Кралство Шпанија или само Шпанија (шпански и галисиски: Reino de España или España; каталонски: Regne d'Espanya; баскиски: Espainiako Erresuma) — земја во Југозападна Европа. Го дели Пиринејскиот Полуостров со Португалија, Гибралтар и Андора. На североисток, по Пиринејскиот планински масив, се граничи со Франција и Андора. Шпанија ги вклучува Балеарските Острови во Средоземно Море, Канарските Острови во Атлантски Океан, градовите Сеута и Мелиља на север од Африка и неколку помали ненаселени острови на средоземната страна на Гибралтар, како Хафиринските Острови, „карпите“ (на шпански: penes) на Велес и Алхукемас, и малиот остров Перехил.
Главен град на Шпанија е Мадрид. Површина на земјата е 505 992 км2 а број на население според проценките во 2011 година изнесува 47 190 493 жители.
Шпанија е парламентарна монархија. Парламентот кој ја има законодавната власт во државата, се избира на секои 4 години преку непосредни парламентарни избори. Извршната власт ја има владата, на чело со премиерот кој е назначен од кралот по претходна консултација со најважните политички сили кои се застапени во парламентот. Етимологија на име
Историја
Праисториска Шпанија
thumb|Репродукција на цртежи од пештерата Алтамира, во Кантабрија
Праисторијата на денешна Шпанија започнува со отривањето на најраниот запис за постоење на човелики мајмун во Европа во пештера која се наоѓа на планината Атапуерка. Фосилите кои биле пронајдени таму датираат отприлика пред околу 1,2 милиони години. Современиот кроманонски човек на овие простори започнале да се населуваат пред околу 35.000 години. Во пештерата Алтамира постоела една од првите населби на овие простори пред околу 15.000 години. Според археолошките проучувања, на овие простори постоела развиена култура во источниот дел на Пиринејскиот Полуостров во времето на доцниот неолит и бронзеното време.
Фенекијците, Старите Грци и Картагените го населиле овој простор, колонизирајќи во околу 1100 п.н.е.. Фенекијските трговци го основале денешниот град Кадис. Во текот на 9 век п.н.е. Старите Грци го колонизирале и основале градот Емпуриес по должината на Средоземното Море, преоставајќи го јужниот дел на Фенекија. Од Стара Грција најверојатно произлегло и името Иберија, според реката Ибар. Во 6 век п.н.е. на полуостровот пристигнале Картагинците кои воделе војни со најпрвин со Грција а подоцна и со Римското Царство. Најважен град којшто го основиле бил денешниот Картагина.
Праисторискиот период на тогашна Иберија завршил со започнувањето на Пунските војни, период кога територијата влегла во доменот на т.н. пишана историја.
Иберија
Иберија е назив кој бил користен од страна на Стара Грција за денешниот Пиринејски Полуостров (наречен и „Пиринејски Полуостров“). Овој термин бил користен и од страна на Херодот. Проучувањето на Пиринејскиот Полуостров како географска целина се одвивало доста бавно. Еден од факторите бил поради разделеченоста од античкиот свет. Старите Грци и Фенекијците во однос на оваа територија ја користиле најмногу од економски интерес, според кое се смета дека сепак овие народи ја познавале многу добро Иберија, како по нејзиното крајбрежје така и во нејзината внатрешност.
За овој период од историјата на Иберија се знае дека во текот на 1 век, кралот Мавретанијан Јуба II имал огромна библиотека која содржала текстови и книги од Фенекија, и дека еврејскиот географ Марино од Тир поседувал материјали од таму кои му помогнале да ја состави картата на тогашниот познат свет. Но, ниту Грците ниту Римјаните не обраќале големо внимание на овие документи, така што голем дел од нив се исчезнати.
Во античко време, терминот Иберија немал географска, туку етничка основа. Познато е дека Ибериските племиња во 6 век п.н.е. живееле во околината на Монпелие, и дека во 5 век п.н.е., Есхил напишал „Рона тече покрај Иберија“.
