Виктор Иго (; Безансон, – , ) — француски писател, еден од предводниците на францускиот романтизам. Покрај Балзак, Иго се смета за најголема фигура во француската книжевност во 19 век. Негови најпознати дела се Богородичната црква во Париз и Клетници. Како политичар, Иго бил голем борец против деспотизмот и тиранијата, а се залагал за укинување на смртната казна. Бил оженет за Адел Фуше, симпатија од неговото детство, со која имал пет деца.
Иако бил посветен ројалист како млад, неговиот светоглед се променил со текот на годините, па подоцна станал републиканец, што се одразило во неговото творештво. Иго живеел 20 години во прогон на островот Гернзи во Ламанш за време на владеењето на кралот Наполеон III. При враќањето во Париз бил свечено пречекан. Починал на 83 години во Париз, а погребан е на гробиштата Пантеон. Неговото дело ужива голема почит во неговата родна земја, а неговиот лик се наоѓал на француската банкнота од пет франци.
Животопис Рани години и брак Виктор Иго бил трет син на Јозеф Леополд Сижибер Иго и Софи Требише, а негови браќа биле Абел Жозеф Иго и Евгениј Иго. Бил роден 1802 во Безансон, град во источниот дел на Франш Конте. Неговиот татко Леополд бил слободоумен републиканец кој многу го почитувал Наполеон Бонапарт. Неговата мајка Софи била од благородничко католичко семејство и се смета дека имала тајна врска со генералот Виктор де ла Ори, кој бил погубен 1812 поради сомнеж за ковање заговор против Наполеон. Детството на Иго било време на политички превирања во Франција: Наполеон бил крунисан за император две години по раѓањето на Иго, а бурбонската династија се вратила на власт кога Иго наполнил 13 години. Неговите родители имале спротивставени политички и верски сфаќања.Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 89.
Бидејќи Леополд бил генерал во Наполеоновата армија, Иго често патувал. Како дете ги посетил Неапол, Алпите, Средоземјето, Рим, и други европски одредишта. Сопругата Софи го придружувала Леополд на патувањата во Италија каде бил гувернер во провинцијата Неапол, и Шпанија, каде повремено раководел со три провинции. Изморена од честите патувања поради воени обврски, и поради тоа што сопругот не бил наклонет кон католицизмот, Софи привремено се разделила од Леополд се вратила во Париз со децата во 1803 година. Таа го воспитала и образувала Иго, што се забележува по неговите први поетски обиди, каде главен мотив се љубовта кон кралот и верата. Подоцна, пред настаните од француската револуција од 1848 година, тој се побунил против католичките ројалисти и преминал кон републиканците и слободоумието.
Младиот Иго се вљубил и бил во врска со Адел Фуше, другарка од детството, и покрај противењето на мајка му. Поради почит кон мајка му, Виктор ја зел Адел дури по смртта на Софи во 1822 година. Првото дете на Виктор и Адел, Леополд, починало како доенче во 1823 година. Следната година се родила Леополдина, а потоа следеле Шарл на 4 ноември 1826, Франсоа-Виктор на 28 октомври 1828 година, и Адел на 4 август 1830 година. Љубовта кон ќерките Иго ја опеал во повеќе песни, меѓу кои Моите две ќерки.Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 4.
На 15 февруари 1843 се венчала најстарата и омилена ќерка на Иго, Леополдина, настан што Иго го опеал во песната 15 февруари 1843.Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 27. Леополдина починала на 19 години во 1843, кратко по венчавката со Шарл Вакери. На 4 септември 1843 се удавила во Сена паѓајќи од брод. Поради тешката облека брзо потонала, а заедно со неа починал и сопругот обидувајќи се да ја спаси. Иго во тоа време бил на југот на Франција со љубовницата, а за смртта на ќерката прочитал во весник и бил многу потресен.Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 33, 37-42 и 89. Поемата Во Вилкје ја посветил на починатата ќерка.Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 37-42. Целиот свој живот Иго ги посетувал гробовите на неговата мајка и на ќерка му, тагувајќи по нив. Една негова песна од 11 јули 1846 година, е напишана по враќање од гробишта.Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 33. Подоцна, Иго накратко го опишал својот живот во песните Напишано во 1846,Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 76-78. и Напишано во 1855, во кои одговара на писмото на еден маркиз од 1846 година.Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 79-80. Инаку, Иго бил познат како многу нескромен, вообразен и болно суетен човек.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 306.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 277.
Прогонство и смрт thumb|200px|Виктор Иго во 1853
По три неуспешни обиди, во 1841 Иго бил избран за член на Француската академија и со тоа ја потврдил својата улога во француската книжевност. Потоа се вклучил во политичкиот живот и станал голем поборник на Републиката. Истата година, кралот Луј-Филип го поставил Иго за кралски генеалог и од таа позиција зборувал против смртната казна, социјалната неправда, и слободата на печатот. Подоцна, Иго бил избран во законодавната и конститутивната асамблеја. Кога Луј Наполеон (Наполеон III) ја презел целосно власта во 1851 и го донел антипарламентарниот устав, Иго јавно го прогласил за предавник на својата татковина. Плашејќи се за својот живот, Иго побегнал во Брисел, а со семејството конечно се сместил на еден островите во Ламанш. Во 1852 година во Брисел го објавува познатиот памфлет Наполеон Малиот во кој ја разобличува личноста на Луј Бонопарт и во целост ја соголува неговата диктатура. Поради овој памфлет ќе му биде скратено гостопримство во Белгија и Иго заминува на Џерси. Во 1861 година ја одбива амнестијата на Наполеон III, а во Франција се враќа во 1870 година по соборувањето на Луј Бонопарта и веднаш бил вклучен во политичкиот живот.Паскал Гилевски, Раде Силјан, Романтизам, Матица Македонска, Скопје, 2004, стр. 172 - 173.
