Литовој (, Лептокарија; до 1954 г. Λιτοβόιο, ЛитовојоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιτοβόιο -- Λεπτοκαρυά) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 132 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото е сместено во областа Бојмија, во северозападниот крај на Солунското Поле. Лежи 10 км североисточно од градот Пазар (Ениџе Вардар), по патот за Гуменџе.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Литовој е заведен како чисто македонско село во Ениџевардарската Каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Литово како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григоровичъ, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.

Според Николаос Схинас во средината на 1880-тите Литовој (Λιτοβώη) — село с 25 християнски семейства.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Литовој броел 200 жители, сите Македонци христијани. Селската црква „Св. Никола“ изгорела во несреќаБабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.528.

Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Литовој (Litovoï) имало 256 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Литовој било македонско со 35 куќи.

Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

По податоци на егзархијата, во 1910 г. Литовој било чифлигарско село со 197 жители Македонци од 43 семејства и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Λιτοβόι) имало 250 егзархисти.

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 35 македонски куќи.

Во Грција Во 1912 г. Литовој е заведен како село со хиристијанска и муслиманска вероисповед и македонски јазик, што значи дека во меѓувреме тука се доселиле некои муслимани (веројатно Роми). По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 220 жители (128 мажи и 92 жени), а во 1920 г. се намалило на вкупно 193 жители. Во 1924 г. сето население е протерано во Бугарија, претежно во Патреш, Великотрновско,Бабев, Иван, „Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.271, а на негово место се населени грчки колонисти. Истата година муслиманските жители се иселени во Турција. Во 1928 г. селото е претставено како чисто дојденско со 471 жител од 132 семејства.

Во 1940 г. селото пораснало на 552 жители, но за време на Граѓанската војна селаните биле повлечени во полето, и доста од нив не се вратиле и Литовој, туку се иселиле во поголемите градови и во странство; затоа оттогаш има повеќе од двојно помалку жители. Во 1954 г. селото е преименувано во Лептокарија, што во превод значи „леска“.

Население

Стопанство Во селото се произведува жито, тутун, малку овошје и друго, а делумно е застапено и сточарството.

Личности Родени во Литовој Гоно Васков — претседател на селскиот комитет на ВМРОБабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.553 Христо Јапаџиев (Ичко Паџиев) — бегалец во Патреш, при кавга застрелал месни момчиња, па се преселил Свети Влас и станал член на ВМРО. Се вратил во Македонија; учествувал во организирањето на Воденскиот баталјон на Ѓорѓи Димчев во 1944 г. и бил командант на воениот логор. До крајот на животот живеел во Р МакедонијаБабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.272. Стојан Бабин — деец на месниот комитет на ВМРО Христо Аризанов — деец на месниот комитет на ВМРОБабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.247

Поврзани со Литовој Иван Бабев (р. 1947) — историчар во Бугарија, чии родители се преселници од Литовој

Поврзано Бојмија

Наводи

Надворешни врски Дијалектни текстови од Литовој

Категорија:Постол