Сергеј Андреевски (Скопје, 1960) — македонски сликар.

Животопис Сергеј Андреевски е син на познатиот македонски писател Петре М. Андреевски и поетесата Светлана Христова-Јоциќ. Андреевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Покрај тоа, тој бил на повеќе студиски престои во странство: Рим, Нирнберг, Орхус, Париз, Њујорк, Северна Каролина, Имадате, Истанбул, итн.

Творештво Андреевски е претставник на експресионизмот во македонското сликарство, со нагласок врз гестот, примарните бои и егзистенцијалниот карактер на самиот чин на сликање. Тој остварил 400 групни изложби и 53 самостојни изложби во Европа, САД и Азија. Тој е добитник на повеќе национални награди и признанија.С. Андреевски, Сергеј АНДРЕЕВСКИ: 20 години творештво, Скопје: Национална галерија на Македонија, 2006, стр. 84..

Наводи

Надворешни врски Службена страница на Сергеј Андреевски Artfacts

Категорија:Родени во 1960 година Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски сликари Категорија:Југословенски сликари Категорија:Апсолвенти на Факултетот за ликовни уметности - Скопје Категорија:Луѓе со потекло од Слоештица