190 px|thumb|„Кирка му нуди волшебен пијалак на Одисеј“ од Џон Вилијам Вотерхаус Магија (од персиските зборови „мобед“ и „магупати“ и грчкиот збор Μάγοι) или волшебништво (од францускиот збор sorcièrie) се поими што го означуваат влијанието на настани и физички појави со помош на натприродни или паранормални средства. Во многу култури магијата е негативен поим, кој се коси со научните и религиозните системи. Ова е посебно случај во христијанските и муслиманските земји, каде практикувањето на магија е забрането или се смета за богохулство.
Потекло на поимот мини|382x382пкс|Тарот карта, нацртана во средината на 15 век од италијанскиот уметник Бонифачо Бембо. Терминот магија потекнува од староперсискиот збор магу којшто се однесувал на вид верски службеник за кој малку се знае. Кон крајот на 6 и почетокот на 5 век п.н.е., овој термин бил усвоен и на старогрчки, каде што се користел со негативни конотации за да означи обреди што се сметале за измамнички, неконвенционални и опасни. Ова значење на терминот во латинскиот јазик бил усвоен во 1 век п.н.е. Преку латинскиот јазик, концептот бил вметнат во христијанската теологија во текот на првиот век од н.е., каде што магијата се поврзувала со демоните и така се дефинирала против религијата. Концептот бил широко распространет во текот на средниот век, кога христијанските автори категоризирале разновиден опсег на практики како волшебништво, вештерство, инканција, дивинација, некроманија и астрологија. Во раната модерна Европа, протестантите често тврделе дека римокатолицизмот повеќе е магија отколку религија, додека пак христијанските Европејци кога започнале да ги колонизираат другите делови на светот во 16 век, нехристијанските верувања со кои се соочиле ги означиле како магија. Во истиот период, италијанските хуманисти повторно го толкувале терминот во позитивна смисла за да создадат идеја за природна магија. Во западната култура во текот на следните векови биле прифаќани и негативните и позитивните сфаќања поврзани со терминот магија.
Дефиниција Историчарот Овен Дејвис изјавил дека зборот магија е „над едноставната дефиниција“ и има „низа значења“. Слично на тоа, историчарот Мајкл Д. Бејли ја карактеризирал магијата како длабоко оспорувана категорија и многу нестабилна со оглед на тоа што дефинициите за терминот „драматично варирале низ времето и меѓу културите“. Научниците се вклучиле во широки расправи за тоа како да ја дефинираат магијата, со дебати што резултирале во интензивен спор. Во текот на ваквите дебати, научната заедница не успеала да се согласи за дефиниција на магијата, на сличен начин како што не успеале да се договорат околу дефинирањето на религијата. Дури и меѓу оние низ историјата кои се опишале како волшебници, не постои заедничко сфаќање за тоа што е магија.
Потекло, историја и развој
Антички свет
Персија мини|225x225пкс|Еден од најстарите преживеани записи за персискиот маг го дал грчкиот историчар Херодот.|алт=|лево Зборовите магија, маг и маѓесник потекнуваат од латинскиот збор magus, преку грчкиот μάγος, кој пак потекнува од стариотперсискиот збор магус или maguš којшто означувал "волшебник". Староперсискиот збор маг- потекнува од праиндоевропскиот збор *маг ("да се биде вешт"). Персискиот термин можеби потекнува до старосинитскиот збор *маг (*Mᵞag = „мудрец “ или „шаман“). Староперсискиот облик се појавил низ античките семитски јазици како талмудски хебрејски *магош, арамејски *амгуша („волшебник“) и халдејскиот *магдим („мудрост и филозофија“). Од 1 век пр.н.е. па наваму, сириските магушаи станале познати како волшебници.
