Кинескиот јазик (汉语/漢語, Ханји; 中文, Џунгвен) — јазик или за јазично семејство и првично се зборувал од ханските Кинези во Кина. Тој ја сочинува една од двете гранки на синотибетското јазично семејство.*David Crystal, The Cambridge Encyclopedia of Language (Cambridge: Cambridge University Press, 1987) , стр. 312. “The mutual unintelligibility of the varieties is the main ground for referring to them as separate languages.” Charles N. Li, Sandra A. Thompson. Mandarin Chinese: A Functional Reference Grammar (1989), стр. 2. “The Chinese language family is genetically classified as an independent branch of the Sino-Tibetan language family.” Jerry Norman. Chinese (1988), стр. 1. “The modern Chinese dialects are really more like a family of language. Околу една шестина од светското население, или над милијарда луѓе, зборуваат некаков кинески како мајчин јазик. Дали кинеските варијанти можат да се наречат „јазици“ или „дијалекти“ е прилично спорна тема. Како јазично семејство, кинескиот има околу 1.2 милијарди говорници; само мандаринскиот има околу 850 милиони говорници, бројно надминувајќи ги сите јазици на светот.

Говорниот кинески се одликува со голема внатрешна разнообразност, иако сите кинески варијанти се тонски и аналитички. Постојат помеѓу шест и дванаесет регионални групи на кинески (зависно од начинот на класификација), од кои (во огромна мера) предоминантен е мандаринскиот (~ 850 милиони), а по него следи ву (~ 90 милиони), мински (~ 70 милиони) и кантонскиот (~ 70 милиони). Највеќето од нив се меѓусебно разбирливи, иако некои, како сјанг и југозападните мандарински дијалекти се разбирливи во извесна помала мера. Кинескиот се класификува како макројазик со тринаесет подјазици ISO 639-3, иако прашањето дали овие се „јазици“ или „дијалекти“ е мошне спорно.

Стандардизираната форма на говорниот кинески се нарекува стандарден мандарински „普通话 (путунгхуа); 国语 (гуоју)“, кој е заснован на пекиншкиот дијалект. Стандардниот мандарински е службен јазик на Народна Република Кина, Република Кина (Тајван), како и еден од четирите службени јазици на Сингапур. Кинескиот (де факто стандарниот мандарински) е еден од петте службени јазици на ООН. Од другите варијанти, стандарниот кантонски е распространет и влијателен во кантонојазичната дијаспора, и е еден од службените јазици во Хонгконг (заедно со англискиот) и во Макао (заедно со португалскиот). Јужноминскиот јазик, дел од минската јазична група, се зборува нашироко во Фуџен и Тајван (каде се нарекува тајвански или „хокло“) како и југоисточна Азија (каде предоминира во Сингапур, Малезија и на Филипините и се нарекува Хокиен).

Говорен кинески

На картата подолу се прикажани јазичните поделби („јазици“ или „дијалектни групи“) во рамките на самата Кина. Седумте општоприфатени групи, по број на говорници се: мандарински 北方話/北方话 или 官話/官话, (~ 836 милиони), бу 吳/吴 , во кој спаѓа шангајскиот, (~ 77 милиони), јие (Кантонски) 粵/粤, (~ 71 милиони), мински 閩/闽, во кој спаѓа тајванскиот, (~ 60 милиони), сјанг 湘, (~ 36 милиони), хака 客家 или 客, (~ 34 милиони), ган 贛/赣, (~ 31 милиони)

Кинеската лингвистика во последно време разликува и три други групи: чин 晉/晋 од Мандаринскиот хуеј 徽 од Ву пинг 平話/平话 делумно од Кантонскиот

Постојат и многу други помали групи кои сѐ уште не се класификувани, како: Танџовски дијалект, зборуван во Танџоу, на островот Хајнан; сјангхуа (乡话), (не е исто што и сјанг, 湘), се зборува во западен Хунан; и Шаоџоу Тухуа, кој се сборува во северен Гуангдунг. Тунгканскиот јазик, зборуван во средна Азија, е многу сличен на мандаринскиот. Меѓутоа тој обично не се смета за „кинески“ бидејќи се пишува на кирилица и се варијанти од тунгканците надвор од Кина кои не сме сметаат за етнички Кинези. Видете Список на кинески дијалекти сеопфатен список на поединечните дијалекти во рамките на овие пошироки групи.

