Македонска стрељба е уметничко движење во Република Македонија слично на многу попознатото словенечко движење Нова Словенечка Уметност (на германски Neue Slowenische Kunst). Движењето се развива во средината на 80-те години на 20-от век со центар во Скопје и во него се вклучени видни фигури од македонската уметничка сцена, ангажирани во различни музички и театарски проекти. Заради проблеми со тогашната политичка структура, ова движење полека исчезнува и остатоци од неговото постоење денес се видливи единствено во работата на групата Мизар (трето откровение).
Поврзано
Ристо Вртев Архангел
Надворешни врски
Велат дека сè е отсвирено - ние не веруваме во тоа! интервју со Љупчо Јолевски Групата „Мизар“ го доживува третото откровение
Категорија:Уметнички правци Категорија:Историја на македонската музика