Јужна Кореја — суверена држава која се наоѓа во јужниот дел на Корејскиот Полуостров. Службено се нарекува Република Кореја (, „Tехан-мингук“) и во резолуцијата на OОН од 1948 г. е опишана како единствена законски влада во Кореја. Меѓународното име на Кореја доаѓа од старата династија Корјо во периодот кога многу западни нации го забележале постоење на династијата на Корејскиот Полуостров. Корејското име „Техан-мингук“ може да се преведе како „Република на великиот Хан“. „Хан“ е името на народите на полуостровот и во некои делови на Манџурија. Ова име на народите потекнува од името на единствениот древен бог на корејските народи, наречен „Хананим“.

Нејзините соседи се Кина на запад, Јапонија на исток, Северна Кореја на север, и на Источнокинеското Море на југ. Јужна Кореја се наоѓа во умерена северна зона и има претежно планински релјеф. Нејзината територија зафаќа вкупна површина од 100,032 квадратни километри и има население од речиси 50 милиони. Главен и најголем град е Сеул, со население од 10.421.782 жители.

Археолошки наоди покажуваат дека Корејскиот Полуостров бил населен до стариот (долниот) палеолит. Корејската историја започнува со основањето на Кочосон во 2333 г. п.н.е. од страна на легендарниот Дан-гун. По обединувањето на Трите кралства на Кореја под водство на Шила во 668 г. од н.е., Кореја го помина периодот на династијата Корјо и династијата Чосон како една нација до крајот на Корејската империја во 1910 г., кога Кореја беше присвоена од Јапонија. По ослободувањето и окупацијата од советските и американските сили на крајот од Втората светска војна, нацијата беше поделена на Северна и Јужна Кореја. Јужна Кореја беше основана во 1948 г. како демократија, иако политички превирања и периодите на воена власт и воена состојба, означија голем дел од периодот до основањето на Шестата Република во 1987 г.

По инвазијата на Јужна Кореја од страна на силите од Северот на 25 јуни 1950 г., војната која резултурашемеѓу двете Кореи заврши со Догвор за примирје, но границата меѓу двете земји е најдобро обезбедена граница во светот. По војната, Јужна Кореја забележа зачителен раст и земјата прерасна во голема економија, целосна демократија и регионална сила во Источна Азија.

Јужна Кореја е претседателска република која се состои од шеснаесет административни единици и е развиена земја со многу висок стандард на живеење. Таа е четвртата по големина економија во Азија и 15. (номинална) или 12. (според паритет на куповна моќ) најголема економија во светот. Економијата е ориентирана на извоз, со производство што се задржува на електрониката, автомобилите, бродоградбата, машинството, петрохемикалиите и роботиката. Јужна Кореја е членка на Обединетите нации, СТО (Светската трговска организација), ОЕСР (Организација за економска сработка и развој) и Г-20 големи економии. Исто така таа е еден од основачите на АПЕС (Азиско-тихоокеанска економска соработка) и Источноазискиот самит.

Историја Пред поделбата thumb|left|Чикчи, првата книга испечатена со подвижна метална машина во 1377 х. Национална библиотека на Франција, Париз. Корејската историја започнува со основањето на династијата Чосун (позната и како „Кочосон“ за да се спречи забуна со друга династија основана во 14. век; претставката „Ко“ значи „постар“, „пред“ или „порано“) во 2323 година п.н.е. од страна на Тангун , според корејски митологија за создаванњето на светот. Династијата Кочосон се проширила додека не го контролирала северниот дел на Корејскиот Полуостров и некои делови на Манџурија. По многу конфликти со кинеската династија Хан, династијата Кочосон се распаднала, што доведува до периодот на Прото-Три царства на Кореја.

Во раните векови на нашата ера, царството Пујо, Окчо, Тонгје и конфедерацијата Самхан го окупирале полуостровот и јужниот дел на Манџурија. Од многуте држави, Когурјо, Пекче и Шила ја презеле контролата врз полуостровот како Трите кралства на Кореја. Обединување на трите кралства од страна на Шила во 676 г. доведе до период на Северно-јужна држава (Шила била на југ, а на север Палхе (или Бохаи од кинески)), во кој голем дел од Корејскиот Полуостров бил под контрола на обединета Шила, додека Палхе успеала да преземе контрола врз северните делови на Когурјо.

