thumb|290px|Модел на черепниот мозок кај човекот Мозок — виш нервен центар и е дел од централниот нервен систем. Кај ’рбетниците е сместен во черепот. Неговиот степен на развој соодветствува на општата градба на ’рбетниците, така што черепниот мозок е најслабо развиен кај најпримитивните, а најсложено кај највисоко организираните ’рбетници - птиците и цицачите. Нервното ткиво кај черепниот мозок е претставено со два вида: сива маса (од невроцити и дендрити) и бела маса (од аксони), при што белата е распространета во централниот дел, додека сивата во периферниот дел, претставена со мозочна кора и субкортикални јадра. Черепниот мозок е составен од неколку делови, и тоа преден (голем) мозок, меѓумозок, среден мозок, заден (мал) мозок и продолжен мозок. Преден (голем) мозок
Предниот (големиот) мозок е оној дел од черепниот мозок којшто најмногу еволуирал прогресивно. Кај водоземните ’рбетници тој е мал и има проста градба, а кај сувоземните, особено кај цицачите (вклучувајќи го и човекот), тој ги надминува останатите делови од черепниот мозок и голем дел од нив ги препокрива. Во него се сместени првата и втората мозочна комора. Скоро кај сите ’рбетници, големиот мозок е поделен на две полутопки, поврзани меѓусебно со corpus callosum. Површината на полутопките кај сите ’рбетници, со исклучок на цицачите, е мазна. Полутопките се покриени со тенок слој од сива маса, познат како мозочна кора (cortex), најскоро еволуираниот регион на черепниот мозок кај ’рбетниците. Рибите немаат мозочна кора, додека водоземците и влекачите имаат само рудиментирани остатоци од овој регион. Функции на големиот мозок (Telencphalon) Големиот мозок кај човекот и други примати претставува најразвиен и најусовршен дел од CNS. Иако филогенетски најмлад, тој преземајќи голем број функции од другите структури во CNS станал највисок регилаторен нервен систе во организмот. Од физиолошка гледна точка големиот мозок се дели на кора и базални ганглии
Базални ганглии мини|Базални ганглии Базалните галнглии (јадра) претставуваат сиви вклопени во белата маса на големиот мозок во близина на таламусот. Во базалните ганглии спаѓаат : globus, pallidus, putamen I nucleus caudatus. Globus pallidus како субкортикален центар, учествува во остварување на сложени моторичко-рефлекторни движења(одење, трчање, лазење, пливање итн.), го регулираат мускулниот тонус, учествува во оформување на мимичките реакции, во реакции поврзани со гестикулацијата, ракувањето, смеењето итн. При дразнење на ова јадро настанува контракција на скелетната мускулатура од спротивната страна. Со неговото оштетување движењата стануваат нерамномерни, несмасни и усилени. Globus pallidus својата функцијата ја остварува посредно преку јадрата на средниот мозок. Nucleus cauditus и putamen го сочинуваат пругастото тело (corpus stratum) . Тоа претставува повисок субкортикален центар, одговорен за координација на движењата што се поврзани со одржување на статиката на телото и изведување на автоматизирани мускулни движења (трчање, одење, пливање итн.) . Оваа функција се остварува преку globus pallidus со инхибиција на неговата активност.Поврзаноста на базалните ганглии со хипоталамусот има регулирачко влијание врз вегетативните функции и работата на внатрешните органи во организмот.функцијата на базалните ганглии стои подконтрола на кората на големиот мозок. Мозочна кора Мозочната кора (cortex) е средиште на најважните нервни центри од сите активности. Таа во секоја полутопка од черепниот мозок е околу 1 и 4 mm тенка. Функционално, кората е поделена во три зони: асоцијативна, моторна и чувствителна, коишто се места на вишата нервна активност на повеќето ’рбетници. Невроните од овие три зони се значајни за создавање на условни рефлекси, поврзани со функциите во одредените центри. Филогенетски најстариот дел од кората на големиот мозок е лимбичкиот систем. Преку него се остварува врската меѓу соматскиот и вегетативниот нервен систем, а неговата функција е поврзана со инстинктите, емоциите (кај