thumb|250px|Сер Френсис Бекон Френсис Бејкон (; Лондон, 22 јануари 1561 — Лондон, 9 април 1626) — англиски филозоф, државник, и есeист.
Животопис мини|лево|Портрет на Бејкон на возраст од 18 години, Национална галерија на портрети, Лондон. Бејкон е роден на 22 јануари 1561 година, во Јорк Хаус, во Лондон, како син на Николас Бекон и на неговата втора жена, Ана (Кук) Бејкон.„Sir Francis Bacon's Journals“. стр. 191. iUniverse, 2007. Биографите сметаат дека во детството Бекон бил школуван дома, поради лошата здравствена состојба (која го следела во текот на целиот живот), со подучување од страна на Џон Волсал, дипломец на Оксфорд, со цврста насоченост кон пуританството. На 5 април 1573 година, на возраст од дванаесет години, се запишал на колеџот „Тринити“ при Универзитетот Кембриџ. Три години живеел заедно со неговиот постар брат, Ентони Бејкон, а под лично туторство на д-р Џон Витгифт, иден Кентербериски архиепископ. Образованието на Бејкон во голема мера било на латински и по средновековната наставна програма. Исто така, тој се образувал и на Универзитетот во Поатје. Во Кембриџ, Бејкон ја запознал кралицата Елизабета, која била воодушевена од неговиот прерано созреан интелект и го нарекла и „младиот лорд чувар“. На 27 јуни 1576 година, Френсис и брат му Ентони влегле во societate magistrorum, во Грејс Ин, а неколку месеци подоцна Френсис заминал во странство, во друштво на сер Амиас Палет, англискиот амбасадор во Париз, додека Ентони ги продолжил своите студии дома. Во следните три години, Френсис Бејкон ги посетил Блоа, Поатје, Турс, а патувал и во Италија и во Шпанија. За време на неговите патувања, Бејкон ги изучувал јазиците, дипломатијата и граѓанското право, при извршувањето на рутинските дипломатски задачи.
Во 1580 година, со помош на неговиот вујко, лорд Бургхли, тој се пријавил за работа на суд, но бил одбиен. Во текот на следните две години, тој продолжил да работи во Грејс Ин, додека не станал признат како надворешен адвокат во 1582 година. Во 1584 година го зазел своето место во парламентот за Мелкомб во Дорсет, а подоцна и за Таунтон (во 1586 година). Во тој период, Бејкон почнал да покажува знаци на симпатија кон пуританство, присуствувајки на проповедите на пуританскиот старешина на Грејс Ин и придружувајки ја неговата мајка во Храмовата купола, каде го слушал Валтер Траверс. Во 1586 година, тој отворено го поттикнал погубувањето на шкотската кралица Мери. За ова време, тој повторно побарал помош од неговиот моќен чичко, на што веројатно се должи неговиот брз напредок во адвокатурата. Така, Бејкон станал член на адвокатската комора во 1586 година, следната година бил избран за предавач. Во 1589 година бил наименуван за помошник-судија, иако формално ја добил канцеларијата во 1608 година, при што ова работно место му носело приход од 16.000 фунти, годишно.
