Кочана (, Переја, до 1927 г. Κότσανα, КоцанаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κότσανα - Περαία) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 309 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа јужно од гратчето Острово, крај југоисточниот брег на Островското Езеро, на надморска височина од 640 м. Атарот зафаќа површина од , од кој поголемиот дел се простира на северозападниот дел од планината Каракамен.

Историја Османлиско време Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Кочено како македонсконарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика село.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.

На почетокот на XX век Кочана било се ло во Кајларската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Кочане (Коченъ) живееле 1.500 Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 271

Припојување кон Грција Со Букурешкиот договор во 1913 г. Кочана е припоено кон грчката држава, кога имало 1.409 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го води селото со 350 турски куќи. Во 1924 г. населението, како турско, е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Мала Азија. Во 1927 г. селото е преименувано во Переја. Според Симовски, во 1928 г. селото имало 986 жители, но официјалната грчка статистика за таа година дава 588 жители (136 семејства).

Во селото има етнографски музеј.Δήμος Βεγορίτιδας. Ιστορικά & Θρησκευτικά Μνημεία

Население Намалувањето на населението низ децениите се должи на иселувањето на жителите, претежно во Кајлари.

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кочана, во кое е единственото населено место.

Стопанство Главно занимање на населението е производството на жито, тутун и леќа, а делумно се развиени лозарството и сточарството.

Наводи

Категорија:Воден