Социјалистичка Република Виетнам (виетнамски: Cộng Hoà Xã Hội Chủ Nghĩa Việt Nam), или скратено Виетнам е земја во југоисточна Азија. Се протега на полуостровот Индокина, и граничи на север со Кина, на запад со Лаос, на југозапад со Камбоџа, како и со Јужнокинеското Море на исток. Таа е најнаселена земја на копното на Југоисточна Азија.

Потекло на поимот Гиа-Лонг, виетнамски владетел, на своето крунисување во 1802 година, посакал неговото кралство да се вика Нам Виет и испратил гласник за да добие согласност од Пекинг. Но, Синот на Небото Манчу (кинескиот цар) настојувал името да биде Виет Нам. Причината за оваа инверзија е следново: Виет Нам (на кинески Јуех-нан) значи, приближно, јужно од Виет (Јуе), подрачје кое било освоено од кинеската династија Хан седумнаесет векови порано и за кое се смета дека ги опваќало и денешните кинески провинции Квантунг и Квангси, како и долинината на Црвената Река. Нам Виет за Гиа-лонг значело Јужен Виет (Јуех), односно претензија врз старото царство. Според Александар Вудсајд: тешко дека виетнамските владетели од пред еден век го почитувале името Виетнам како целина еманирано од Пекинг, онака како што се почитува во овој век (20 век б.н). Како вештачки службен назив, не го употребувале многу ни Кинезите ни Виетнамците. Кинезите се залепиле за навредливиот Т‘ анг збор Анам... Виетнамскиот двор, од друга страна, на своја рака измислила ново име за своето кралство во 1838-39 и не чувствувал потреба да го информира кинескиот двор за тоа. Новото име Даи Нам, Големиот Југ или Империјалниот Југ, редовно се појавувало во дворските документи и службените историски компилации. Но, не опстанало до денес.Бенедикт Андерсон, Замислени заедници, размислувања за потеклото и ширењето на национализмот, ревидирано издание, Скопје, Култура, 1998

Историја

Географија и клима

Политички систем

Административна поделба мини|лево|Карта на покраините во Виетнам

Виетнам се дели на 58 покраини () и 5 општини од ист степен како покраините (thành phố trực thuộc trung ương). Владата ги групира покраините во 8 региони, но истите се користат нередовно и класификацијата не е строга и постојат други алтернативни групирања.

Покраините се делат на окрузи (huyện), покраински градови (thành phố trực thuộc tỉnh) и околиски градови (thị xã), кои пак се поделени на општински градови (thị trấn) или општини (xã).

Општините се поделени на рурални окрузи (huyện) и урбани окрузи (quận), поделени на реони (phường).

Со покраините раководи „народен совет“ кој го избираат жителите. Советот назначува „народен комитет“, кој претставува извршен огранок на покраинската управа. Ваквата поставеност е упростена варијанта на државната управа на земјата. Покраинските управи се потчинети на централната влада.

Стопанство

Демографија

Религија

Култура

Виетнам како тема во уметноста и во популарната култура „Виетнам“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 112. „Виетнам“ (англиски: Viet Nam) - песна на американската рок-група „Минитмен“ (Minutemen) од 1984 година.Discogs, Minutemen ‎– Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)

Наводи

Поврзано Ханој Виетнамци Виетнамски јазик Виетнамска војна

Надворешни врски

Општо Профил на Виетнам на BBC

Виетнам на UCB

Влада Portal of the Влада на Виетнам Комунистичка партија на Виетнам Националното собрание Статистичко биро Министерство за надворешни работу Шеф на држава и кабинет Официјално туристичко биро

* Категорија:Држави во Азија Категорија:Републики Категорија:Комунистички држави Категорија:Еднопартиски држави Категорија:Држави и територии настанати во 1976 година