Биографите на Бејкон продолжуваат да дебатираат за сексуалните склоности на Бејкон и точната природа на неговите лични односи.See opposing opinions of: A. L. Rowse, Homosexuals in History, New York: Carroll & Garf, 1977. page 44; Jardine, Lisa; Stewart, Alan Hostage To Fortune: The Troubled Life of Francis Bacon Hill & Wang, 1999. p. 148; Nieves Mathews, Francis Bacon: The History of a Character Assassination, Yale University Press, 1996; Ross Jackson, The Companion to Shaker of the Speare: The Francis Bacon Story, England: Book Guild Publishing, 2005. pages 45 – 46 Некои аналитичари сметаат дека и покрај неговиот брак, Бејкон беше привлечен пред сè од мажи.A. L. Rowse, Homosexuals in History, New York: Carroll & Garf, 1977. page 44Jardine, Lisa; Stewart, Alan Hostage To Fortune: The Troubled Life of Francis Bacon Hill & Wang, 1999. p. 148 Форкер,Charles R. Forker, Masculine Love, Renaissance Writing, and the New Invention of Homosexuality: An Addendum in the Journal of Homosexuality (1996), Indiana University кој ги истражувал "историски документираните сексуални преференции" и на Кралот Џејмс и на Бејкон, заклучил дека се ориентирани кон "машка љубов", современ термин кој се користел за сексуалната ориентација на мажите кои го претпочитале сопствениот пол.Journal of Homosexuality, Volume: 31 Issue: 3, 1996, pages 85–93, Џон Обри го нарекол хомосексуалец кој имал "Ганимеди".Oliver Lawson Dick, ed. Aubrey's Brief Lives. Edited from the Original Manuscripts, 1949, s.v. "Francis Bacon, Viscount of St. Albans" p. 11. Сер Симондс Д'Иус имплицирал дека се планирало Бејкон да оди пред суд бидејќи бил обвинет за хомосексуалност,Fulton Anderson, Francis Bacon: his Career and his Thought, Los Angeles, 1962 како и неговиот брат Ентони Бејкон.
Политичка кариера мини|лево|Портрет на Алис Барнхам, сопругата на Бејкон Поголемиот дел од својот живот Бејкон го поминал за време на владеењето на кралицата Елизабета I од династијата Тудор, а втората половина од животот го поминал за време на кралевите Џејмс I и Чарлс I од династијата Стјуарт, во периодот кога почнала борбата меѓу новопојавената буржоазија и кралот. Во таа политичка борба Бејкон застанал на страната на кралот, зашто неговиот татко Николас Бејкон ја извршувал должноста на Лорд-чувар на големиот државен печат на кралицата Елизабета. Но, раната смрт на татко му (во февруари 1579 година) го принудила Френсис Бејкон самостојно да се пробива во животот.„David Hume“ во: Gajo Petrović, Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa. Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 11-13.
Положбата на Бејкон се поправила откако се запознал со Роберт Деверо, вториот гроф од Есекс, миленикот на кралицата Елизабета, при што од 1591 година делувал како негов советник. Бејкон го добил третото парламентарно место за Мидлсекс, кога во февруари 1593 година Елизабета го повикала парламентот да го испита Римокатоличкиот заговор против неа. Тогаш, по обвинувањата на противниците, тој за кратко време бил исклучен од кралскиот двор. Во 1594 година, кога се ослободило местото за народенправобранител, влијанието на лорд Есекс не било доволно да се прифати кандидатурата на Бејкон, а тој не успеал да го добие ниту пониското место на заменик-јавен обвинител во 1595 година. За да го утеши за овие разочарувања, лордот Есекс му го подарил имотот во Твикенхам, што подоцна Бејкон го продал за 1.800 фунти. Во 1596 година, Бејкон станал советник на кралицата, но и во текот на следните неколку години, неговата финансиска состојба останала лоша. Неговите пријатели не можеле да му најдат поволна јавна функција, а замислата за брак со богатата и млада вдовица, лејди Елизабета Хатон не успеала, откако таа го прекинала нивниот однос и прифатила брак со побогат човек. Во 1598 година Бекон бил уапсен поради неговите долгови, но подоцна неговата позиција во очите на кралицата се подобрила и постепено, особено кога тој ги прекинал врските со лордот Есекс, бил погубен за предавство во 1601 година. Тогаш, Бејкон бил назначен да ги испита обвинувањата против лордот Есекс и за да се оправда себеси тој напишал декларација за предавството на лордот. За таа улога во процесот против лордот Есекс, Бејкон добил подарок – пари од казната на еден од соучесниците на лордот Есекс, во износ од 1.200 фунти.
