Невор (Мало Северник или Мало Северјани; , Неохори) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 395 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото сместено во северниот дел на котлината Меглен, 7 км северно од С’ботско и веднаш на исток од селото Северјани. Лежи во јужното подножје на планината Ниџе.

Историяја Во Отоманското Царство Во XIX век Невор било чисто македонско село во Ениџевардарската Каза чии жители во дадено време го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ, кон крајот на XIX век Невор (Невохор) било македонско-муслиманско село со машко население од 362 лица во 95 домаќиснтва.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Невор имал 630 жители, кои погрешно ги води како Турци. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото имало 155 македонски муслимански куќи.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 771 жител, кои во 1920 г. се намалиле на 624. Во 1920-тите, по сила на Лозанскиот договор жителите на Невор како муслимани се иселени во селото Дегирмендузу кај Галиполе во Турција. Од 1926 до 1927 г. било споено со соседното село Северјани.Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νιχώρι -- ΒορεινόΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βορεινό -- Νιχώρι На нивно место властите довеле грчки колонисти од Понд и Мала Азија. Според пописот во 1928 г. селото било чисто дојденско со 439 жители (121 семејство).

Население

Стопанство Селото произведува тутун, индустриски пиперки, жито, овошје и друго.

Поврзано Меглен

Наводи

Категорија:Меглен