Грбашел или Грбасел (, Кастаниес, до 1927 Γκερμπασέλ, Гербасел)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Καστανιές — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 9 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 80 метри.

Грбашел опфаќа површина од 34 квадратни километри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Грбашел се состоело од 50 семејства и 230 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Грбашел имало 150 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 224 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 20 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Кастаниес.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 572 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 779 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 760 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 705 жители, во 1971 година имало 617 жители, во 1981 година имало 599 жители, додека во 1991 година имало 617 жители. Денеска, населението на селото е 595 жители според пописот од 2001 година.

Личности Родени во Грбашел Георги Христов (1881 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 763. Кирил Христов Грбешелов (1890/1891 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 191. Миле Танев (1890 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 689. Христо ТанчевБългарската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 641.

Наводи

Категорија:Кукуш