Ерик Артур Блер (; Мотихари, 25 јуни 1903 — Лондон, 21 јануари 1950), познат под писателското име Џорџ Орвел (англ. George Orwell) — англиски романописец, есеист, новинар и критичар. Неговата работа е забележителна поради рационалната проза, социјалната критика, противење на тоталитаризмот и отворената поддршка на демократскиот социјализам."Why I Write" in The Collected Essays, Journalism and Letters of George Orwell Volume 1: An Age Like This 1945–1950 p. 23. (Penguin)
Како писател, Орвел создал книжевна критика и поезија, фикција и полемично новинарство. Орвел е најпознат по алегоричниот роман „Животинска фарма“ (1945) и дистопискиот роман „1984“ (1949). Неговите дела кои не се фикција вклучуваат „Патот за Виганскиот док“ (1937), каде е документирано неговото искуство со животот на работничката класа во Англија и романот „Во чест на Каталонија“ (1938), која всушност е негов запис за неговото искуство како активен учесник во Шпанската граѓанска војна. Покрај овие, Орвел има објавено бројни есеи со политичка и книжевна тематика, кои се забележителни во неговото творештво. Во 2008 година, весникот „Тајмс“ (The Times) го рангирал Џорџ Орвел на второто место на списокот на „50 најголеми британски писатели од 1945 па до денес“.
Делата на Орвел остануваат влијателни во популарната и политичката култура во светот. Неговото влијание резултирало со создавањето на придавката „орвеловски“ (Orwellian), која, предимно, се користи во англискиот јазик за да се опише тоталитарно и автократско општество и практики. Дополнително, тој и неговите дела вродиле голем број неологизми во англискиот јазик, кои и денес се користат. Еден од светските најпознати зборови или изрази кои Орвел ги создал, и кој и денес се користи, е „Големиот брат“ (The Big Brother).Robert McCrum, The Observer, 10 May 2009
Биографија
Ран живот
Ерик Артур Блер е роден на 25 јуни 1903 година во Мотихари, Бихар, Британска Индија. Неговиот прапрадедо, Чарлс Блер, бил богат поседник во Дорсет кој се оженил со Мери Фејн, ќерка на Томас Фејн, 8. ерл на Вестморленд, и имал приход како сопственик на плантажи во Јамајка. Неговиот дедо, Томас Ричард Артур Блер, бил свештеник. Ерик Блер го опишал неговото семејство како „долно-средна средна класа“. Неговиот татко, Ричард Валмесли Блер работел во Одделот за опиум на Индискиот граѓански сервис. Неговата мајка, Ида Мабел Блер пораснала во Моламјин, Мјанмар (тогаш Бурма). Ерик имал две сестри: Марџори, пет години постара, и Аврил, пет години помлада. Кога Ерик имал една година, неговата мајка го однела него заедно со неговата сестра во Англија.Crick (1982), p. 48 Неговото родно место и дом во Мотихари денес е историски споменик.
Во 1904 година, Ида Блер се доселила со децата во Хенли-на-Темза во Оксфордшир. Ерик израснал со неговата мајка и сестрите, и освен мала посета во 1907,A Kind of Compulsion 1903–36, xviii тој не го видел неговиот татко сè до 1912. На пет годишна возраст, Ерик бил испратен на училиште во Хенли-на-Темза, каде учела и неговата сестра Марџори. Училиштето било католичко и имало интернат, но Ерик не го користел интернатот. Училиштето било раководено од француски калуѓерки. Неговата мајка сакала тој да има стекнато образование од државните училишта, но семејството не можело да ги подмири трошоците. Преку социјалните врски кои ги имал неговиот вујко, Чарлс Лимузин, Блер се стекнал со стипендија во училиштето Сент Сипријан во Истборн, Источен Сасекс. Таму пристигнал во септември 1911, каде престојувал пет години, а се враќал дома само за време на празници. Иако не знаел ништо за намалените давачки, тој „набрзо увидел дека потекнува од посиромашно семејство“.Bowker p. 30 Блер не го сакал училиштето и многу години подоцна напишал есеј „Такви и такви беа радостите“, кој бил објавен посмртно, а е напишан основајќи се на неговите искуства во училиштето. Во тоа училиште, Блер прво го запознал Сирил Коноли, кој станал писател и кој како уредник на списанието Хоризон, објавил неколку од есеите на Орвел.
Пред Првата светска војна, семејството се преселило во Шиплејк, Оксфордшир, каде Ерик се спријателил со семејството Бадиком, особено нивната ќерка Џакинта Бадиком. Кога за прв пат се запознале, тој стоел на исправен на глава, а кога таа го прашала за овој подвиг, Ерик одговорил дека „подобро ќе бидеш забележан ако стоиш на глава одошто исправен“. Џакинта и Ерик читале и пишувале поезија и сонувале да станат писатели. Тој тогаш напоменал дека можеби тој ќе напише книга налик книгата „Современа утопија“ од Х. Џ. Велс. За време на овој период, тој исто така обожувал пукање, риболов и набљудување на птици.
Додека учел во Сент Сипријан, Блер напишал две поеми кои биле објавени во „Хенли Стандард“. На доделувањето на наградата „Историска награда на Хароу“, тој бил рангиран на второ место веднаш зад Коноли. Неговиот труд бил признат и ценет од испитувачите и се стекнал со стипендија на Колеџот Велингтон во Беркшир и Колеџот Етон. Немало место во тој момент во колеџите, па сè до дека не се отворело место Блер останал во Сент Сипријан до декември 1916.
Во јануари Блер започнал во Велингтон, каде го поминал пролетниот семестар. Во мај 1917 година, се отворило место во Колеџот Етон. Блер останал во Етон сè до декември 1921 година, кога го напуштил пред да наполни 19 години. Орвел кажал на неговата пријателка Бадиком дека Велингтон бил „ѕверски“, а додека во Етон бил „заинтересиран и среќен“..Jacintha Buddicom, Eric and Us, p. 58 Негов главен тутор бил А. С. Ф. Гау, кој подоцна му давал и совети за неговата кариера. Сирил Коноли исто така се префрлил во Етон, но бидејќи биде одделени поради годините, не станале многу блиски.
Според извештаите за успехот на Блер, тој ги запоставил неговите академски студии, но додека бил во Етон тој работел со Роџер Мајнорс при создавањето на списанието на колеџот (The Election Times), а се здружиле и при создавањето и на други публикации: „Колеџ Дејс“ (College Days) и „Бабл и Скуик“ (Bubble and Squeak). Неговите родители не можеле да го испратат на факултет без да добие стипендија и тие заклучиле дека според неговите слаби резултати тој нема да има можност да се стекне со стипендија. Рансиман забележал дека Ерик имал романтични идеи за Истокот, и семејството одлучило Блер да се приклучи на Империјалната полициска служба. За да го стори тоа, Ерик требало да помине приемен испит. Во декември 1921 тој го напуштил Етон и отпатувал кон неговото семејство.
Служба во Мјанмар Бабата на Блер, по мајкина линија, живеела во Моламјин во Мјанмар (тогаш Бурма), па така тој избрал да врши служба во оваа држава (тогаш покраина на Британска Индија). Во октомври 1922 година, тој отпловил за Бурма преку Суецкиот Канал и Цејлон (денес Шри Ланка) сè со цел да се приклучи на Индиската империјалната полиција во Бурма. Еден месец откако отпловил за Британска Индија, Блер пристигнал во Јангон (тогаш Рангун) и отпатувал во Мандалеј. Бил назначен за помошниот на окружниот началник (на проба) на 29 ноември 1922 година, со делотворен датум на почеток на 27 ноември и плата од 525 индиски рупии месечно. По краток престој во Мејмјо, главна полициска британска станица, тој бил префрлен во Мјаунгмја во 1924.
Работата како службеник му задала значителни одговорности, во период кога голем број од неговите современици биле по англиските универзитети. Подоцна бил префрлен источно во Бурма каде неговата единица била одговорна за безбедноста на околу 200.000 луѓе. Кон крајот на 1924 година бил префрлен во Танлин, место кое бил поблиску до Јангон. Иако местото било загадено поради нафтената индустрија, сепак градот бил блиску до Јангон, метропола и космоплитенско пристаниште. Блер често одел до градот „да ги разгледа книжарниците, да јаде добро зготвена храна, да избега од досадната рутина на полицискиот живот“.Stansky & Abrahams, The Unknown Orwell, pp. 170–71 Во септември 1925 отишол во Инсејн, гратче во кое се наоѓал вториот најголем затвор во Бурма. Во Инсејн имал „долги разговори на секоја тема“ со Елиса Марија Лонгфорд-Рае.Michael Shelden Orwell: The Authorised Biography, William Heinemann, 1991 Во овој период тој ја завршил обуката и примал месечна плата од 740 рупии.