Магите се спомнати и во Книгата на Еремија и во натписот Бехитун на Дариј I, што покажува дека тие се здобиле со голема моќ и влијание до средината на првиот милениум п.н.е. Голем број на старогрчки автори зборуваат за овие персиски маги во своите дела. Меѓу првите што го сторил тоа бил историчарот Херодот, кој велел дека магите биле едно од седумте средни племиња и дека тие служеле во дворот на Ахеменидското Царствокаде работеле како советници на кралот. Според Херодот, овие персиски маги биле задолжени за разни верски обреди, принесување жртви и толкување на соништата.
Магите патувале далеку од Месопотамија и Левант. Тие биле присутни во Индија во првиот век пр.н.е., како и во Етиопија, Египет и низ цела Мала Азија. Многу антички извори тврдат дека биле Заратустријци или дека Заратустра, кој можеби живеел уште во 1100 пр.н.е., и самиот бил маг; според синологот Виктор Х. Мајер, во ова време тие пристигнале и во Кина. Иљја Гершевич ги опишал како „професионално свештенство на коишто зороастризмот им бил само една од формите на религија со којашто се служеле, исто како што професионалниот музичар си го заработува животот со изведување на дела од различни композитори“.
Стара Грција и Рим
Терминот магија потекнува од Стара Грција. Кон крајот на 6 и почетокот на 5 век п.н.е., персискиот збор магуш бил воведен во старогрчиот јазик како μάγος и μαγεία. Притоа, претрпел трансформација на значењето добивајќи негативни конотации. Магот се сметал за шарлатан, чии обредни практики биле лажни, чудни, неконвенционални и опасни. Како што забележал Дејвис, за Старите Грци - а последователно и за античките Римјани - „магијата не се разликувала од религијата, туку била несоодветно изразување на истата - религија на другиот“. Историчарот Ричард Гордон посочил дека за Старите Грци, обвинувањето за практикување магија било „форма на навреда“.
Оваа промена во значењето било под влијание на воените конфликти кои грчките градови-држави тогаш ги воделе против Персиската империја. Во овој контекст, терминот така се појавува во некои текстови како Софоклевиот Царот Едип, Хипократовиот De morbo sacro и оној на Горгија - Панегирика на Елена. Во претставата на Софокле, на пример, ликот Едип навредливо го нарекува гледачот Тиресиј магос - во контекст што значи „шарлатан“ - што кажува дека овој епитет не бил резервиран само за Персијците.
Во 1 век п.н.е., грчкиот збор магос бил усвоен и на латински и голем број староримски писатели го користеле како магис и магија. Најстарите познати латински употреби на терминот било во Еклог, стихозбирката на Вергилиј, напишана околу 40 п.н.е., споменувајќи magicis ... sacris (магиски ритуали). Римската употреба на терминот била слична на онаа на Грците, но ставила поголем акцент на судската примена на истиот. Во рамките на Римското Царство, ќе се воведат закони кои ги криминализираат дејствијата што се сметаат за магија. Во староримското општество, магијата се поврзувала со општествата на исток од империјата. Писателот од 1 век, Плиниј, тврди дека магијата ја создал иранскиот филозоф Заратустра и дека потоа била донесена во Грција од страна на волшебникот Останас, кој ги придружувал воените походи на персискиот крал Ксеркс.
Ранохристијанство и среден век лево|мини|Слика од 17 век на средновековниот писател Исидор од Севиља, кој дал список на активности што ги сметал за магиja. Во 1 век од н.е., ранохристијанските автори ја прифатиле грчко-римската идеја за магија и ја вклучиле во својата христијанска теологија во развој. Овие христијани ги задржале грчко-римските негативни конотации на овој поим и ги зајакнале со вметнување на идејни обрасци позајмени од еврејската мисла. Како и претходните мислители, раните христијани потеклото на магијата го припишале на област на исток од Европа, меѓу Вавилонците, Персијците или Египќаните. Христијаните ја споделувале идејата со претходната класична култура дека магијата е нешто различно од правилната религија, иако ја правеле разликата меѓу двете нешта на различни начини.
За ранохристијанските писатели како Августин од Хипо, магијата не претставувала само измамнички и несакани обреди, туку била токму спротивна на религијата, бидејќи се потпирала на соработката со демоните, заробениците на сатаната. Во ова, христијанските идеи за магијата биле тесно поврзани со христијанската категорија паганство, и магијата и паганството се сметале дека припаѓаат под пошироката категорија на - суеверие, уште еден термин позајмен од претхристијанскиот римски култура. Овој христијански акцент на својствениот неморал и неправилноста на магијата, како нешто што е во спротивност со добрата религија, бил далеку поостар во пристапот отколку во другите големи монотеистички религии од тој период - јудаизмот и исламот. На пример, додека христијаните ги сметале демоните како својствено зло, џинот - споредлив субјект во исламската митологија - бил сметан за поамбивалентна личност кај муслиманите.
Во своите пенитенцијалии, Бурхард Вормски дава опширни сведочења за распространетоста на магијата во раниот среден век. Така, тој пишува за верувањето во т.н. „парки“ (parcae) - луѓето кои имале моќ, по своја желба или по нечија молба, да го претворат новороденчето во врколак или во нешто друго. Некои жени барале траги од стапалките на некој христијанин, земале парче од тревата и го чувале дома, со цел да му го загрозат здравјето или животот на тој човек. Некои жене го мачкале телото со мед, а потоа се вртеле на платно на кое биле ставени зрна жито; потоа, го собирале залепеното жито, го мелеле, вртејќи ја рачката на мелницата во спротивната насока од патеката на сонцето и од добиеното брашно правеле леб со кој ги хранеле своите сопрузи, мислејќи дека на тој начин тие ќе ја изгубат силата или ќе умрат. Исто така, масовно биле применувани магиите со цел да се изнуди љубов од некого.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 144-150.
Моделот на волшебник во христијанската мисла го дал Симон Маѓесникот, познат и како „Симон Маѓесникот“, лик која се спротивставувал на Свети Петар и во Делата на апостолите и во апокрифните, но влијателни Дела на Петар. Историчарот Мајкл Д. Бејли изјавил дека во средновековна Европа „магијата“ била „релативно широка и распространета категорија“. Христијанските теолози верувале дека постојат повеќе различни облици на магија, повеќето од нив биле видови на дивинација. На пример, Исидор од Севиља направил каталог на она што го сметал како магија во кој се наведени ауспиција, некромантија, астрологија, баења, хороскопи, амајлии, геомантија, хидромантија, аеромантија, пиромантија, фасцинација и лигатури. Средновековна Европа исто така видела дека магијата се поврзува со старозаветната фигура на Соломон. Биле напишани разни гримоари, или книги кои опишуваат магични практики, за кои се тврди дека биле напишани од Соломон, особено Клучот на Соломон.
Во средновековна Европа магијата била термин на осуда. Во средновековна Европа, христијаните честопати се сомневале во муслимани и Евреи вклучени во магични практики. Во одредени случаи, овие волшебни обреди - вклучително и наводната еврејска жртва на христијански деца - биле резултат што христијаните ги масакрирале овие религиозни малцинства. Христијанските групи честопати обвинувале и други, сопернички христијански групи - кои ги сметале за еретички - дека се занимаваат со магиски активности. Во средновековна Европа, исто така се појавил и терминот „maleficium“ што се применувал на форми на магија кои биле спроведени со намера да предизвикаат штета. Во подоцнежниот среден век се појавиле зборови за овие практичари на штетни магични дејства на разни европски јазици: sorcière на француски, Hexe на германски, strega на италијански и bruja на шпански. Англискиот термин за злобни практичари на магија е witch (вештер, вештерка) и потекнува од претходниот староанглиски термин wicce.
Рана модерна Европа десно|мини|Насловна страна на англискиот превод на Природна магија (Natural Magick) објавен во Лондон во 1658 година.