thumb|280px|Видовите на кинески кои се зборуваат во НР Кина и Тајван

Општо земено, овие јазично-дијалектни групи немаат рески граници, иако мандаринскиот е предоминантен кинески јазик на северот и југозападот, а другите главно се зборуваат во цетрална и југоисточна Кина. Често, како во покраината Гуангдунг, луѓето зборуваат повеќе од една варијанта како мајчин јазик. Како и кај многу други области со јазичаричка разновидност низ голем временски период, и во Кина не е сосема јасно како различните кинески варијанти треба да се класификуваат. Ethnologue вели дава вкупно 14, но бројот варира помеѓу 7 и 17 во зависност од начинот на класификација. На пример, варијантата м ин често се дели на севереномински (Минпеј, Фуџоу) и јужномински (мин-нан, амој-сватоу); јазичарите немаат одредено дали нивната меѓусебна разбирливост е доволно голема за тие да не бидат сметани за посебни јазици.

Општо земено, планинската јужна Кина се одликува со поголема јазична разнообразност од рамната северна Кина. Во делови од јужна Кина, дијалектот на еден поголем град може да биде само малку разбирлив за неговите блиски соседи. На пример, Вуџоу е околу 193 км низводно од Гуангџоу, но дијалектот е повеќе како стандардниот кинески кој се зборува во Гуангџоу, отколку оној на Тајшан, 97 км југозападно од Гуангџоу и од него е одделен со неколку реки (Ramsey, 1987).

Стандардниот мандарински и диглосија

Путунгхуа / Гуоји, често наречен „мандарински“, е службениот стандарден јазик во употреба во Народна Република Кина, Република Кина (Тајван) и Сингапур (каде се нарекува „Хуаји“). Заснован е на пекиншкиот дијалект, кој е дијалект на мандаринскиот како што се зборува во Пекинг. Владите имаат за цел говорниците на разните кинески варијанти да зборуваат мандарински како заеднички јазик. Затоа тој се користи во владините агенции, во медиумите и како образовен јазик во установите.

Во Кина и Тајван диглосијата е честа појава: често луѓето знаат по два, па дури и три варијанти заедно со стандардниот мандарински. На пример, покрај путунгхуа, еден жител на Шангај може да зборува и шангајски, а ако не израснал таму, тогаш и неговиот роден дијалект. Оној роден во Гуангџоу може да зборува стандарден кантонски и путунгхуа, а тајванец веројатно зборува и тајвански и путунгхуа/гуоји. Жител на Тајван може често да ги меша изговорите, изразите и зборовите од стандардниот мандарински и тајванскиот, а оваа мешавина во многу случаи се смета за неприфатлива. Во Хонгконг, стандарниот мандарински почнува да го заменува англискиот и стандардниот кантонски, неговите службени јазици.

Јазик или јазично семејство? Лингвистиката често кинескиот го смета за јазично семејство, иако заради социо-политичката и културната ситуација во Кина, како и заради заедничкиот систем на пишување, тие јазици по обичај заеднички се нарекуваат „кинески јазик“. Различноста на овие варијанти е споредлива со романските јазици, и е поголема од германските или словенските јазици.

Од чисто дескриптивна гледна точка, „јазици“ и „дијалекти“ се само произволни групи на слични идиолекти, и нивното разликување е нерелевантно за јазичарите кои само се занимаваат со технички опис на регионалните варијанти. Меѓутоа идејата за единствен јазик има голема аконотација на политика и културна општоодредба, па така ова е осетливо поле. Највеќето кинески јазичари сметаат дека кинескиот е еден јазик, а неговите ограноци - дијалекти, додека други пак сметаат дека кинескиот е семејство, а неговите ограноци - јазици.

