи, кои доведоа до обновување на недовербата и до повторно затегната ситуација. Мировните преговори (2000) меѓу Јасер Арафат и израелскиот премиер Ехуд Барак (во САД) не ги донесоа посакуваните резултати. Во основа, нерешените прашања и натаму доминираат во нестабилната ситуација во тој дел на Југозападна Азија.
Административна поделба
150п|мини|десно|Карта на окрузите во Израел:1. Северен, 2. Хаифски, 3. Централен, 4. Телавивски, 5. Ерусалимски. Спорни подрачја: А. Голанска Висорамнина, Б. Јудеја и Самарија, В. Појас Газа. Израел е поделен на 6 окрузи (хеб. מחוזות, „мехозот“, едн. „махоз“) со 15 подокрузи (נפות, „нафот“, едн. „нафа“). Секој подокруг потоа се дели на природни региони (вкупно 50).
Округ Админ. центар Подокрузи Население Северен Назарет Кинерет, Сафед, Ако, Голан, Изрелска Долина 1.242.100 Хаифски Хаифа Хаифа, Хадера 880.000 Централен Рамла Ришон ле Цион, Шарон (Нетанја), Петах Тиква, Рамла, Реговот 1.770.200 Телавивски Тел Авив Бат Јам, Бнеј Брак, Гиватаим, Холон, Рамат Ган, Тел Авив 1.227.000 Ерусалимски Ерусалим Ерусалим 910.300 Јужен Бершеба Ашкелон, Бершеба 1.053.600 Јудеја и Самарија Ариел Јудеја и Самарија 2.592.555(350.143 еврејски доселеници)
Податоците се преземени од Централната служба за статистика на Израел, и затоа ги опфаќаат сите места под израелска цивилна власт, вклучувајќи ги теритоториите окупирани од Израел. Таков пример е подокругот Голан и неговите четири природни региони кои не се признаени од Обединетите Нации и меѓународната заедница како израелски територии. Наведеното население на Ерусалимскиот округ ги вклучува и жителите на Источен Ерусалим, чие припојување кон Израел исто така нема меѓународна поддршка. Единствено невбројани остануваат жителите на округот Јудеја и Самарија, бидејќи Израел не ја наметнува својата цивилна власт во тој дел од Западниот Брег.
Демографија
Етнички состав: Евреи (околу 81%), 20% Палестинци (Израелски Арапи) и други нееврејски заедници. Вероисповед: јудејци 81%, муслимани (сунити) 14%, христијани. Писменост: 95%. Јазици: хебрејски (официјален), арапски, англиски.
Јазик Единствен официјален јазик во Израел е хебрејскиот. До 2018 година, арапскиот бил еден од двата официјални јазици; а во 2018 неговиот статус бил намален. Хебрејсккиот е примарниот јазик во државата и се зборува секојдневно од мнозинството од населението. Арапскиот се зборува од страна на арапскиото малцинство, а хебрејскиот се изучува и во арапските училишта.
Како држава на имигранти, на улиците на Израел може да се чујат многу јазици. Поради масовната имиграција од поранешниот Советски Сојуз и Етиопија (околу 130,000 етиописки Евреи живеат во Израел),Israel Central Bureau of Statistics: The Ethiopian Community in Israel рускиот и амхарскиот јазик се широко застапени. Повеќе од еден милион имигранти кои зборувале руски пристигнале во Израел од пост-Советските држави во периодот помеѓу 1990 и 2004. Францускиот јазик го зборуваат околу 700,000 Израелци, главно со потекло од Франција и Северна Африка. Англискиот бил официјален за време на британскиот мандат; но го изгубил тој статус по воспоставувањето на Израел, но задржал улога слична на официјален јазик, бидејќи може да се забележи на сообраќајни знаци и на официјални документи. Многу Израелци добро комуницираат на англиски, бидејќи многу телевизиски програми се емитуваат на англиски со превод, а јазикот се изучува уште од раните одделенија во основното образование. Покрај тоа, израелските универзитети нудат курсеви на англиски јазик за различни предмети.
Религија
Израел сочинува голем дел од Светата земја, регион од големо значење за сите аврамски религии, како што се јудаизам, христијанство, ислам, самарјанизам, друзизам и бахаизам.
Религиската припадност на израелските Евреи варира: според истражување од 2016 направено од Pew Research, 49% се идентификувале како Хилони (секуларни), 29% како Масорти (традиционални), 13% како Дати (религиозни) и 9% како Хареди (ултра ортодоксни). Се очекува дека до 2028 година 20% од еврејското население во Израел да бидат Хареди.
Релјеф
Постои низина по должината на средоземниот брег која кон внатрешноста преминува во ридско-планински предели (највисок врв Мерон, 1.208 m), а потоа кон исток се спушта во долината на реката Јордан и депресијата на Мртвото Море (-396 m; според најновите мерења -416 m), најниската сувоземна точка на Земјата. Во јужниот дел е пустината Негев, која зафаќа речиси половина од државната територија. Хидрографија: реки – Јордан (делумно гранична со Сирија и Јордан) и Кишон; езера – Галилејско и Мртво Море. Клима: средоземна во приморјето, на исток планинска, во долината на Јордан сува суптропска и пустинска во Негев.
Стопанство