Во Обединета Шила, луѓето биле охрабрувани да учат поезија и уметност, а будистички култура напредувала. Односите меѓу Кореја и Кина останале релативно мирни во ова време. Сепак, Обединета Шила, ослабнала од внатрешни судири, и му се предала на Горјео во 935 г. Државата Палхе, северен сосед на Шила, била формирана како држава-наследничка на Когурјо. Во периодот кога го достигнала својот врв, Палхе имала контрола врз поголемиот дел од Манџурија и делови од рускиот Далечен Исток. Бил освоена од Китанците во 926 г.

Полуостровот бил обединета од страна на царот Течо од Корјо во 936 г. Како Шила, Корјо била држава со висока културна и од таму потекнува корејските будистички записи Чикчи од 1377 г., со користење на најстарата подвижна метална печатарска преса во светот. Монголска инвазија во 13. век ја ослабела многу Корјео. По речиси 30 години војна, династијата Корјео продолжила да владее во Кореја, иако како сојузник на Монголците. По падот на Монголското Царство, следела тешка политичка борба и династијата Корјо била заменета од династијата Чосон во 1388 г., по бунтот од страна на генералот Ји Сонг-Гје (Течо).

thumb|right|Дворецот Кјонгпок е најголемата на Петте големи дворци изградени за време на династијата Чосон.

Кралот Течо го прогласил новото име на Кореја – „Чосон“ во однос на Кочосон, и ја префрлил престолнината во Хансонг (старото име на Сеул). Првите 200 години од династијата Чосон биле обележани со релативен мир и создавањето на Хангул (корејската азбука) од страна на кралот Сечонг Велики во 14. век и зголемувањето на влијанието на конфуцијанството во земјата.

Помеѓу 1592 г. и 1598 г., Јапонците извршиле инвазија на Кореја. Хидејоши Тотојоми ги предводел силите и се обидел да го нападне азискиот континент преку Кореја, но на крајот бил одбиен од страна на Праведната армија и помошта која стигнала од кинеската династија Минг. Во оваа војна иста така се истакнал адмиралот Ји Сун-син и неговиот познат „брод-желка“. Во20-тите и 30-тите години на 17. век, Манџурците извршиле инвазии на Чосон, а на крајот ја освоил цела Кина.

По уште една серија на војни против Манџурија, во Чосон настапил период од речиси 200 години мир. Кралот Јонгчо и кралот Чонгчо предводеле нова ренесанса на династијата Чосон.

Сепак, последните години од династија Чосон биле обележани од страна на зависноста од Кина за надворешни работи и изолација од надворешниот свет. Во текот на 19. век, со изолационистичка политика, Кореја го заслужи името „Еремтско царство“. Династојата Чосон се обидела да се заштити од Западниот империјализам, но на крајот била принудена да се отвори за трговија. По Првата Сино-јапонската војна и на Руско-јапонската војна, Кореја беше окупирана од страна на Јапонија (1910-1945). На крајот на Втората светска војна, јапонските сили се предадоа на Советскиот Сојуз која го окупира севернит дел на Кореја и американските сили кои го окупираа јужниот дел.

По поделбата

Влада thumb|left|Собрание на Република Кореја Под нејзиниот сегашен устав, државата понекогаш се нарекува Шестата република Јужна Кореја. Како и многу други демократски држави, Јужна Кореја има влада поделена во три гранки: извршната власт, судство и законодавство. Извршната и законодавна власт работат првенствено на државно ниво, иако различни министерства во извршната власт исто така извршуваат функции на локално ниво. Локалните власти се полуавтономни, и содржат сопствени извршни и законодавни тела. Судската власт функционира како на државно, така и на локално ниво. Јужна Кореја е уставна демократија.