човекот), помнењето и др. Преку центрите од кората се управува со духовниот живот на човекот. Центрите меѓу себе не се изолирани, туку поврзани со нервни врски. Притоа, еден впечаток или сеќавање, се поврзува со повеќе други за да се формира целосна слика за проблемот што се обработува. Од обемноста на врските, богатството на центрите и градбата на нервното ткиво зависат умствените способности на човекот. Сите центри се развиваат и усовршуваат. Функции на кората на големиот мозок Преку условните и безусловните рефлекси кората на големиот мозок го поврзува организмот со надворешната средина. Активноста на кората овозможува остварување на вишите психички активности‘’’’’ (мислење и осознавање) ‘’’’’. Таа како центар на вишата нервна активност одговорна е за однесувањето на единкатаво животната средина. Обединувањето на функциите на органии органски системи во организмот се остварува преку активноста на кората на големиот мозок. Мозочно стебло Мозочното стебло е најмалиот и, од еволуциска гледна точка, најстариот и најпримитивен дел на черепниот мозок. Стеблото е во континуитет со ’рбетниот мозок и се состои од два дела: продолжен (medulla oblongata) со мост на Вароли и меѓумозок. Продолжениот мозок и мостот на Вароли го контролираат срцевиот циклус, констрикцијата на крвните садови, дигестијата и респирацијата. Во продолжениот мозок, кај цицачите, доаѓа до вкрстување на нервните патишта, и тоа оние нервни влакна од десната полутопка одат во левата, и обратно. Меѓумозокот се состои од врски меѓу продолжениот и големиот мозок. Цицачите го користат овој дел од мозокот само за очните рефлекси. Во меѓумозокот е сместена третата мозочна комора. Некои автори го вклучуваат и таламусот како дел од меѓумозокот. Ретикуларна формација (Formatio reticularis) Нервните клетки што се наоѓаат во централните партии на мозочното стебло (продолжен мозок, мост, среден мозок и меѓумозок) со своите израстоци градат силно изразена мрежеста структура наречена ретикуларна формација. Големината на нервните клетки е различна. Тие обично се групираат и создаваат јадра чиј број изнесува колку 50. Нивните дендрити се релативно долги и слабо разгранети за разлика од нивните аксони кои се куси, но затоа силно разгранети(пуштаат колатерални). Ваквата градба на ретикуларната формација и овозможува создавање на многубројни синаптички врси.Меѓу рецепторите во организмот и невроните од ретикуларната формација не постои директна врска. Аферентните импулси што одат кон кората на олемиот мозок се пренесуваат преку специфични и неспецифични патишта. Преку специгифичните патишта се пренесуваат определени видови нервни импулси од рецепторите до соодветните подрачја определени видови нервни импулси од рецепторите до соодветните подрачја во кората на големиот мозок. Сите спцифични патишта, со исклучок на импулсите што одат од рецепторите на анализаторот за мирис, минуваат низ подрачјето на таламусот. До центрите на кората на големиот мозок, импулсите што се пренесуваат преку специфичните патишта, предизвикуваат создавање на специфични чувства. На пример, при дразнење на рецепторите во Кортиевиот орган, нервните импулси преку акустичкиот пат, кој минува низ таламусот, доаѓаат во центарот на нализаторот за слушање (се наоѓа во темпоралното подрачје на кората на големиот мозок) во кој се создава специфично чувство на слушање. На својот пат низ мозочнотот стебло специфичните патишта пуштаат колатерали, кои завршуваат на клетките што и припаѓаат на ретикуларната формација. На еден ист неврон од ретикуларната формација обично завршуваат колатерални од различни специфични патишта (пример: патишта што носат импулси од рецепторите за допр, за звук, за вкус итн.) . При тоа, импулсите ја губат својата специфичност. Под влијание на импулсите што од периферијата преку колатералите на специфичните патишта доаѓаат од екстеро-интеро и проприо рецепторите се одржува постојан тонус на структурите во ретикулараната формација. Од невроните на ретикуларната формација тргнуваат на специфични