Аврам Ноам Чомски (, роден на 7 декември 1928 во Филаделфија) — американски јазичар, научник, историчар, социјален критичар и политички активист. Понекогаш опишан како „татко на модерната лингвистика“, Чомски е исто така еден од основачите на полето на когнитивната наука. Автор е на повеќе од 100 книги за теми од полето на лингвистиката, војната, политиката и медиумите. Идеолошки, неговите ставови се на линија со анархосиндикализмот и либертерскиот социјализам.

Животопис Роден во семејство на еврејски имигранти од Филаделфија од средна класа, Чомски развил ран интерес за анархизмот од книжарниците во Њујорк. На 16-годишна возраст започнал да студира на Универзитетот во Пенсилванија, полагајќи курсеви по лингвистика, математика и филозофија. Во 1949 година дипломирал на Универзитетот на Пенсилванија. На истиот универзитет магистрирал во 1951 година, а во 1955 година ја одбранил својата докторска дисертација „Трансформациска анализа“ и станал доктор на науки од областа на лингвистиката. Неговата теорија за универзалната генеративна граматика му донесе бројни признанија во јазичаричките кругови при што поради неговите заслуги на ова поле е наречен „Ајнштајн на лингвистиката”.

Творештво

Ноам Чомски е автор на голем број дела од областа на лингвистиката, надворешната политика и медиумите: „Американската моќ и новите мандарини” (1967) „Логичката структура на јазичаричката теорија” (1975) „Политичка економија на човековите права” (во соавторство со Едвард Херман, 1979) „Произведување согласност: политичка економија на масовните медиуми“ (во соавторство со Едвард Херман, 1988) „Нужни илузии: контрола на мислата во демократските општества” (1989) „Одвраќање на демократијата” (1991) „Профитот пред луѓето” (1999) „Нов милитаристички хуманизам” (1999) „9.11.” (2001) „Хегемонија или опстанок“ (2003) „Пропаднати држави“ (2006) „Опасна сила: Блискиот Исток и американската надворешна политика“ (2006) „Интервенции“ (2007) „Надежи и изгледи“ (2010) „Нов свет на изворен отпор“ (2010)

На македонски јазик се преведени четири од неговите книги: „Нужни илузии“ („Култура“, 2003), „Интервенции“ („Култура“, 2007), „Кој владее со светот?“ („Арс Ламина“, 2019) и „Реквием за американскиот сон“ („Арс Ламина“, 2021).

Наводи

Надворешни врски Официјална страница на Ноам Чомски (на англиски) Ноам Чомски, „Нужни илузии“ (на македонски) Статии на Ноам Чомски, „Окно“ Архива на Ноам Чомски, Македонска марксистичка архива Ноам Чомски, „За слободата на печатот“ (на македонски) Ноам Чомски, „Произведување согласност“ (на македонски) Ноам Чомски, „Контрола на нашите животи“ (на македонски) Ноам Чомски, „Храната и „економските чуда“ од Третиот свет“ (на македонски) Ноам Чомски, „Социјализам за богатите, капитализам за сиромашните“ (на македонски)

Категорија:Американски јазичари Категорија:Анархисти Категорија:Живи луѓе Категорија:Апсолвенти на Пенсилванискиот универзитет Категорија:Професори на Масачусетскиот технолошки институт Категорија:Академици на САНУ Категорија:Членови на Леополдина Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Кралското друштво на Канада Категорија:Странски членови на Српската академија на науките и уметностите Категорија:Членови на Американското филозофско друштво