Здружение на ликовните уметници на Република Македонија. Формирано во 1946 година од основоположниците на модерната македонска уметност Димитар А. Пандилов, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Вангел Коџоман и Василие Поповиќ-Цицо. За прв претседател на Друштвото бил избран Никола Мартиновски. Неговата антиципација и континуитет датираат од 1929 година, кога во рамките на Вардарска Бановина било основано „Друштвото на југословенските ликовни уметници“. Во 1930 година кон него се приклучило и новото друштво „Јефимија“ кое од 1933-1941. година ја презела изложбената дејност на ДЈЛУ. На иницијатива на Друштвото е формирано и Уметничкото училиште во Скопје. Од 2019 година претседател е Филип Фидановски.Филип Фидановски нов претседател на Друштвото на ликовни уметници

Друштвото работи на афирмација на ликовното творештво во Македонија, преку организирање самостојни и групни изложби на неговите членови во земјата и во странство. ДЛУМ организира и повеќе традиционални изложби, меѓу кои годишните изложби на графика и цртеж, сликарство мал формат, „Зимскиот салон“ (биенална изложба во Музејот на современата уметност) и годишна ревијална изложба во соработка со Музејот на Град Скопје. Изложбен простор на ДЛУМ е Салонот на Домот на АРМ.

Изложби „Годишна изложба - функционира од самото основање; „Зимски салон“ - озложба која датира од 1991 година, и е со учеството на селектор-куратор од странство и гости учесници од соседните земји. „Мал формат - изложба на слики во мал формат со површина 25х25 ;

Награди ДЛУМ ги доделува и следниве награди: „Нерешки мајстори“ - за сликарство и континуирано творештво и скулптура; „Лазар Личеноски“ - за сликарство; „Никола Мартиноски“ - за цртеж; „Димче Николов“ (поранешна Моша Пијаде) - за графика; „Петар Мазев“ - за сликарство за помлад автор; „Јордан Грабул“ - за скулптура и „Димитар Пандилов“ - за сликарство мал формат; „Гран-при“ - се доделува на изложбата Зимски Салон;

Добиени награди 2020 - награда „13 Ноември“ за правни лица за 75 години творечка и континуирана работна целина.

Наводи

Надворешни врски Официјална страница на ДЛУМ

Категорија:Друштво на ликовните уметници на Македонија Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“