Остров е копно опколено од сите страни со вода од море, езеро или река. Неговото потекло може да биде вулканско, корално, или, пак, островот може да биде продолжување на некој континент или врвови на подводни планини. Една заедничка одлика на сите острови е тоа што климата на нив е во голема мерка условена од близината на морето.

Сите острови на Земјата се класифицирани во неколку групи:

Континентални острови. Вакви се островите кои се наоѓаат во непосредна близина на некој континент, од кој се одделени со не многу длабок проток. Тие, всушност, во геолошка смисла, се продолжение на континентот. Ова го докажуваат некои фосили и видови на карпи. Пример за ваков вид на острови се Британските, кои се наоѓаат на континенталната платформа во Западна Европа, а се одделени од остатокот од континентот со протокот Ламанш, чијашто максимална длабочина изнесува околу 100 m. Океански острови. Тоа се островите кои се наоѓаат далеку од континентите и кои имаат различно потекло. Се појавуваат како резултат на некои процеси кои настануваат на и во Земјината кора, како што се издигнувањето до површината на водата на некој дорсал (подводен планински венец), при што високите гребени на подводната планина го образуваат островот, кој најчесто е со доста груб релјеф и големите набирања на првобитните натконтиненти, кои не се споиле со сегашните. Океанските острови се обично со големи димензии. Едни од најголемите океански острови се Мадагаскар и Нов Зеланд. Вулкански острови. Тие се директен резултат на вулканска активност која се јавува кај дорсалите или во други центри од овој вид распрснати во океаните. Овие острови најчесто се јавуваат како собрани во огромни појаси, притоа создавајќи вулкански појаси. Ваков вид на острови се создаваат и денес, како што е случај со островот Суртси, близу Исланд, кој се оформил во 1963 година, во текот на една ерупција. Ваквите острови се многубројни во Тихиот Океан, многу од нив се со интензивна еруптивно-вулканска активност. Друг пример се Канарските Острови, кои се оформиле во текот на последните етапи од набирањето на Атлантскиот Дорсал. Корални острови. Овие острови имаат биолошко потекло. Се нарекуваат и атоли. Тие се последица на големата активност на коралите. По изумирањето, нивните скелети создаваат една структура која служи како основа за развој на нови корали. На ваков начин може да се постигне голема дебелина. Најдлабоките делови потонуваат и овозможуваат структурата да расте во горниот дел каде има повеќе светлина. Колебањето на нивото на морето овозможува гребенот да излезе на површина, а потоа ерозијата создава почва погодна за растенијата. Тоа се ниски острови, многу малку над нивото на морето. Се создаваат и кога средишната лагуна на некој атол ќе се исуши. Таков пример се островите Голема Барера од австралиските гребени.

Единствен остров во Македонија е Голем Град во Преспанското Езеро.

right|thumb|400px|Мал остров во Јадранско Море

Список на десетте најголеми острови во светот:

Име на островотОкеанЗемјаПовршина (км2)ГренландАтлантскиДанска2 175 600Нова ГвинејаТихиПапуа Нова Гвинеја791 439Борнео (Калимантан)ТихиИндонезија, Малезија, Брунеи725 472МадагаскарИндискиМалгазија587 037Бафинова ЗемјаСеверноледенКанада507 451СуматраТихиИндонезија473 604ХоншуТихиЈапонија227 411Велика БританијаАтлантскиОбединето Кралство218 040ВикторијаСеверноледенКанада212 197ЕлзмирСеверноледенКанада196 236

Островот како тема во уметноста и во популарната култура Островот како тема во книжевноста „Златните острови“ (шпански: Lis Isclo d'or) - поетска збирка на францускиот поет Фредерик Мистрал.Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 15. „Остров“ - роман на југословенскиот писател Меша Селимовиќ.Васил Тоциновски, „Во потрага по смислата на живеењето: Меша Селимовиќ Дервишот и смртта“, во: Меша Селимовиќ, Дервишот и смртта. Скопје: АЕА издавачи, Матица македонска, 2000, стр. 9. „Езерскиот остров Инсифри“ (англиски: The Lake Isle of Insifri) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 59. „Островот на доктор Моро“ - роман на писателот Х. Џ. Велс.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 19. „Пурпурниот остров“ - драма на рускиот писател Михаил Булгаков од 1927 година.„Mihail Bulgakov 1891 - 1940. Hronologija“, во: Mihail Bulgakov, Pseće srce. Beograd: LOM, 2008, стр. 123. „Острови“ – песна на југословенскиот поет Мак Диздар од 1960 година.Ристо Трифковиќ, „Мак Диздар или Патот до Камениот спијач“, во: Мак Диздар, Горчин. Скопје: Македонска книга, 1968, стр. 138. „Остров“ — кус расказ на македонскиот писател Гето Руди од 2017 година.Гето Руди, Можеше да биде реми. Скопје: Темплум, 2017, стр. 40-41. „Островот на Големата Мајка“ - роман на германскиот писател Герхарт Хауптман.B. P., „Gerhart Hauptman“, во: Gerhart Hauptman, Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane. Beograd: Rad, 1960, стр. 129. „Острови во струјата“ (англиски: Islands in the stream) - книга на американскиот писател Ернест Хемингвеј од 1970 година.Islands in the Stream by Ernest Hemingway (пристапено на 13.9.2016) „Остров“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 276. „Островот што исчезнува“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 90.

Островот како тема во музиката „Островот на мртвите“ — симфониска поема на рускиот композитор Рахманинов.YouTube, Rachmaninov: The Isle of the Dead, Symphonic poem Op. 29 - Andrew Davis (пристапено на 5.2.2017) „Острови“ (англиски: Islands) — песна од истоимениот музички албум на британската рок-група King Crimson од 1971 година.King Crimson – Islands (пристапено на 27.1.2023) „Дама од островот“ (англиски: Lady Of The Island) — песна на американската фолк-рок група Крозби, Стилс и Неш (Crosby, Stills & Nash) од 1969 година.Crosby, Stills & Nash ‎– Crosby, Stills & Nash (пристапено на 23.1.2017) „Остров“ (англиски: Island) — песна на американската хеви-метал група Мастодон (Mastodon) од 2004 година.Discogs, Mastodon – Leviathan (пристапено на 28 јануари 2021) „Острови во струјата“ (англиски: Islands in the stream) — песна на Доли Партон и Кени Роџерс од 1983 година.islands in the stream - YouTube (пристапено на 13.9.2016) „Маѓепсаниот остров“ (шпански: Isla De Encanta) — песна на американската рок-група Пиксис (Pixies) од 1987 година.Pixies – Come On Pilgrim (пристапено на 1 ноември 2023) „Островот на Гилиган“ (англиски: Gilligan's Island) — песна на американската хардкор панк група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1982 година.DISCOGS, Hüsker Dü ‎– Land Speed Record (пристапено на 3.12.2020)

Островот како тема во филмот „Острови во струјата“ (Islands in the stream) - филм на американскиот режисер Френклин Шафнер од 1977 година.IMDb, Islands in the Stream (1977) (пристапено на 13.9.2016)

Поврзано Полуостров Островска држава Список на острови во Република Македонија

Надворешни врски

Дефиниција на островот (според ОН) Список на островите во светот, со многу информации за нивната околина

Категорија:Географија Категорија:Крајбрежни и океански земјишни облици