Даница Ручигај (Скопје, - Скопје, ) — македонска поетеса.Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност XX век, 1990.
Животопис Даница Ручигај е родена во 1934 година во Скопје. Учела класична гимназија, каде што ги изучувала старогрчкиот и латинскиот јазик. Извесно време поминала во Грција. По завршувањето на средното образование, таа студирала на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што дипломирала југословенска книжевност, со што трајно и професионално се врзала за поезијата и за книжевноста. Својот краток работен век го поминала во Министерството за култура на СР Македонија.
Своите први песни ги објавува во 1955 година во познатите книжевни списанија „Современост“ и „Разгледи“, а нешто подоцна се појавувала и во периодиката од другите јазични подрачја на некогашна Југославија, афирмирајќи ја преку нив младата македонска поезија.
Таа е авторка на две стихозбирки. Дебитирала со исповедната љубовна лирика „Сребрени, ноќни игри“ во 1960 и „Заробеници на ветерот“ во 1963 година. Со втората стихозбирка, таа била претходничка на мотивскиот и јазичен нонконформизам на една цела плејада македонски поетеси.Јасна Котеска. Македонско женско писмо, 2002. Загинала трагично во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година. Од 2005 година, во нејзина чест, доделувана е наградата „Даница Ручигај“ за најдобра дебитантска поетска книга.
Наводи
Надворешни врски Биографија , „Македонска нација“ „Предговор кон „Сребрени ноќни игри & Заробеници на ветрот” на Даница Ручигај, „Делфина 3” - Скопје, 2003“ - Комплетна биографија
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски поетеси Категорија:Југословенски поети Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје