мини|десно|250п|Банкноти и монети Пари — општоприфатено средство кое служи за размена на производите, за чување на вредноста и за плаќање на долговите. Тие се засноваат на договор во рамките на една заедница за користење на одредено средство за размена. Овој договор за користење на било кој материјал за пари може да биде или експлицитен или имплицитен, слободно избран или под принуда.

Функции на парите Парите во економијата ги имаат следниве функции:Andrew T. Hill, (2013), “Functions and Characteristics of Money”, Federal Reserve Bank of Philadelphia, Charter 3, Segment 301, p. 2. Средство за размена (во прометот) - парите се предмет кој купувачите им го даваат на продавачите кога сакаат да купат добра и услуги. Платежно средство (мерка за вредност) - парите се мерило со кое луѓето ги одредуваат цените и ги бележат долговите. Чувар на вредноста (богатство) - парите се предмет кој луѓето можат да го употребат за пренос на куповната моќ од сегашноста во иднината.

Примитивни форми на пари Во текот на историскиот развој, голем број производи служеле како пари. Вообичаено, кај сточарските народи, добитокот служел како пари. Номадските народи како средство за размена употребувале кожи. Како средство за размена се употребувале и определени парчиња накит. Кај војнички настроените народи за таа цел често служело и оружјето. Покрај споменатите добра, кои служеле и како употребни вредности, па и поради тоа биле многу барани, како средства за размена служеле и предмети кај кои е тешко да се утврди поводот поради кој биле избрани за таа улога, како, на пример, човечки или животински черепи, огромни камења и друго.

За тоа дека разни предмети често служеле како општо разменско средство не упатуваат и следниве поими во разни јазици во светот:Љупчо Трпевски, Монетарна економија, Економски факултет, Скопје 2010, стр.24-25. во старословенскиот јазик зборот "скоту" означувал стока (добиток), но во исто време и пари; војниците во древниот Рим во еден период биле плаќани со сол. Оттаму е и коренот на зборот "salary" во англискиот збор што означува плата. до неодамна во рускиот јазик за една четвртина копејка се употребуваше зборот "полушка", а тоа значи половина кожа од зајак. Кај повеќе словенски народи се употребува зборот - плати, платите, платити и слично, кој потекнува од времињата кога платнените крпи служеле како пари. Како разменско средство, односно пари во одредени периоди а во некои изолирани племиња во Полинезија и денес, за жал служеле и служат луѓето. Тоа и Хомер го има опеано во Илијада и Одисеја. Така, од Илијада можеме да дознаеме дека Ахил како награда на победникот во борење му давал троножец од бронза кој вредел 12 говеда, а на победениот му давал робинка која вредела четири говеда. Според Одисеја, Лаерт дал за робинката Еуриклија 20 волови, а за робови и робинки се купувале вино, бронза, железо итн.Поврзано кај Миодраг Угриќиќ, Новчани систем Југославије, Београд, 1967. Интересен е случајот на Кина. Во еден период, таму како пари служеле вистински ножеви. Подоцна, почнале да се прават од ламарина "мали симболични ножеви", кои немале своја употребна вредност, туку само разменска.

Со текот на времето некои од средствата за размена, од голема употреба толку се истрошувале што повеќе не можеле да се употребуваат за целите за кои првобитно биле наменети. На пример, кога како средство за размена се употребувале парчиња платно, со време тие потполно се испарталувале поради што биле непогодни за употреба (како употребна вредност), меѓутоа, и натаму биле ценети како средство за размена. На Крит, исто така, се ковале бакарни листови во облик на говедска кожа, што очигледно значело дека еден таков лист вредел колку и една говедска кожа, која првобитно „ин натура“ (во природа) била средство за размена. Во подоцнежниот развој, наместо говеда се употребувале метали со втиснат лик на говедо. Тоа значи дека првобитниот предмет, во текот на развојот се сведувал на прост знак, симбол, често без каква било материјална вредност, но со можност за нив да добие производи за потрошувачка.

На овој начин, средството за размена станало самостојна категорија, губејќи постепено секаква врска со конкретниот производ од кој потекнало. Неговата вредност повеќе не се темелела врз материјата од која било изработено средството, ниту врз можноста за негова употреба како добро, туку врз уверувањето дека за него, во определен сооднос, ќе може да се стекне друг производ, односно, било која друга употребна вредност. Од примитивните облици на парите и нивниот развој, проф. МајхснерВјекослав Мајхнер, Основи науке о новцу, Универзитет Скопје, Скопје 1958, стр.31. изведува заклучок, според кој, економските добра можат да имаат вредност само ако се производи на општествено корисен човечки труд.

Металите како пари Со текот на времето, од бројните облици на примитивни пари, металите ја презеле улогата на пари и од благородните метали се развиле денешните форми на пари и денешните парични системи. Имено, поради природните особини, металите биле особено погодни за нивна употреба како средство за размена и поради тоа, тие ги истиснале сите останати предмети како средства за размена. Во таа функција се употребувале железото, бакарот, бронзата, среброто и златото. Со текот на развојот, пак поради природните особини, златото ги истиснало сите метали и останало, до средината на 70-тите години од XX век, единствен метал за чија вредност се врзувала вредноста на парите.

Меѓу особините што се својствени за металите, особено за златото, да се употребуваат како пари, односно како материјал за правење пари или како стандард на вредноста на парична единица се наведуваат следните:Љупчо Трпевски, Монетарна економија, Економски факултет, Скопје 2010, стр. 27. Заменливост. Хомогеноста на материјата овозможува секое парче од металот да е еднакво на друго парче од истиот метал; Деливост. Благородните метали можат да се делат и на најмали делови, а сите тие заедно да претставуваат иста вредност која ја претставувало парчето метал; Ковливост. Металите можат да се коваат, да се растопуваат, а притоа да не изгубат ништо ниту од количината, ниту од особините, ниту од вредноста; Трајност. Благородните метали не се распаѓаат и се неуништливи. Поради надворешни влијанија не можат да изгубат од својата количина, вредност или убавина; Преносливот. Релативно големата вредност на мали количини благородни метали го олеснува прометот и на големи количини на вредности; Корисност. Нема сомнение дека ни благородните метали не би се употребувале како средство за размена доколку не биле барани како стока, а побарувачката морала да биде интензивна и постојана. Тоа дава сигурност дека доброто кое се избира како средство за размена ќе се употребува и бара и во иднина, односно и во следниот период лесно ќе се најде имател на добра кои се подготвени да ги дадат во замена за благородни метали. Во врска со корисноста на благородните метали може да се забележи дека тие не можат да подмират егзистенцијални потреби, а се барани, што ја олеснува нивната потреба како средство за размена; Постојаност на вредноста. Во текот на историјата благородните метали покажале најголема стабилност на вредноста, што е неопходно за со нив да се мери вредноста на другите стоки. Тоа е мошне важно за остварување и на нивната функција на средство за размена. Меѓу причините за стабилноста на вредноста на благородните метали се наведуваат две: 1) Нивното производство подлежи на Законот на опаѓање на рентата, што значи дека зголемувањето на производството на благородните метали е сврзано со зголемувањето на трошоците по единица на произведено количество, што има за последица поскапување на производот; 2) Самата употреба на благородните метали како парична материја придонела нивната вредност да се одржува стабилна. Тоа се обезбедувало со врзувањето на вредноста на парите за вредноста на благородните метали.

Ковани пари Кованите пари, всушност, претставуваат парчиња метал со втиснат жиг на кој е напишана тежината на парчето.Љупчо Трпевски, Монетарна економија, Економски факултет, Скопје 2010, стр.29. thumb|left|Ковани пари од Лидија. Првите познати ковани пари се изработени пред 2700 години во Лидија од мешавина на злато и сребро која се нарекува електрум. И покрај предностите на благородните метали (злато, сребро) како средства за размена, во однос на примитивните форми на пари, плаќањето не било едноставно. При секое плаќање, металот морал да се мери, да се испитува неговата чистота, а и исправноста во мерењето на тежината можела да доведе до разидување на учесниците во размената. Овој начин на плаќање, каде што во секоја поединечна трансакција се вршеле мерење на тежината на златото или среброто се нарекува пенсаторно плаќање.

Меѓутоа, пенсаторното плаќање се покажало како комплицирано и набрзо почнале да се прават парчиња метали - прачки на кои се втиснувале знаци и натписи од кои можело да се види колкава е тежината на парчето, односно, кај благородните метали, колкава е содржината на чистиот метал. Такви знаци ставале производителите, а подоцна, специјализирани трговци или банкари. Таквото заверување на самата прачка ја елиминирало потребата од испитување на чистотата и од мерење на тежината, меѓутоа, тоа зависело од веродостојноста на лицето кое го вршело заверувањето. Со текот на времето, таквите заверки претставувале доволна гаранција заверените прачки да се примаат во прометот без детални испитувања на нивната тежина, а особено чистотата. Со втиснување на таков жиг е означен почетокот на ковањето на пари. Со практиката на ковање на пари (при што однапред се знаело колку злато треба да содржи определено парче и со каква чистота е златото) се надминала практиката на мерење на тежината и испитувањето на чистотата на секоја одделна прачка. Подоцна, со закони за парите во одделни земји се определувало колку злато содржи секоја парична единица и според тоа, потоа, во заокружени износи, се ковале одделни златници. Бројот кој означува колку парични единици се коваат од една единица на тежина на чист благороден метал се нарекува ковничка стапка.Љупчо Трпевски, Монетарна економија, Економски факултет, Скопје 2010, стр.30. мини|Венецијански дукати, 1382-1400 година

Со кованите пари се надминале бројни проблеми од пенсаторното плаќање, меѓутоа, се појавил и нов проблем. Преоѓајќи од рака во рака, златниците се трошеле, па нивната материјална вредност била помала од нивната номинална вредност. Тоа го комплицирало мерењето на вредноста на стоките. Во тој случај, проблемот го решавала државата така што таа определува граница до која златниците можат да се истрошат, а сепак, во прометот и натаму да се сметаат како полноважни. Со тоа, таа ги прогласувала за законско средство за плаќање и покрај тоа што златниците изгубиле дел од својата тежина и чистота, односно вределе помалку од онаа количина метал која соодветствувала на бројот на паричната единица на која гласеле.

Од развојот на кованите пари, според проф. Мајхснер,Вјекослав Мајхнер, Основи науке о новцу, Универзитет Скопје, Скопје 1958, стр.40-42. можат да се извлечат неколку заклучоци во поглед на промените во поимот на парите: благодорниот метал е средство за размена на производите, а ковањето е само техничка мерка за олеснување на манипулацијата при плаќањата;