Брунеј е островска држава во Југоисточна Азија. Се наоѓа на островот Борнео. Главен град е Бандар Сери Бегаван.

Државно уредување и меѓународни односи

tumb|200px|right|Карта на Брунеј.

Од 1959 година Брунеј е парламентарна монархија, но всушност султанот има поголема законодавна и извршна власт, па за Брунеј може да се каже дека има апсолутистичка монархија. Постои законодавен совет кој брои 20 членови и кој има советодавен карактер, но сите закони ги носи султанот. Султанот е истовремено шеф на државата и претседател на владата. Сегашниот султан, Падука Сери Багинда Султан Хаји Хасанал Болкиах Му’изадин Вадаулах (скратено Хасанал Болкиах), владее од 1967 година и се смета за најбогат владетел и еден од најбогатите луѓе во светот.

Брунеј е полноправен член на Обединетите Нации, АСЕАН и Светската трговска организација.

Административна поделба

мини|десно|Карта на окрузите во Брунеј

Брунеј е поделен на 4 окрузи („даера“). Тие понатаму се делат на вкупно 38 покраини („муким“).Административна поделба на Брунеј - Statoids

Бр. Округ </tr> 1. Белајт </tr> 2. Брунеј-Муара </tr> 3. Тембуронг </tr> 4. Тутонг </tr>

Стопанство

Главна економска активност во државата е производството на нафта и на гас. БДП по жител е значително поголем за разлика од оној во регионот, но економијата на Брунеј е чувствителна на флуктуацијата на светскиот пазар на нафта.

Што се однесува до земјоделството најмногу се одгледуваат банана, ананас и ориз. Риболовот е исто така прилично развиен во државата.

Население, јазик и религија Јазик

Главен говорен јазик во државата е брунејскиот малајски јазик. Брунејскиот малајски јазик значително се разликува од стандардниот малајски јазик, но исто така и од другите малајски дијалекти. Брунејскиот малајски јазик е сроден со стандардниот малајски само 84%, што го прави неразбирлив со малајскиот. Англискиот и кинескиот јазик исто така се зборуваат. Англискиот јазик се користи во работата, но и како јазик од основно во високо образование. Во државата релативно е висока странската заедница. Голем дел од иселениците доаѓаат од немуслимански земји, како што се Австралија, Обединетото Кралство, Јапонија, Филипини, Индија и Тајланд. Други јазици и дијалекти кои се зборуваат се кедајански малајски, арапски, тутонг малајски, мурут и дусун јазикот.

Наводи

Категорија:Брунеј Категорија:Држави во Азија Категорија:Островски земји Категорија:Држави и територии настанати во 1984 година Категорија:Членки на Комонвелтот