Ирак е држава во Западна Азија, односно на Блискиот Исток. Се граничи со Кувајт и Саудиска Арабија на југ, со Јордан на запад, со Сирија на северозапад, со Турција на север и со Иран на исток. Главен град е Багдад. Независна држава е од 1932 година, а беше монархија сè до 1958 година.
Населението на Ирак е етнички и верски хетерогено, иако исламот е најзастапена религија со 95%. Трите доминантни заедници се: Арапите шиити (околу 60% од населението), Арапите сунити (околу 20%) и Курдите (околу 15%).
По воената интервенција на САД врз Ирак од 2003 година соборен е дотогашниот режим на Садам Хусеин и Ирак од април 2003 до јули 2004 се наоѓаше под окупација на САД, Британија и нивните сојузници. На 28 јули 2004 власта ѝ е предадена на Привремената влада, иако странските сили продолжија да бидат присутни во земјата и ја имаа вистинската власт до 2011 година. Против окупацијата на западните сили предводени од САД активно се бореше одреден дел од населението на Ирак, а и по повлекувањето на западните сили предводени од САД продолжи бунтот против централната власт.
Ирак е земја која поседува големи резерви на нафта.
Потекло на поимот Арапското име العراق (al-ʿIrāq) е во употреба за државата уште од 6 век. Денес постојат неколку тези за потеклото на името. Според една теза, името е поврзано со сумерскиот град Урук.John A. Halloran, [http://sumerian.org/sumerlex.htm Sumerian Lexicon], v.3.0 (2000) Според професорот Вилхелм Ејлерс, името Ирак во арапскиот јазик е преземено од персискиот збор erāq и значи „низина“.W. Eilers (1983), "Iran and Mesopotamia" in E. Yarshater, The Cambridge History of Iran, vol. 3, Cambridge: Cambridge University Press
Историја
Географија и клима
150px|left|Карта на Ирак. Ирак се наоѓа во Блискиот Исток и со 437.072 км2 Ирак е 58 најголема држава во светот. На север Ирак се граничи со Турција, на запад со Сирија, Јордан и Саудиска Арабија, на југ со Кувајт и Саудиска Арабија, а на запад се граничи со Иран. На југозапад државата изглегува на Персискиот Залив. Ирак е втора земја во светот по резерви на нафта, веднаш за Саудиска Арабија.
Ирак е составен претежно од пустина, но во близина на реките Тигар и Еуфрат има плодна почва погодна за земјоделство и сточарство. Северниот дел од државата претежно е составен од планини, каде највисокиот врв има 3.611 метри, кој на картите нема име а локално се нарекува Шиха Дар. На југ Ирак има мал брег кој има само 58 километри. Покрај брегот имало мочурливи површини, но истите биле исушени во 1990-те.
Климата во Ирак е пустинска, со сушни и ладни зими и суви, топли лета. Северниот дел има понекогаш нешто поладни периоди кога има и снег.
Политички систем
Административна поделба
мини|денсо|Карта на покраините во Ирак Ирак е поделен на 19 покраини (, „мухафази“). Покраините потоа се делат на окрузи (кади), а тие пак, на подокрузи.
Анбар (الأنبار) Багдад (بغداد) Басра (البصرة) Вавилон (بابل) Васит (واسط) Дохук (دهوك) Ди Кар (ذي قار) Дијала (ديالى) Ербил (أربيل) Кадисија (القادسية) Карбала (كربلاء) Киркук (التاميم) Мајсан (ميسان) Мутана (المثنى) Наџаф (النجف) Нинива (نينوى) Саладин (صلاح الدين) Сулејманија (السليمانية) Халаџба (од 2014)
Ирачки Курдистан
Ирак од 2005 г. ја признава автономијата на регионот Ирачки Курдистан (Јужен Курдистан), чие подрачје навлегува во покраините Ербил, Дохук, Сулејманија и Халаџба. Непосредната власт врз извесни делови од регионот е сè уште предмет на спор помеѓу овие две управи.
Стопанство
Во економијата на Ирак доминира нафтениот сектор, кој традиционално придонесува околу 95% девизна заработка на Ирак. Недостатокот од развој на другите сектори резултирал со стапка на 18-30% невработеност. Вработеноста во јавниот сектор сочинува вкупно 60% од сите вработени на полно работно време во 2011 година. Нафтената индустрија, која доминира со ирачката економија, вработува релативно мал број на работници. Пред окупацијата од страна на Америка, во Ирак бил застапен системот на централно планирање на економијата со забрана на странска сопственост над ирачките економски субјекти. Во еден таков економски систем, поголемиот дел на индустриските претпријатија бил во сопственост на државата, а на оние кои биле за странска употреба им биле наменети високи тарифи.