патишта. Преку нагорните не специфични патишта се пренесуваат импулси до кората на големиот мозок и субкортикалните јадра, а преку надолните кон моторните неврони на ‘рбетниот мозок. Импулсите се праќаат и кон малиот мозок и некои други структури во CNS . Проекцијата на не специфичните патишта во кората на големиот мозок не е ограничена за строго определено подрачје, туку таа дифузно се шири во сите подрачја на неокортексот. Со своето стимулативно влијание не специфичните импулси го олеснуваат исполнувањето на специфичните функции во кортексот. Ретикуларната формација не само анатомски туку и функционално е поврзана речиси со сите структури на CNS. Нејзинотот функционално значење најлесно може да се забележи со дразнењето на нејзините одделени подрачја. При дразнењето на вентромедијалното подрачје во ретикуларната формација настанува инхибиција на ’рбетните рефлекси и моторните неврони на ‘рбетниот мозок, преку активацијата на инхибитирните клетки на Реншоу. Стимулативно влијание врз мотоневроните на ‘рбетниот мозок имаат, главно хипоталамичките подрачја од ретикуларната формација. Под влијание на нивните импулси ’рбетните рефлекси се засилуваат, а исто така и волните движења. Овие ефекти се постигнуваат преку инхибиција на клетките на Реншоу. Преку стимулативните и инхибиторните дејства врз мотоневроните во ‘рбетниот мозок ретикуларната формација придонесува за правилна регулација на мускулниот тонус. Врз кората на големиот мозок ретикуларната формација има стимулативно влијание што се маифестира со будна состојба на организмот и зголемена концентрација на вниманието. Доколку на експерименталното животоно(мачка)му се уништи ретикуларнат формација, животното паѓа во долготрајна состојба на сон. Според тоа, ретикуларната формација игра важна улога во регулацијата на состојбите на сонот и будноста. Од друга страна, функционалната состојба на ретикуларната формација се регулира од страна на кората на големиот мозок . Мал мозок
Основна одлика на малиот мозок како дел од CNS е непостоењето на директни врски со рецепторите и ефекторните органи на организмот. Меѓутоа, преку голем број на нервните патишта малиот мозок е поврзан со сите делови на CNS. Преку невроните од втор ред(посредно) малиот мозок прима информации што потекнуваат од проприорецепторите на мускулите, тетивите и лигаментите, од вестибуларните јадра во продолжениот мозок, субкортилните јадра и кората на големиот мозок. Во исто време, од малиот мозок одат и импулси кон сите делови на големиот мозок. Во исто време, од малиот мозок одат и импулси кон сите делови на CNS. Оваа богата поврзаност на малот мозок со другите стуктури на CNS, укажува дека функциите што ги врши се бројни и важни за организмот. мини|Мозок мини|Сликовит приказ на мозокот Функциите на малиот мозок се изпитуваат било со дразнење на неговите одделени делови, било со делумно или потполно отстранување на малиот мозок или одделени делови, било со делумно или потполно отстранување на малиот мозок или пак со следење на биоелактричната активност. Кај животно кај кое е отстранет малиот мозок се забележуваат промени во движечките функции на организмот. Промените ги има опишано италијанскиот физиолог Лучијани, уште пред крајот на минатиот век. Кај животно без мал мозок е нарушен мускулниот тонус. Тонусот е или намален (хипотонија) или целосно исчезнат атонија .Во некои мускулни групи мускулниот тонус може да биде зголемен (хипертонија) што зборува за неговото неправилно распределување. мини|left|Мозок. дистонија - состојба на изменетиот мускулен тонус; астенија - силата на мускулните контракции е намалена, поради што животното лесно и брзо се заморува:Ж; астазија - се одликува со губење на способноста на слиени тетанички контракции. атаксија - нарушена е координацијата на движењата; дисеквилибрија - нарушена е способоста за одржување на рамнотежата на телото во просторот. За одржување на рамнотежата на телото многу поодговорна функција имаат лабиринтниот-вестибуларниот апарат отколку малиот мозок.