Самиот кинески има поим за единственото писмо, чонгвен (中文), додека најблискиот еквивалент за неговите варијанти е Ханји (漢語/汉语, говорен/ни јазик/ци на Хан-Кинезите) – овој поим може да се преведе или како „јазик“ или како „јазици“ бидејќи кинескиот не разликува граматички број. Кинескиот јазик има многу помалку потреба од еднообразен говорно-писмен континуум, како што може да се види од двете посебни знаковни морфеми 語/语 ји и 文 вен. Етничките Кинези често ги сметаат говорните варијанти за еден ист јазик од национални причини, а и поради фактот што сите тие се наследници на еден ист класичен кинески јазик. На пример, Хан-Кинезите со мајчин јазик ву, минскиот, хака, или кантонски, може да ги сметаат нивните варијанти за посебни разговорни јазици, но самата Хан-Кинеска раса за еден (иако разнообразен) етнос. За кинеските националисти, идејата за кинескиот како јазично семејство укажува на тоа дека кинескиот идентитет е пораспарчен и поразединет отколку што тој навистина е, па така таа се смета за културно и социјално провокативна. Покрај ова, во Тајван, ова е во тесна врска со тајванската независност, каде некои поборници за таа независност поддржуваат јужомински говорен јазик.

Во рамките на НР Кина и Сингапур, владите често сите варијанти ги нарекуваат фангјен (регионални говори, преведено - “дијалекти”). Денешните говорници на кинески од било која варијанта општат на еден единствен формален стандарден пишан јазик, иако овој е заснован на мандаринскиот, современиот пекиншки потстандард.

Пишан кинески

Видете и: Класичен кинески јазик и Пајхуа

Соодносот помеѓу кинеските говорни и пишани јазици е комплексен. Неговите говорни варијанти се развивале различно, додека пишаниот кинески се има многу помалку променето. Класичната кинеска книжевност започнала за време на т.н. Пролетно-есенски период, иако пишани извори имаме уште од XIV до XI век п.н.е. за време на династијата Шанг, пронајдени на гатачки коски, напишани со коскено писмо.

Меѓутоа веќе за време на доцната династија Хан, стандардниот пишан кинески почнал да се разликува од говорниот јазик. До крајот на XIX век, само образованите класи можеле да пишуваат на овој формализиран класичен кинески, познат како венјен, кој е јазикот на Конфуциј и раните класици - многу далеку од тоа што се зборувало повеќе од два милениума подоцна. За време на династиите Минг и Ќинг се напишани низа романи на вернакуларен јазик, и до XX век било јасно дека класичниот јазик мора да се отфрли. Од 20-тите години пишаниот стандард му се вратил на говорниот јазик. Денес овој стандард, заснован на современиот мандарински, се користи ширум цела Кина, надвор од неа и во сета современа литература.

Кинескиот правопис се темели на знаци, ханцу, кои се логограми напишани во рамките на замислени квадратни блокови, традиционално наредени во вертикални колони, кои се читаат од горе надолу, па од десно на лево низ колоните. Кинеските знаци се морфеми независни од фонетска промена. Така, бројот „еден“, кој е и на мандарински, јат на кантонски и цит на хокиен (облик на мински), има еден единствен знак за сите нив (一). Нестандардниот колоквијален кинески користи „дијалектички знаци“, како 冇 и 係 за кантонски и Хака, кои се сметаат за архаични или неупотребувани во стандардниот кинески.

Кинески знаци

Кинескиот пишан јазик користи кинески знаци (漢字/汉字, ханцу), кои се логограми: секој симбол претставува семантема или морфема (a meaningful unit of language), како и еден слог; така пишаниот јазик може да се смета за морфемо-слоговно писмо.

Кинеските знаци еволуирале од најрани облици на хиероглифи. Мислињето дека сите кинески знаци се пиктографи или идеографи е погрешно: највеќето знаци содржат фонетски делови, и се сложенки од фонетски компоненти и семантички клучеви (радикали). Само најпростите знаци како жен 人 (човек), жи 日 (сонце), шан 山 (планина), шуи 水 (вода), се можеби од сосема сликовно потекло. Во 100 н.е., познатиот учен Сји Шен за време на династијата Хан ги поставил знаците во шест категории: пиктографи, прости идеографи, сложени идеографи, фонетски заемки, фонетски сложенки и изводни знаци. Од нив, само 4% се пиктографи, додека 80-90% се фонетски сложенки кои се состојат од семантички елемент кој го дава значењето и фонетски елемент кој (можеби) некогаш го давал изговорот. Постојат околу 214 клуча признаени од Кангсиевиот речник, кои го даваат семантичкото значење на знакот.