Призна (, Врасти; до 1926 г. Πρίσνα, ПриснаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πρίσνα -- Βραστή) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Постоело сè до 1935 г.

Географија Селото се наоѓало 2 км североисточно од Пласничево и југозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја Во Отоманското Царство На крајот на XIX век Призна било етнички мешано село во Ениџевардарска Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. во Призна живееле 65 Македонци и 95 Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр.146. Сите жители на селото биле под врховенството на Цариградската патријаршија (грчката црква). По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Призна имало 80 Македонци под патријаршијата.Brancoff, D.M. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, стр.102 – 103.

Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Призна било ѓупско со 30 куќи.

На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 14 куќи на Македонци христијани и 5 куќи на Роми муслимани.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 82 жители, а во 1920 г. имало 90. Во 1924 г. властите иселиле 61 Македонец во Бугарија. а останатите се прибрале во соседното Пласничево. Во 1926 г. селото е преименувано во Врасти.Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πρίσνα -- Βραστή Доведени се извесен број грчки колонисти, што се гледа на пописот од 1928 г. каде се заведени 55 жители, од кои 22 биле грчки дојденци. Од тие жители, 51 биле мажи а само 4 жени, што укажува дека селото било претворено во имоти на кои работеле наемни работници. По извршените мелиорации на Ениџевардарското Блато во 1930-те, Призна сосема се распаднала, и нејзиниот атар е присоединет кон Пласничево.Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.687.

Поврзано Пласничево Солунско Поле

Наводи

Категорија:Историски села во Постол