Иако за време на кралицата Елизабета бавно напредувал во службата, по доаѓањето на власт на Џејмс I, Бејкон започнал забрзано да напредува. Во 1603 година, тој бил прогласе за витез, следната година стапил во брак со Алис Барнхам, а во јуни 1607 година конечно му била доделена функцијата на јавен обвинител. Сепак, и покрај големите приходи, поради старите долгови и расипничкиот начин на живеење, тој останал во лоша финансиска положба. Во 1610 година започнала четвртата седница на првиот парламент на кралот Џејмс при што дошло до судир меѓу кралот и членовите од долниот дом, така што парламентот бил распуштен во февруари 1611 година. Во текот на овој период Бекон останал на страната на кралот и во 1613 година конечно бил назначен за јавен правобранител. Како јавен обвинител, Бекон кривично го гонел лордот Сомерсет во 1616 година.
Во 1617 година, Бејкон станал чувар на големиот државен печат, во 1618 година станал лорд-канцелар и барон, а во 1621 година бил прогласен за виконт од Сент Албанс. Така, тој го достигнал врвот во својата кариера, но истата година, врз основа на обвинение дека примил мито, тој бил отпуштен од службата и од парламентот, а исто така бил осуден на парична казна и бил затворен. По два дена, тој бил ослободен од затворот, а глобата ја платил кралот и подоцна казната му била простена и му било дозволено да се врати во парламентот. Сепак, тој никогаш повеќе не се вратил во политиката, туку остатокот од животот го поминал во научна работа. Бејкон умрел на 9 април 1626 година, како последица на настинката што ја добил едно студено пролетно утро, вршејќи експерименти со конзервирање храна со помош на снег. Подоцна, низ вековите се водела бурна расправа за карактерот на Бејкон при што некои сметале дека бил чесен човек и пожртвуван научник, а други сметале дека бил расипан и алчен политичар кој ги користел сите можни средства за да дојде до власт и до пари. На пример, познато е дека тој застанал на страната на кралицата Елизабета во пресметката со нејзиниот миленик грофот Есекс, кој претходно му направил бројни услуги на својот пријател Бејкон. мини|Споменик на Бејкон во црквата Св. Михаил, во местото Сент Албан.
Философските погледи на Бејкон мини|десно|Френсис Бејкон, Sylva sylvarum Обновата на науката Насловот на главното, но недовршено дело на Бејкон е „Големата обнова“ (Instauratio magna). Во ова дело, Бејкон ја критикува лошата состојба во науката и во филозофијата и ја образложува потребата од нивната обнова. Според него, додека механичките вештини постојано напредувале, науката и филозофијата стагнирале веќе два века, тврдејќи дека тие напредувале подобро во времето на нивните први творци. Притоа, здравите и плодни почетоци на науката и филозофијата тој ги поврзува со старите грчки филозофи, како: Емпедокле, Анаксагора, Леукип, Демокрит, Парменид, Хераклит итн., додека почетоците на пропаѓањето на науката и филозофијата ги лоцира кај Платон, Аристотел и Зенон, сметајќи дека тие се основачи на реторската мудрост, која е зборлеста и вешта во дискусијата, но бесплодна во животната пракса. Според Бејкон, причините за одржувањето на таа бесплодна мудрост се:„Francis Bacon“ во: Gajo Petrović, Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa. Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 14-15. ограниченото време што било поволно за развој на науката, потценување на „големата мајка на науките“ (природната филозофија), непостоењето луѓе кои целосно би се посветиле на изучувањето на природната филозофија, погрешно одредување на целта на науката, погрешниот метод во научното истражување, бесмислено покорување пред авторитетот на „старите“, самозадоволство од постигнатите резултати, вечниот противник на природната филозофија („празноверието и слепиот и неумерен религиозен жар“), постоечките школи, академии и другите научни и педагошки друштва и институции, кои го убиваат секое самостојно и неконтролирано мислење, слабото наградување на научната дејност, скептицизмот и губењето на вербата во човековата спознајна можност итн.