Атанас Вангелов (Богданци, 6 февруари 1946 — Скопје, 24 октомври, 2021) — македонски поет, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар, драмски автор, преведувач.

Животопис Роден е во Богданци. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Тој бил доктор по филолошки науки. Тој бил професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Бил претседател на Советот на СВП. Бил лектор по македонски јазик и книжевност во Париз. Работел како новинар во Радио Скопје. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Тој станал член на ДПМ во 1967 година.

Атанас Вангелов извршувал и политички функции, во 1994 година бил избран за пратеник во Собранието кога бил и член на Парламентарното собрание на Советот во Стразбур, а во 2004 година бил назначен за амбасадор во Унгарија.

Творештво Земјата на цветот (поезија, 1966), Препев на планината (поезија, 1970), Мистер Порфирие (телевизиска драма, 1971), Живеалиште (поезија, 1974), Глетки и пивиденија (поезија, 1977), Песме / Песни (1978), Артизмот и современата македонска поезија (студија, 1978), Преданија (поезија, 1978), Литературни студии (1983), Строго доверливо (поезија, 1985), Решето (критики, 1985), Неодредени лични заменки (драма, 1986), Семантички фигури во македонската народна лирика (студија, 1987), Траги (поезија, 1991), Преписите на Божин Павловски (студија, 1992), Микрочитања (критики, 1993), На безгласје глас (поема, 1994), Гласови и траги (поезија избор, 1995), Исказот и стварноста (критики), Водопад (поезија, 1998), Морфологија на бо(љ)шевизмот(студија, 1998), Pro et contra македонизми (критики, 1998).

Награди Добитник на наградите: „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Божидар Настев“, „Димитар Митрев“, „Златно перо“, „Григор Прличев“.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 48. „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието (2021)

Извори

Категорија:Луѓе од Богданци Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски драматурзи Категорија:Македонски книжевни теоретичари Категорија:Македонски филолози Категорија:Југословенски писатели Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски амбасадори Категорија:Македонски пратеници Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски филолози Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Професори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Добитници на наградата „Григор Прличев“ Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Членови на ДПМ