Оризарци или Челтик (, Ризија; до 1926 г. Ορύζαρτση, Оризарци) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 333 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.
Географија Селото се наоѓа на околу 7 км јужно од градот Бојмица во областа Бојмија. Лежи по долното течение на реката Вардар, по нејзиниот излез од Циганската Клисура во Солунското Поле.
Историја Во Отоманското Царство Во османлиските дефетери на немуслиманското население на Ениџевардаската каза од 1632-33 г. селото е заведено под името Челтјукчијан со 45 даночно обврзани домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 353.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Оризарци (Челтикъ) било село во Ениџевардарската Каза со 380 жители Македонци. Во селската црква „Успение на пресв. Богородица“ има икони на зографот Димитар Вангелов.
На австроунгарската воена карта селото е означено како Челтик (Čeltik), а на картата на Кондојанис се води како Оризарци (Ορυζάρτσι), христијанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Оризарци (Οριζάρτσι) било село со 20 христијански семејства.
Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Оризари (Orizari) имало 488 Македонци егзархиски и во него работело бугарско училиште.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, Оризарци било македонско со 50 куќи.
Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Оризарци било речиси целосно чифлигарско село со 81 семејство сочинето од 452 жители българи (од нив 308 чифлигари) и две цркви.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Οριζάρτσι) имало 120 егзархисти и 240 патријаршисти.
Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) пред Балканските војни Оризарци имало 80 куќи на Македонци христијани.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Оризарци било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Оризарци или Цертик (Ορυζάρτσι ή Τσερτίκ) имал 460 жители, од кои 230 мажи и 230 жени. Поради грчкиот терор врз селото, во 1914 г. неколку семејства се иселиле во Бугарија, поради што во 1920 г. населението се намалило на 393 лица. Во 1924 г. поради притисоците и малтретирањето на власта селото го напуштиле уште 211 жители (54 семејства) На нивно место се доведени грчки доселеници од Источна Тракија и помал дел од Мала Азија. Малоазиските доселеници всушност биле жители на Киздервент — Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.Шишманов, Димитър. „Необикновената история на Малоазийските българи“, II издание, „Пони“, София, 2001, стр. 49-50.
Во 1926 г. селото е преименувано во Ризија. Во 1928 г. Оризарци е претставено како мешано село со 658 жители, од кои 434 лица (106 семејства) биле дојденци.
Во 1940 г. се накачило на 758 жители, од кои, според статистиката на НОФ, 259 биле староседелски Македонци.
+ Месности во Оризарци преименувани со службен иказ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Караагачи Καραγάτσια Фтелиес Φτελιέςмесност на И од Оризарци, по десниот брег на Вардар
Население
Културни и природни знаменитости Црква „Успение на Пресвета Богородица“
Личности Велин Гонев (1889 – ?) — борец во МОО, III чета на IV Битолска дружина Христо Карамарков — гркомански андартски деец Мичко Оризарски — револуционер на ВМОРО, опеан во комитска песна,Бабев, Иван. Македонска голгота, Македонска голгота, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр.329 ја потпомогнал офанзивата на I Одделна партизанска чета на МОО во Ениџевардарско
Наводи
Категорија:Пајонија (општина)