И покрај тоа што залихите на нафта имаат огромно светско значење, Ирак е една од најсиромашните држави на Блискиот Исток. Причини за повеќегодишната криза и сиромаштија се војните штети од ирачко-иранската војна 1980–88 (околу 35 милијарди американски долари), штетата од војната со САД и со нивните сојузници по ирачката окупација на Кувајт во 1991 година (околу 60 милијарди американски долари), како и штети од останати санкции.
Главни земјоделски производи се оризот, ’рж, пченица, домат и памук. Во сточарството во најголема мера се одгледуваат овци и живина.
Најголемиот дел од производите се во државна сопственост. Во 2001 година вредноста на извозот била 15 милијарди американски долари, а вредноста на увозот околу 12 милијарди американски долари. Главни трговски партнери на Ирак се Русија, Франција, Египет и Кина.
Население, јазик и религија
Етнички групи
Населението на Ирак е претежно арапско, но во земјата живеат и други етнички групи, меѓу кои Курди, Туркмени, Асирци, Јазиди, Шабаци, Ерменци, Мандејци, Черкези и Каулија.
Според извештај на Европската парламентарна истражувачка служба, во 2015 година во Ирак живееле околу 24 милиони Арапи, од кои 14 милиони биле шиити, а 9 милиони сунити; 4,7 милиони сунитски Курди, како и 500.000 Фејлиски Курди и 200.000 Какаи; 3 милиони ирачки Туркмени, од кои повеќето биле сунити; 1 милион Ирачани со африканско потекло; 500.000 христијани, вклучувајќи Асирци и Ерменци; 500.000 Јазиди; 250.000 Шабаци; 50.000 Роми; 3.000 Мандејци; 2.000 Черкези; 1.000 припадници на бахаи верата; и неколку десетици Евреи.
Според CIA World Factbook, повикувајќи се на проценка на ирачката влада од 1987 година, 75–80% од населението на Ирак било арапско, а 15–20% било курдско. Останатите 5% ги сочинувале други етнички и верски малцинства, меѓу кои Туркмени, Асирци, Јазиди, Шабаци, Какаи, Бедуини, Роми, Черкези, Мандејци и Персијци. Сепак, Меѓународната кризна група посочува дека податоците од пописот од 1987 година, како и од пописите во 1967, 1977 и 1997 година, „се сметаат за мошне проблематични поради сомнежите за манипулација од страна на режимот“, бидејќи на ирачките граѓани им било дозволено да се изјаснат само како Арапи или Курди; поради тоа, бројноста на другите етнички малцинства, меѓу кои и Туркмените, била потценета.
Историскиот Асирски кварт во Багдад во 2003 година бил дом на околу 150.000 Ерменци. Повеќето од нив го напуштиле градот по ескалацијата на војната, а денес во него живеат само околу 1.500 Ерменци. Околу 20.000 маршовски Арапи живеат во јужен Ирак. Во Ирак живее и заедница од околу 2.500 Чеченци, како и околу 20.000 Ерменци.
Во јужен Ирак живее заедница на Ирачани со африканско потекло, која претставува наследство од ропството практикувано во исламскиот калифат, кое започнало уште пред бунтот на Занџ во IX век, како и од улогата на Басра како важно пристаниште. Ирак е најнаселената земја на Арапската Плоча.
Јазик
Службени јазици во оваа држава се арапскиот и курдскиот јазик. Околу 75% од населението го зборува арапскиот јазик, додека пак курдскиот јазик го зборуваат само 20%. Во употреба се уште и туркменскиот јазик (дијалект на турскиот јазик), асирскиот и ерменскиот јазик. Исто така од западните јазици најмногу се зборува англискиот јазик. Курдскиот јазик најмногу се зборува на северот на земјата. Ерменскиот јазик најмногу се зборува од останатиот дел на хрисијанското население.
Арамејскиот и јужноазерскиот се регионални јазици. Ерменскиот и персискиот јазик се застапени, но во споредба со другите јазици во помала мера. Поголемиот дел од ирачките курди ги зборуваат и курдскиот и арапскиот јазик. Туркмените го зборуваат азери јазикот, асирците зборуваат на различни ерменски дијалекти. Според уставот на Ирак сите граѓани имаат право на образование на мајчин јазик.
Култура
Наводи
Поврзано Багдад Месопотамија Ирачка војна
Надворешни врски
Национален медиски центар Претседател на Ирак Ирачкиот кабинет Ирачки парламент Шефот на државата и кабинетот
Категорија:Држави во Југозападна Азија Категорија:Близок Исток Категорија:Месопотамија Категорија:Држави во Азија Категорија:Држави и територии настанати во 1932 година