И претходно познат како мономан и деспот, веќе од педесеттата година, Иго се претворил во неиздржлив тиранин за околината и голем егоист, па дури и хипокрит и скржавец. Подоцна, тој западнал во толкава тага, што во тестаментот побарал да го закопаат како најголем сиромав, во обичен мртовечки сандак, направен од штици при што како избезумен имал навика да ги повторува зборовите: „земјата ме повикува“.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 224.
За време на прогонството, Иго ги напишал познатите памфлети за Наполеон Бонапарт, Наполеон Малиот и Историја на едно злосторство. Памфлетите биле забранети во Франција, но имале големо влијание. Додека бил на островот, Иго го напишал познатотo дело Клетници и неговите многу ценети збирки на песни (Казни 1853; Контемплации 1856; и Легендата на вековите 1859). Иако Наполеон во 1859 година ги помилувал политичарите кои биле прогонети, Иго одбил да се врати во Франција, не сакајќи да ги повлече своите критики и мислења за владата и кралот. Кога се создала Третата Република, Иго се вратил во родната земја и во 1870 година и бил избран во Народното собрание и во Сенатот.„Белешка за писателот“, во: Виктор Иго, Козета и Гаврош, Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 145-148.
Во 1868 година умрела сопругата на Иго, Адел, а неговата верна љубовница Жилиет Друе (која му била замена за неверната сопруга) Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 89-90. умрела во 1883, две години пред смртта на Иго. Кога Виктор Иго во 1870 се вратил во Париз, народот го прогласил за народен херој. За краток период по неуспешните избори за Народното собрание, тој добил мал мозочен удар, ја доживеал опсадата на Париз, неговата ќерка завршила во душевна болница, а починале и неговите двајца синови. Во 1881 година, Иго го прославил својот 79 роденден. Во чест на тоа му била направена голема прослава, со најголемата парада во француската историја. Народот марширал шест часа од „Авени д'Елеј“ до Елисејските полиња до самиот центар на Париз, а Иго седел на прозорецот и го гледал народот. Виктор Иго умрел на 83 години и бил погребан во Пантеон, а на неговиот погреб присуствувале повеќе од два милиони луѓе.
Творештво Романи thumb|200px|Илустрација на Богородичната црква во Париз од Лук Оливие Мерсон
Иго го објавил првиот роман Хан од Исланд една година по венчавката, а вториот Биг Жаргал три години подоцна. Помеѓу 1829 и 1840 објавил пет збирки поезија (Ориентални песни 1829, Есенски лисја 1831, Песни од самракот 1835, Внатрешни гласови 1837, и Зраци и сенки 1840), потврдувајќи го статусот на најдобар автор на елегиски и лирски стихови. Иго се трудел да пишува како таткото на романтизмот Франсоа Рене де Шатобријан. Во својата младост, Иго ја развил тезата „Шатобријан или ништо”. Страста и елоквенцијата на неговите први дела му донеле успех и слава уште во младоста. Неговата прва збирка песни Нови оди и други песни била објавена во 1824, кога Иго имал 23 години, и му донела кралска плата од Луј XVIII. Следната збирка, објавена во 1826 Оди и балади го открила Иго како голем и одличен поет, мајстор за лирски песни.
Во 1829 го објавил романот Последниот ден на човекот кој е осуден на смрт, кое влијаело на писателите Албер Ками, Чарлс Дикенс, и Фјодор Михајлович Достоевски. Романот Клод Ге, издаден 1834, бил кратка документарна приказна за убиецот од вистинскиот живот кој бил погубен во Франција. Првиот голем роман на Иго бил Богородичната црква во Париз, објавен во 1831 година, и веднаш бил преведен на скоро сите европски јазици. Иго почнал да прави планови за својот најголем роман за социјалните страдања и неправдата во 1830-тите, но биле потребни цели 17 години за да го реализира неговото најуспешно дело Клетници, кое конечно било објавено во 1862. Романот Клетници доживеал голема популарност во целиот свет, а според него е снимен филм и напишани се неколку книги, кои на некој начин се сметаат како продолженија на романот.
Иго се оддалечил од социјално-политичките проблеми во следниот роман Морските работници, кој бил објавен во 1866 година. Во романот, кој бил посветен на каналскиот остров Гернзи, на кој Иго живеел 15 години во прогон, ги опишува човековата борба со морето и со страшните суштества кои живеат во длабочините. На политичко-социјалните проблеми се вратил во следниот роман Човекот кој се смее, објавен во 1869 година. Со тој роман, Иго ја критикувал аристократијата, но тој не бил толку успешен како претходните романи. Последниот роман кој Виктор Иго го напишал бил Деведесет и третата. Иако неговата популарност се намалувала, некои го сметаат за едно од неговите најдобри дела.
Поезија Поетското дело на Иго е огромно и се состои од речиси 200 000 стихови.Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 87. Својата прва поетска збирка, Оди и разни песни, Иго ја објавил во 1822. Во 1856 Иго ја објавил збирката Контемплации, која ја пишувал дури 25 години. За неа, тој напишал и кус предговор, во кој дал објаснување за својата поезија: