Оваа е општа статија за пенис кај животните. За човековиот орган видете човеков пенис.

Пенис (, во превод „опашка“) — главен полов орган на машките и хермафродитските животни. Органот се користи за оплодување на женката или хермафродитот за време на парењето. Пенисот се сретнува кај голем број животни, како ’рбетници, така и безрбетници. Сепак, важно е да се напомене дека пенисот не е орган кој го поседува мажјакот кај одредени видови животни. Пенисот се користи и за исфрлање на течни отпадни материи од организмот.

Цицачи Човек

Пенисот на човекот претежно е составен од:

корен на пенисот (radix) — прицврстениот дел од пенисот со телото, главест дел (bulbus penis) кој од двете страни има мускулести листови (crus penis). Коренот лежи во перинеалната торба. тело на пенисот — телото има два дела: горен (дорзален) дел (постеросупериорен дел при ерекција) и долен (вентрален) (долниот дел при мека состојба). Вентралната површина има вдлабнатина. епително ткиво — делот е составен од кожа, кожичка од пенис (препуциум; praeputium), а од внатрешноста на кожичката се наоѓа мека епителна површина (preputial mucosa). Кожата ја заштитува главата на пенисот (glans penis).

Наводи

Поврзано Пенис (човек) Секс Репродуктивен систем

Надворешни врски

Институт за пенис Кинси

*