Во Бурма Блер имал репутација на „аутсајдер“. Повеќето од времето бил сам, читал или вршел активности кои не биле за отмената класа („пука сахиб“ е поим за отмени активности во Британска Индија). Таквите активности на пример биле одење во црква на Карените. Негов колега, Роџер Бидон (во интервју дадено за ББЦ во 1969 година) изјавил дека Блер брзо успеал да го научи јазикот и пред да ја напушти Бурма тој „умеел течно да зборува со бурманските свештеници на многу течен бурмански“.A Kind of Compulsion, 1903–36, p. 87 Во овој период Блер направил и одредени физички промени, односно од овој период започнал да носи мустаќи во вид на линии и го заменил стариот стил на мустаќи. Исто така имал и одредени тетоважи, односно на секој зглоб од прстите има по едно сино крукче. Голем број од месните Бурманци сè уште имаат такви тетоважи.Emma Larkin, Introduction, Burmese Days, Penguin Classics edition, 2009
Во април 1926 година тој се преселил во Мулмејн, каде се наоѓала неговата баба. Кон крајот на годината тој бил преместен со служба во Ката во Горна Бурма, каде се разболел од треска во 1927 година. Имал одобрение да ја напушти привремено службата и да се врати во Англија истата таа година, но поради болеста заминал дома во јули. Додека бил на боледување и на одмор со неговото семејство во Корнвел во септември 1927 година, тој размислувал за неговиот животен тек. Одлучил да не се врати во Бурма, дал отказ во службата и се одлучил да стане писател. Неговите искуства во Бурма биле инспирација за книгата „Бурмански денови“ (1934) и есеите „Бесење“ (1931) и „Пукање слон“ (1936).
Лондон и Париз
Во Англија се вратил во семејната куќа во Саутволд, кога ги обновил познанствата со локалните пријатели. Го посетил неговиот тутор Гау во Кембриџ од кого побарал совет за тоа како да стане писател.Crick (1982), p. 122 Во 1927 се преселил во Лондон.Stansky & Abrahams, The Unknown Orwell, p. 195 Рут Пител, семеен пријател, му помогнал да најде сместување и кон крајот на 1927 година се вселил во куќа на улица „Портобело“.Ruth Pitter BBC Overseas Service broadcast, 3 January 1956 Денес има сина плакета која е поставена како комеморација на неговиот престој во тој дел од Лондон. Вмешувањето на Питер при преселбата „би оставила осигурителна почит во очите на Блер“. Питер имал симпатичен интерес кон пишувањата на Блер, посочувајќи слабости во неговата поезија и го советувал да пишува за тоа што го знаел. Всушност тој одлучил да пишува за „одредени аспекти на сегашноста за кои ги знаел“ и ризикувал во Ист Енд во Лондон — еден од неколкуте подвизи кои ќе ги направи за да се открие себеси и светот на сиромаштијата и најниската класа која ги населува тие делови. Тој пронашол тема на пишување. Овие приказни, истражувања, ескпедиции и тури биле направени во период од пет години.Stansky & Abrahams, The Unknown Orwell, p. 204
Како емитација на Џек Лондон, чии дела тој ги обожувал, Блер започнал да ги истражува сиромашните делови на Лондон. За почеток се одлучил за Лајмхаус Козвеј, каде првата вечер ја поминал во обично преноќевалиште, најверојатно евтино преноќевалиште на Џорџ Леви. За краток период успеал да се претвори во „тамошен локален“, облекувајќи се како бездомник, го користел името П.С. Бартон и успеал да не се поврзе или делува во никој случај со начинот на живот на средната класа и очекувањата кои следат со неа. Овие искуства ги искористил за есејот „Клинец“ (The Spike), неговиот прв објавен есеј на англиски, како и вториот дел од книгата „Никој и ништо во Париз и Лондон“ (Down and Out in Paris and London) (1933).