Камбоџа, официјално Кралство Камбоџа ( — Preăh Réachéanachâkr Kâmpŭchea) или позната по старото име Кампучија — држава во Југоисточна Азија. Камбоџа се граничи со Тајланд на запад и северозапад, со Лаос на север и со Виетнам на исток, додека на југ излегува на Тајландскиот Залив. Главен град на Камбоџа е Пном Пен и службен јазик во државата е кмерскиот јазик. Вкупната површина на Камбоџа изнесува 181.035 км2 каде живеат околу 14.805.000 жители.
Камбоџа е уставна монархија каде на чело на државата се наоѓа кралот Нородом Сихамони. Покрај тоа што Пном Пен е главен град на државата, тој е и најголем политички, трговски, индустриски и културен центар во државата. Градот Сием Реап се наоѓа во близина на Ангкор Ват и често се смета за капија на ангкорскиот регион. Сием Реап, заедно со Ангкор Ват се главните турситички одредишта во државата. Покрај овие два града, во Камбоџа се значајни и градовите Батамбанг, кој е познат по производството на ориз и Сиханоуквил, кој е значаен пристаништен центар.
Камбоџа е претежно населена од етнички Кмери, кои понекогаш се нарекуваат и Камбоџанци. Поголем дел од населението на Камбоџа се следбеници на будизмот. Покрај Кмерите, во Камбоџа живеат и мали заедници на Чами, Кинези и Виетнамци.
Земјоделството во Камбоџа отсекогаш било главен економски сектор, каде околу 59% од населението опстојуваат од земјоделството и земјоделското производство, претежно ориз. Покрај земјоделството, значајни економски сектори се и градежништвото и туризмот. Во 2005 година во Камбоџа биле пронајдени резерви на нафта и природен гас, што, ако профункционира, би значело голем успех и развој за камбоџанската економија.
Потекло на поимот лево|мини|150x150пкс|"Кмерска Земја" на кмерска азбука, локален назив за државата. Името „Камбоџа“ е назив кој влегол во македонскиот јазик преку францускиот назив за државата Cambodge, додека пак вториот назив „Кампучија“ Kâmpŭchea (កម្ពុជា) е име за Камбоџа кое потекнува од античкото име на кмерското кралство Камбуџа. Камбуџа е античко санскритско име за племето Камбоџаси во Индија.Casey, Robert. Four Faces of Siva. Indianapolis: Bobbs-Merrill Company, 1934, p 88-100.
Preahreachanachâk Kampuchea значи "Кралство Камбоџа". Етимолошки,овој назив е составен од Preah- ("свето"); -reach- ("крал, кралство", од санскритски); -ana- (од пали , "авторитет, сила", од санскритски , исто значење) -châk (од санскритски chakra, значи "тркало", симбол на моќ).
По независноста, официјалното име на Камбоџа се променило неколкупати. Овие се имињата кои се користеле за државата:
Кралство Камбоџа - кога државата била кралство од 1953 до 1970; Кмерска Република од 1970 до 1975; Демократска Кампучија - под раковоство на комунистичкиот режим од 1975 до 1979; Народна Република Кампучија - од 1979 до 1989; Држава Камбоџа (неутрално име за време на дебатата дали да се воздигне монархијата повторно) од 1989 до 1993; Кралство Камбоџа - од 1993 по воведувањето на монархијата.
Историја
Праисторија thumb|200px|right|Баксеј Чамкронг, храм кој е во близина на наоѓалиште од Железното доба на камбоџанската историја. thumb|200px|left|Скулптури во Ангкор.
Цврстите материјални докази за постоење на човечка цивилизација во праисторијата се присутни во помал број на територијата на Камбоџа. Претежно, до сега се пронајдени алатки изработени од кварц на терасите на реката Меконг во покраините Стунг Тренг и Кампот, но нивната веродстојност не сè уште сигурна.
Некои археолошки докази кои се пронашле во Камбоџа посочуваат на постоење на заедници од берачи на плодови и ловци на животни. Најстарото археолошки место во Камбоџа се верува дека е Ланг Спеан во покраината Батамбанг. Според ископините во долните делови на наоѓалиштето биле пронајдени радиокарбонати кои датираат од 6000 г.п.н.е. Во истото наоѓалиште, во погорните слоеви, се пронајдени неолитски остатоци кои воедно се и најстарите керамички артефакти пронајдени во Камбоџа.
