Павел Димитров Делирадев бил македонскиMitrev, D. (1970). Избор: Пиринска Македонија. Наша книга. општестевник, публицист и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, близок до Серската група, еден од основачите на Народната федеративна партија и деец на ВМРО (Обединета) Шатев, Павел, „В Македония под робство“, Трето издание, Изд. на Отеч. фронт, София, 1983 г.Сайт на хижа Павел Делирадев.„130 години от рождението на Павел Делирадев честват в Панагюрище“, Нешънал Джеографик БГ, 16.02.2009.
Животопис
Го завршува Панаѓурското четирикласно училиште и Столарското училиште во Русе, а потоа учи географија во Софија. Основач е на социјалистичките организации во Панаѓуриште и Русе. Во 1903 година основа Општ работнички синдикален соjуз. Работи како уредник во различни левичарски весници, публикува статии за Руската револуциja. Павел Делирадев e секретар на четата на Јане Сандански, близок приjaтел со Павел Шатев.
За време на Младотурската револуција го пишува Манифестот до сите народности во Османлиското Царство, кој на 18 јули 1908 година го потпишува и чита Јане Сандански. Учествува во создавањето на Народната федеративна партиja, го изработува неjзиниот устав и програма, а по тоа се приклучува кон ВМРО (обединета). За време на Првата светска воjна е бугарски офицер. По воjните е еден од организаторите на туризмот во Бугарија. Еден е од основачите на алпинизмот и пештерското дело.
Има научни придонеси во географијата, геологиjaта, медицината, биологиjaта и др. Автор е на повеќе од 50 книги научна, научно-популарна и патописна литература, 15 политички брошури и над 2 500 статии. Редактира неколку весници и магазини и е нивни соработник. Прв минува по билото на Стара планина во 1933 година, кога е на 54 години и за триесе дена минува повеќе од 700-те километра до морето. Делирадев е автор на неколку научни книги за бугарските планини – Витоша (1926), Осогово (1927), Рила (во два тома, 1928, 1932), Родопите (1937) и др., на трудови со историско-етнографски карактер како Принос към историческата география на Тракия (во два тома, 1953) и др. Лауреат е на Димитровската награда во 1950 г.
Во месечното списание Македонска мисла, орган на Македонскиот научен институт во 1945 година истакнал:
Наводи
Надворешни врски National Geographic - Бугарија за Павел Делирадев.
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Членови на Македонскиот научен институт