Хиспанија
thumb|300px|Римски мост во Кордоба Хиспанија е име кое Римјаните го користиле за наименување на Пиринејскиот Полуостров. Римското освојување на полуостровот траело вкупно два века. Освојувањето на полуостровот било исполнето со крвави битки. По освојувањето на Хиспанија од страна на Римското Царство, процесот на романизација на тамошните народи се одвивало без поголеми проблеми. Рим продонел од една страна многу за развивањето на полуостровот. Процесот на романизација започнал уште со победата на Римјаните над Картагина во Втората Пунска војна. Еден од најзначајните моменти на процесот на романизација на Хиспанија се случил во времето на императорот Веспазијан, кој доделил граѓанско право на хиспанските градови во 74 година, овозможувајќи им да добијат статус на римска општина. Тој статус им овозможил на Трајан и неговиот наследник Адријан, кои биле родени во Хиспанија, да станат римски императори.
Со доаѓањето на римјаните на Пиринејскиот Полуостров, тие главно се населувале или во постоечките градови или основале нови. Едни од најпознатите градови кои биле создадени во тоа време се: Таракон (лат. Tarraco), денешна Тарагона, Италика (лат. Italica), град во покраината Севиља, Емерита Августа (лат. Emerita Augusta), денешна Мерида.
Спанија
мини|Територијата на византиската провинција Шпанија Свевите, 406 година, тие во сојуз со Вандалите и Аланите ја преминале реката Рајна и ја зазеле Галисија. Во 466 година го примаат Аријанството, а од 560 година се католици. Кралството Галисија било основано во 410 година од страна на германското племе Шваби, кои стекнале независност од Западното Римско Царство на територијата на римските провинции Галисија и Северна Лузитанија. Во 585 година, кралството на Швабите било претпено односно присоединето кон кралството на Визиготите. Визиготското кралство пак опстојувало до 701 година, а неговите територии влегле во составот на Кралство Астурија.
Во меѓу време од страна на Византија на овие простори била формирана провинцијата Спанија во периодот од 552 година до 623 година. Провинцијата ги опфаќала териториите на јужниот дел од Пиринејскиот Полуостров и Балеарските Острови. Територијата била освоена од страна на Јустинијан I.
Визиготска Хиспанија
мини|Полуостровот во 700 Визиготска Хиспанија е назив за територијата на Пиринејскиот Полуостров во времето кога бил владеен од страна на Визиготите. Овој период го опфаќа времето од Битката кај Вујеа во 507 година до Битката кај Гвадалета во 711 година. До 507 година, Визиготското Кралство, со центар Тулуза, ги контролирал Аквитанија, Нарбонска Галија и голем дел од Хиспанија. По поразот на Визиготите од страна на Франките во 507 година, и смртта на визиготскиот крал, Визиготите неговиот наследник Амаларих го одвеле во Хиспанија. Нивниот центар најпрво се наоѓал во Барселона, а потоа во Толедо.
Од 511 година до 526 година, Визиготите биле во сојуз со Остроготите, на чие чело се наоѓал Теодорих Велики. Во текот на 6 век дошло до војна околу престолот помеѓу Визиготите и источноримскиот цар Јустинијан I со неговиот претендент Атанагилда. Во војната, Византија победила, а Византијците немале намера да се повлечат и го зазеле југоисточниот дел од полуостровот каде се задржиле до 754 година. Овде тие ја создале и провинцијата Спанија.
Подоцна, на овие простори се појавил нов непријател, муслиманите кои во 711 година го зазеле скоро целиот полуостров, уништувајќи го целосно Кралството на Визиготите.
Ел Андалус
Ел Андалус е арапското име за деловите од Пиринејскиот Полуостров кои биле под власта на муслиманите односно под Маврите во периодот од 711 година до 1492 година. Од 711 година, територијата на денешна Шпанија и Португалија била завладеана од страна на народ кој оставил големо културно значење на овие простори. Сепак, владеењето на Маврите се одликувало со голема толеранција кон местното население. По создавање на Кралство Кастиља и Кралство Арагон, започнал процесот на постепено прогонување на муслиманскиот свет од полуостровот, и повторно завладување на овие простори од страна на христијанското население. Овој процес исто така е познат ѝ како Реконквиста. Арапите во текот на 13 век и 14 век започнале да се повлекуваат кон Гранада. Целосното исцрпување од островот завршило во 1492 година, по кое била создадена нова европска велесила — Шпанија.