За периодот од Холоценот па сè до периодот на Железното доба постојат ограничен број материјални докази. Останати праисториски наоѓалишта со несигурен датум на постоење се Самронг Сен, каде за првпат почнало да се ископува во 1877 година,, p.120 и Пум Снај. Праисториските артефакти доста често се пронаоѓаат за време на рударските операции во Ратанакири.
Најпознатите праисториски докази во Камбоџа се кружните обликувања на почвата кои се пронајдени во Мемот и се составени од вештачки ископини во црвеника. Нивната намена и датумот на создавање сè уште не се разјаснети, но некои археолози предлагаат дека тие датираат од 2 милениум п.н.е.
Важен елемент во праисториска Камбоџа било населнувањето на одгледувачите на ориз, кои почнале да се населуваат во 3 милениум п.н.е. и се движеле од север кон југ. Се претпоставува дека овие луѓе зборувале на мон-кмерски јазик., pp.13–22
Обработката на железо во Камбоџа започнала уште во 500 г.п.н.е. Најголем број докази за овој период од камбоџанската историја доаѓаат од наоѓалиштата на платото Корат, денес во Тајланд. Под ангкорските храмови, како што е Баксеј Чамкронг, се пронашле исто така одреден број на населни од Железното доба.
Ангкорски период
За време на третиот, четвртиот и петтиот век, индизираните кралства Фунан и Ченла опстојувале на денешните територии на Камбоџа и југозападен Виетнам. Според голем број научници, овие две држави биле кмерски, но имале големо влијание од Индија.Country-Studies.com. Country Studies Handbook; information taken from US Dept of the Army. Retrieved July 25, 2006.
Повеќе од 2000 години, Камбоџа била под силно влијание од Индија и Кина, влијанија кои преминале кон Тајланд, Виетнам и Лаос.Britannica.com. History of Cambodia.. Retrieved July 25, 2006. Кмерската Империја се развила на денешната територија на Камбоџа во периодот од 9 до 13 век. Во 13 век, будизмот започнал да се расширува во регионот преку монаси од Шри Ланка. Од тој период, постепено будизмот започнал да се зајакнува и со тек на времето станала најголема религија во државата. Иако Кмерската Империја својот најголем подем го имала до 13 век, сепак таа била значаен политички елемент сè до 15 век. Центар на Кмерската Империја бил Ангкор, каде се граделе и наоѓале неколку главни града на Империјата. Според проценките, во тоа време Ангкор можел да опстојува и со милион жители.Metropolis: Angkor, the world's first mega-city, The Independent, August 15, 2007 Ангкор, најголемата пред-индустриска населба во светот, и Ангкор Ват, најпознатиот и најпосетуван храм во Камбоџа, биле и се значајни сегменти во камбоџанската историја и цивилизација.
Црн период
После долг период исполнет со војни со соседните кралства, Ангкор потпаднал под власт на Кралството Ајутаја и бил напуштен во 1432 година поради еколошки причини и пропаст на инфраструктурата.Chandler, David P. "The Land and the People of Cambodia". 1991. HarperCollins. New York, New York. p 77Scientists dig and fly over Angkor in search of answers to golden city's fall, The Associated Press, June 13, 2004 Кралското семејство и кралскиот двор се преселил во Ловек, каде краток период се одржала одредена независност на чело со кмерскиот крал. По овој краток период, повторно продолжиле војните со Ајутаја кои резултирале со губење на уште голем дел од територијата. Во 1594 година Ловек потпаднал под целосна окупација. Во следните три века, Кмерското Кралство било вазалско кралство на Кралството Ајутаја и на виетнамскиот крал.
Француска Индокина thumb|right|150px|Кралот Нородом
Во 1863 година, кралот Нородом, кој бил инсталиран од страна на Тајланд, побарал заштита од Франција поради зачестените тензии помеѓу Тајланд и Виетнам. Во 1867 година, тајландскиот крал потпишал договор со Франција кога се прогласило сизеренство врз Камбоџа, а Тајланд поради тоа во замена ги зазел териториите на покраините Батамбанг и Сием Реап. Овие покраини се вратиле под власт на Камбоџа со пограничниот договор помеѓу Франција и Тајланд во 1906 година.
