Тухал или Туфал (, Аетос; до 1927 г. Τουφάλ, Туфал) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Драма во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија Селото се наоѓало на планината Боздаг, североисточно од Мокрош и градот Драма, на десниот брег на реката Места, на надморска височина од 745 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во ХІХ век Тухал било турско село во Драмската Каза на Серскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Тухал живееле 157 Турци.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 340 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 194 лица.
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а во 1927 година, името на селото било променето во Аетос (Αετός). Иако името на селото било променето, во него не биле сместени бегалци и не било обновено, со што подоцна е избришано од евиденција.
Наводи
Категорија:Историски села во Драма