Пустина е секое место на Земјата каде условите за живот се многу оскудни или воопшто ги нема.

мини|десно|300п|Пустина со бел песок

Пустините се копнени подрачја кои имаат помалку од 250мм врнежи годишно. Тоа се соголени предели со незабени висови, карпести кањони и рамнини покриени со чакал и дини. Пустина е подрачје кое поради минималната влага нема вегетација. Иако пустините се познати по теоријата дека има многу малку живот, сепак во пустините има развиен животински свет.

Ерозијата на пустините создава карактеристични облици, а ја предизвикуваат силни ветрови, големи разлики во температурата меѓу денот и ноќта и повремени води кои бликаат. Пустините покриваат околу 12% од копното, а уште третина се претвора во пустина (опустинување).

Видови пустини

Континентални пустини, најчесто се создаваат бидејќи се предалеку од морето, па ветровите не им носат дождови. Ветрот преминува илјадници километри пред да стигне до тие пустини, а за тоа време, додека да стигне до нив ја губи својата влага. Најпозната континентална пустина е и воедно најголемата на светот - Сахара. мини|десно|300п|Сахара Пустини „позади планини“, се такви пустини кои најчесто се создаваат позади планинските венци. Додека ветрот преоѓа преку планините, влагата која ја носи паѓа како дожд, а од друга страна пак ветрот е сув. Најпозната пустина од овој тип е Атакама во Чиле. Ледени или поларни пустини

Поларните пустини се оние пустини на кои годишното количество на дожд изнесува околу 250 милиметри и оние кои средната температура во најтоплите денови изнесува 10° С. Најпозната пустина од овој тип е Суводолицата на Антарктикот.

Песочни дини

мини|десно|300п|Песочни дини

Песочните дини се создаваат на зарамнети подрачја. Висината им варира од неколку метри до 200 м, а можат да бидат широки и до 900 м. Постојат неколку типа на песочни дини:

Бархани, односно дини со кикиришка и два рога кои најмногу се високи до 30 м. Тие се секогаш во движење; Сеифи, односно долги песочни гребени на места сиромашни со песок, а со силни ветрови. Можат да бидат високи и до 215 м. Попречни дини, односно овие песочни гребени се раздвоени со длабоки ровови. Тие се создаваат под прав агол во однос на правецот на ветерот; Ѕвездести дини, односно се создаваат од повеќе дини кога се среќаваат неколку гребени, а ветрот дува од различни страни односно правци;

Најголеми пустини

Пустина Плоштина (км2) 1 Сахара (Африка) 9 000 000 2° Арабиска Пустина (Азија) 2 300 000 3° Гоби (Азија) 1 200 000 4° Калахари (Африка) 580 000 5° Голема Песочна Пустина (Австралија) 414 000 6° Каракум (Азија) 350 000 7° Такла Макан (Азија) 344 000 8° Сонора (Северна Америка) 312 000 9° Намибиска Пустина (Африка) 310 000 10° Тар (Азија) 260 000

Пустината како тема во уметноста и во популарната култура „Татарска пустина“ — роман на италијанскиот писател Дино Буцати.Дино Буцати, Татарска пустина. Скопје: Ѓурѓа, 2007. „Утро во пустината Гоби“ — песна на монголскиот поет Сормуниршин Дашдоров.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 63-64. „Пустина“ — песна на југословенскиот поет Мак Диздар.Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 29-30. „Метла или цветот на пустината“ (италијански: La ginestra o il flore del deserto) — песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1836 година.Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 48-56. „Пустина“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 81. „Откривање на пустињата“ — циклус песни на македонскиот поет Матеја Матевски од 1973 година.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 189-205. „Пустински цвет“ — збирка поезија на македонскиот поет Сашо Огненовски од 2015 година.„Објавена книга со драми на Сашо Огненовски“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 17. „Споменот на пустината“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 46-47. „Пустина“ — песна на Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 15. „Пустините на љубовта“ — песна на францускиот поет Артур Рембо.Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968. „Писмото на пустината“ — краток расказ на македонскиот писател Влада Урошевиќ.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 57. „Горд во пустината“ — песна на арапскиот поет Шанфара.Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 10-11. „Пустина“ (шпански: Desierto) — мексиканско-француски филм на режисерот Хонас Куарон од 2015 година.Кинотека на Македонија, Програма - февруари 2017 „За пустината“ (српски: O pustinji) — песна на српската група Darkwood Dub од 1998 година.Darkwood Dub, Elektro pionir. Free B92, CD001, 1998. „Пустинска бура“ (англиски: Desert Storm) — песна на британската техно-група Orbital од 1991 година.Orbital – Orbital (пристапено на 3.6.2023) „Шарена пустина“ (англиски: Painted desert) — песна на американската поп-рок група 10 000 Maniacs од 1987 година.YouTube, 10,000 MANIACS - The Painted Desert (пристапено на 22.9.2017)

Поврзано Полупустина Пустинска клима Список на пустини по површина

Наводи

Категорија:Екосистеми Категорија:Геоморфологија