Камбоџа останала под француска контрола од 1836 до 1953 година, иако во периодот од 1941 до 1945 била под јапонска контрола. По смртта на кралот Нородом во 1904 година, Франција манипулирала со изборот на новиот крал и братот на Нородом, Сисват, бил прогласен за нов крал на Камбоџа. Престолот на Камбоџа бил празен во 1941 година кога умрел кралот Монивонг, син на Сисоват, и Франција не дозволила синот на Монивонг да биде прогласен за крал бидејќи се плашела дека тој сака да ја види Камбоџа како слободна земја. Наместо него, како крал на Камбоџа бил прогласен внукот на Сисоват кој имал само 18 години. Французите го крунисале Нородом Сиханоук бидејќи мислеле лесно ќе го контролираат, но тие се излажале и под негово владеење Камбоџа се стекнала со независност на 9 ноември 1953 година.
Независност и Виетнамската војна
Камбоџа станала уставна монархија кога на чело на државата бил кралот Нородом Сиханоук. Кога Француска Индокина ја предала независноста, Камбоџа официјално ја изгубила контролата на делатата на реката Меконг, бидејќи таа област била дадена под контрола на Виетнам. Оваа област била контролирана од Виетнамците од 1698 година кога кралот Чеј Чета II дал дозвола на Виетнам за доселување на народот.
thumb|left|200px|Средбата на Нородом Сиханоук во Пекинг. На сликата се и Мао Цетунг и Лиу Шаоки.
Во 1955 година, Сиханоук се откажал од кралскиот престол, кој го презел неговиот татко, и станал премиер на Камбоџа. По смртта на неговиот татко во 1960 година, Сиханоук повторно станал крал на Камбоџа, но овој пат со титула Принц на Камбоџа. Како што се развивала Виетнамската војна, Сиханоук прогласил политика на неутралсност за време на Студената војна, иако се знаело дека бил симпатизер на комунизмот. За време на неговата посета на Пекинг во 1970 година се случил државниот удар во Камбоџа предводен од пермиерот и генерал Лон Нол, поддржан од САД. Кралот побарал веднаш да се отфрли власта во Камбоџа која била поддржана од САД, но после ова следела граѓанската војна во Камбоџа. Многу наскоро припадниците на Црвените Кмери се приклучиле кон поддршката за кралот, но нивната намера била сосема друга.
Помеѓу 1969 и 1973 година, кога САД воделе војна во Јужен Виетнам, на краток период САД навлегле и во Камбоџа со намера да ги соборат комунистичките органи во Северен Виетнам и Камбоџа. Околу два милиони Камбоџанци избегале и се населиле во Пном Пен. Бројката на настрадани Камбоџанци за време на бомбардирањето не сосема позната. Според Воздухопловната седма единица на САД, бомбардирањата го спречиле потпаѓањето на Пном Пен под контрола на Црвените Кмери.Shawcross, Sideshow p. 298. Спротивно на тоа, новинари кои се занимавале со оваа проблематика тврдат дека во рамките на Црвените Кмери имало и обични граѓани кои насилно биле регрутирани, како резултат на американските бомбардирања.e.g. Chandler, David P. Pacific Affairs, vol. 56, no. 2, Summer 1983, p. 295.
Период на Црвените Кмери
Како што војната завршувала, така американските воени експерти забележале дека во Камбоџа започнала да се шири глад, кога околу 75% од живата стока била уништена, а сеидбата и жетвата на ориз не ни биле планирани.
thumb|right|200px|Жртви на Црвените Кмери. Низ земјата има голем број масовни гробници, а денес меморијални центри за овој темен период од камбоџанската историја.
Црвените Кмери стигнале во Пном Пен и ја презеле контролата на градот во 1975 година. Црвените Кмери биле предводени од Пол Пот и името на државата било официјално променето во Демократска Кампучија. Властите веднаш го евакуирале градот и населението го испратиле во руралните области каде се одвивале работнички проекти. Тие се обиделе да го обноват земјоделието на Камбоџа според модел од 11 век. Покрај тоа, тие воопшто не воделе грижа за медицината, уништувале храмови, библиотеки и сè што се сметало за дел од западната култура. Околу еден милион Камбоџанци, од вкупно осум милиони, умреле од замор, глад и болести.Kaplan, Robert D., The Ends of the Earth, Vintage, 1996, p. 406.
thumb|200px|left|Меморијален центар каде се сместени дел од остатоците од жртвите во Камбоџа.