Структурата на владата на Јужна Кореја е утврдена со Уставот на Република Кореја. Овој документ е ревидиран неколкупати откако беше прогласен за првпат во 1948 година за независноста. Меѓутоа, тој има задржано многу општи одлики и со исклучок на краткотрајната Втора република Јужна Кореја, земјата отсекогаш имала претседателски систем со независен претседател. Првите директни избори се одржаа во 1948 година. Иако Јужна Кореја доживеа неколку воени диктатури од 1960-тите до 1980-тите години, оттогаш прерасна во успешна либералната демократија. Денес, Светската книга на факти на ЦИА ја опишува демократијата во Јужна Кореја како „целосно функционална модерната демократија“.

Административна поделба Јужна Кореја е поделена на 8 покраини („до“), 1 специјална автономна покраина текпјол („текпјол чачидо“), 6 метрополски градови („квангјок-си“) и 1 специјален град („текбјол-си“). Тие потоа се делат на разни помали единици: градови („си“), околии („кун“), окрузи („ку“), помали градови („еп“), паланки („мјон“), маала („донг“) и села („ри“).

Покраинските единици се првостепени административни единици во земјата. Се делат на пет групи: покраини, специјални самоуправни покраини, специјални градови, метрополски градови и специјални самоуправни градови.

КартаКодИмекорејски(хангул)корејски(ханча)СтатусКратенки за статусот: СГ = специјален град, МГ = метрополски град, ССГ = специјален самоуправен град, П = покраина, ССП = специјална самоуправна покраина.KR-11Сеул서울 특별시서울特別市СГKR-26Пусан부산 광역시釜山廣域市МГKR-27Тегу대구 광역시大邱廣域市МГKR-28Инчон인천 광역시仁川廣域市МГKR-29Квангџу광주 광역시光州廣域市МГKR-30Теџон대전 광역시大田廣域市МГKR-31Улсан울산 광역시蔚山廣域市МГKR-??Сеџонг세종 특별자치시世宗特別自治市ССГKR-41Кјонги경기도京畿道ПKR-42Кангвон강원도江原道ПKR-43Северен Чунгчонг충청북도忠清北道ПKR-44Јужен Чунгчонг충청남도忠清南道ПKR-45Северна Чола전라북도全羅北道ПKR-46Јужна Чола전라남도全羅南道ПKR-47Северен Кјонгсанг경상북도慶尙北道ПKR-48Јужен Кјонгсанг경상남도慶尙南道ПKR-49Чеџу제주 특별자치도濟州特別自治道ССП

Војска

Географија мини|десно|Топографија на Јужна Кореја

Јужна Кореја го зафаќа јужниот дел на Корејскиот Полуостров, кој се протега на околу 1.100 километри од азискиот континент. Овој планински полуостров е опкружен со Жолто Море на запад и Јапонско Море на исток. Неговиот јужен врв лежи на Корејскиот Проток и Источнокинеското Море.

Земјата, вклучувајќи ги и сите нејзини острови, лежи на 33° и 39° СГШ и 124° и 130° ИГД. Нејзината вкупна површина е 100.032 квадратни километриThe estimated area rises steadily from year to year, possibly because of land reclamation. .

Јужна Кореја може да се подели на четири општи региони: источен регион со високи планински масиви и тесни крајбрежни рамнини; западен регион со широки крајбрежни рамнини, речни сливови и ридови; југозападен регион на планини и долини; и југоисточниот регион доминиран од широкиот басен на реката НактонганGeography of Korea, Asia Info Organization.

Земјиштето на Јужна Кореја е главно планинско, од кое поголемиот дел не се обработува. Низините, кои се наоѓаат првенствено на запад и југоисток, сочинуваат само 30% од вкупната површина на земјиштето. Kлима

Околу три илјади острови, претежно мали и ненаселени, лежат во западниот и јужниот брег на Јужна Кореја. Чеџу е околу 100 километри од јужниот брег на Јужна Кореја. Тој е најголемиот остров во земјата, со површина од 1.845 квадратни километри. Чеџу е исто така место на највисоката точка на Јужна Кореја: алик, изумрен вулкан, кој достигнува 1.950 метри надморска височина. Јужна Кореја има 20 национални паркови. Еколошкиот парк Сунчон и првиот национален парк на Чирисан.