Реконквиста
Реконквиста претставува период на протерување на арапските Маври од Пиринејскиот Полуостров од страна на христијанското население во Шпанија и Португалија. Периодот на Реконквистата траел вкупно 774 години.
Во времето кога Маврите навлегле на полуостровот, малобројното визиготско население се повлекло кон планинските предели на Астурија и Кантабрија, каде подоцна го основале Кралството Астурија. Карло Велики основал т.н. Шпанска марка која претставувала погранична зона и нејзината цел била да го сопре напредувњето на Арапите кон внатрешноста на Европа.
Битката кај Ковандога, која се одиграла во 720 година го означила почетокот на Реконквистата. По битката, Дон Пелајо бил прогласен за крал на Визиготите. По неговата смрт во 737 година, неговиот наследник Алфонсо I повторно покренал подход кон Маврите, напредувајќи кон Ла Риоха и реката Дуеро.
Во текот на 10 век, христијанските кралства само ја шириле својата територија на сметка на Маврите. Астурските кралеви Ордоњо I и Алфонсо III Астурски ја потврдувале својата позиција покрај граицата со Арапите. Во 913 година било создадено Кралство Леон, време кога кралевите на Астурија ја преместиле престолнината од Овиедо во Леон. Кастиља благодарение на Фернан Гонсалес кој ја искористил смртта на Рамир II, успеала да ги утврди своите граници и да стане независна. Кастиља настанала на самата граница на Кралство Астурија. Територеијата била населена од Баскијци. До 13 век, Леон и Кастиља на повеќепати биле соединувани и повторно разделувани. Конечно, во 1230 година дошло до последно обединување на Кастиља и Леон, кога Фернандо III од Кастиља го наследил Кралството Кастиља во 1217 година, а во 1230 година го наследува Леон од својот татко Алфонсо IX.
Што се однесува до муслиманскиот свет, сè додека тие останале единствени помеѓу себе, христијаните не можеле ништо да направат туку само да ја чуваат својата територија. Во 1034 година дошло до распаѓање на Кордопскиот халифат, кој бил поделен на повеќе од дваесет мали држави. По опва, христијаните добиле можност за побрзо напредување кон јужниот дел на полуостровот. Таифите бргу заклучиле дека нивните противници се премногу силни, па затоа стапиле во сојуз со Алморавидите, народ кој владеел со Северна Африка. Со нивна помош, муслиманите ги принудиле на Алфонсо VI да се повлече кон север во градот Ларида и Валенсија. Меѓутоа, многу бргу муслиманскиот сојуз се распаднал, па ова било повод за нов поход кон јужниот дел на полуостровот. Во 1125 година, берберското племе Алмохади ја зазела Северна Африка, а Алморавидите биле прогонети. Така, муслиманското население од Пиринејскиот Полуостров ги повикале на помош новите владетели на Северна Африка. Во 1146 година стигнале на полуостровот и ги освоиле сите територии кои претходно ги освоил Алфонсо VII. Во наредните години, и двете години се спремале за одлучувачката битка која се случила на 16 јули 1212 година, позната како битка кај Лас Навас де Толоса. Во битката, муслиманите претрпиле тежок пораз. По оваа голема победа, христијанските земји започнале да војуваат меѓусебно. Процесот на Реконквиста продолжил по 1230 година. Фердинанд III, крал на Леон и Кастиља во 1236 година ја зазел Кордоба, а во 1248 и Севиља. Хаиме I ги освоил Мајорка, Менорка и Валенсија. Последен паднал градот Гранада во 1492 година, под раководство на Католичките кралеви.
Кралство Шпанија
мини|десно|Католички кралеви на Шпанија Католичките кралеви (шпански: Reyes Católicos) е титула која во историјата се користи за кралисата Изабела I Кастиљска и Фернандо II Арагонски. Оваа титула била дадена од страна на Папа Александар VI (во историјата е познат како Родриго Борџија). Тие се венчале во 1469 година во Ваљадолид.