Дамјан Симитчиев (Прилеп, 1873 - 1941) — македонски фармацевт.
Животопис Симитчиев е роден во Прилеп во 1873 година. Фармација завршил во Лиеж, Белгија во 1898 година, како прв фармацевт во Прилеп. По 1900 отворил самостојна аптека. Покажал афинитет кон превентивната дејност и бактериологијата што ја изучувал во Лиеж до 1936 година. По враќањето во Прилеп го образовал населението и вовел задолжителна вакцинација на децата.
Наводи
Категорија:Македонски фармацевти Категорија:Македонски бактериолози Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Починати во Прилеп