Ланџа или Лимни (; до 1928 г. Λάντζα, Ланѕа) — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, ГрцијаKallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Лимни бил дел од општина Маслар. Денеска е дел од општина Скепасто.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на 24 километри западно од Ставрос и 71 километри источно од Солун, во североисточниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа во јужното подножје на Богданска Планина (Кердилија), на северниот дел на денес исушеното Ланџанско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 380 метри.

Во селото се наоѓа црквата посветена на „Св. Константин и Елена“, изградена во 1952 г.

Историја

Во XIX век Ланџа било муслиманско село кое се наоѓало во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 90 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170..

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Понд, додека муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови. .

Во 1928 година селото било преименувано во Лимни, или во превод „Езеро“Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 24 семејства и со 79 жители., додека во 1940 година селото броело 226 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 261 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 340 жители, во 1971 година имало 277 жители, во 1981 година имало 235 жители, додека во 1991 година имало 202 жители а во 2001 имало 256 жители. Денеска, населението на селото е 232 жители според пописот од 2011 година.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Бешик

Категорија:Бешик