Демирџојани или Тимурџи Аврен или ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Περιστέρια — село во Општина Доксат во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 10 километри југоисточно од градот Драма и на 29 километри источно од Доксат.
Селото се наоѓа на надморска височина од 535 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската Каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 370 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 509 жители.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Перистерија.
Демографија
Во 1928 година во селото биле сместени 53 грчки семејства со 192 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 231 лица, додека во 1940 година селото броело 359 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 233 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 106 жители, во 1981 година имало 18 жители, додека во 1991 година имало 5 жители. Денеска, населението на селото е 10 жители според пописот од 2011 година.
Наводи
Категорија:Доксат